Лични финансии
Неколку вистини за парите и инвестирањето што треба да ги знаете

Многумина од нас се надеваат дека ќе станат многу богати. Повеќето сакаат да постигнат одредено ниво на финансиска слобода и мир, без да стравуваат од помислата дека ќе немаат да ги платат сопствените сметки. Но, за постигнување на тоа ниво, исто така, е потребно одредено ниво на финансиско знаење кое многумина немаат, велат експертите.
Финансиското незнаење е најголемиот проблем со кој се соочуваат граѓаните. За жал, во училиште не се учи за основите на управување со парите, ниту пак за најефикасните начини на инвестирање, а повеќето бесплатни совети со кои се среќаваат на интернет доведуваат до збунетост кај луѓето, наместо да им бидат од корист.
Токму ова е причината зошто повеќето луѓе сè уште не можат да поминат основни тестови за финансиска писменост.
Доколку сакате да ја обезбедите својата финансиска иднина или да се збогатите, постојат неколку вистини за парите и инвестициите кои што вреди да ги знаете.
Ако сакате да се збогатате, работете за себе
Ако погледнете која било листа на најбогати луѓе, освен оние кои стекнале богатство преку наследство, повеќето богати луѓе се претприемачи. Можете да работите за некој друг, но никогаш нема да бидете повеќе платени од личноста која одлучува колку вредите. Ако започнете сопствен бизнис, единствениот лимит на приход сте вие самите. И не мора да се откажете за да започнете свој бизнис, но можете да започнете свој бизнис како дополнителна работа од онаа која што ја работите постојано. На овој начин, вие го намалувате ризикот сè додека не тргне бизнисот, а кога ќе тргне, тогаш слободно можете да го напуштите работното место.
Фокусирајте се на заштедите
Иако можеби изгледа интересно да се размислува различно, повеќето од нас речиси и да немаат никаква контрола врз тоа колку нашите инвестиции вредат и колку од вложеното ќе ни се врати. Можеби секојдневно ги следиме движењата на берзата, акциите или фондовите во кои сме инвестирале, ги знаеме сите депозити кои ги нудат банките, но не се разликуваме многу од оние кои тоа воопшто не го прават. Може да се контролира само количината на пари што ги заштедуваме или инвестираме. Повеќе заштедени пари, значи и повеќе пари за инвестиции и поголеми приноси. Покрај тоа, поголемите инвеститори добиваат поповолни услови за инвестирање, пониски провизии и трошоци. Разликата од еден процент на годишно ниво на 20.000 и 200.000 е огромна.
Да заштедите значи да пронајдете начин да потрошите помалку, но во исто време, да пронајдете начин да заработите што е можно повеќе.
Позајмете само кога тоа навистина ви е неопходно
Клучот за повеќето финансиски одлуки е да се одделат желбите од потребите. Логична одлука е да подигнете кредит за купување на нов дом, додека е во согласност со она што можете да си го дозволите. Но, доколку сакате да купите автомобил, мотор или брод, а за тоа да мора да подигнете кредит, тоа задоволство може да биде многу скапо. Меѓутоа, ако купувањето на бродот или автомобилот се со намена за изнајмување или доколку работите со нив и притоа остварувате приходи, тогаш тоа се смета за инвестиција.
Кога размислувате на тој начин, вие почнувате да дејствувате економично.
Најдобрата инвестиција е инвестирање во себе
Ако сакате сигурен поврат на инвестицијата, вложете во себе, подобрете ги своите вештини, зајакнете ја вашата мрежа, зајакнете ја вашата експертиза, вашиот талент и искуство. На долг рок, тоа е убедливо најдобрата инвестиција од сите и единствената чии резултати можете речиси во целост да ги контролирате. Исто така, тоа е единствената инвестиција која може да ви помогне да живеете исполнет живот.
Лични финансии
Четири чекори кои водат до стабилни лични финансии

Четирите чекори кои водат до стабилни лични финансии можеби изгледаат како „чекор од седум милји“, но во реалноста не е толку тешко да се постигнат. (more…)
Лични финансии
Десет навики на луѓето со најголема самодоверба

Ko-oсновачот на компанијата Sky Bell, Ендрју Томас, ги сподели своите искуства и размислувања за кои верува дека луѓето кои сакаат да градат доверба е потребно да ги имаат. (more…)
Лични финансии
Како најдобро да ги користите платежните картички додека сте на одмор?

Човек на одмор може целосно да се опушти, а таа ситуација лесно може да доведе до заборавање на провизиите и каматите за плаќање со кредитни картички. За платежните картички да не ви прават главоболки понатаму, прочитајте ги следниве корисни совети како најдобро да ги користите додека сте на одмор. (more…)
- Анализипред 2 weeks
8 МАРТ АНАЛИЗА: Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Анализипред 2 months
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Интервјуапред 2 months
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Интервјуапред 2 months
Очекувања 2023 година | Д-Р БИЛАЛ СУЏУБАШИ, ХАЛКБАНК АД СКОПЈЕ
- Банкипред 1 week
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка