Connect with us

Останато

Независните синдикати МАКАМТРАНС и НСГРИТГ загрижени за состојбата на пензискиот фонд

Објавено

на

Независните синдикати на камионски транспортери МАКАМТРАНС и на градежни работници, инженери и трговци во градежништвото НСГРИТГ изразуваат загриженост за состојбата на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на РМ, кој, како што тврдат, до 2020 година нема да може да покрива ниту 15% од побарувањата на пензионерите.

Фондот на ПИОМ го празнат погрешните социоекономски стратегии на претходниот владин состав со спроведувањето на наводно „добрите препораки“ на Светската банка и на ММФ, и со чии што економски нелогични инвестици, го оштетија за огромни финансиски средства“, изјави денеска Страшо Јованов, претседател на МАКАМТРАНС.

Сметаат дека решение за состојбите во ПИОМ може да понуди координативно  тело за унапредување на правата од работниот однос на чие формирање инсистираат подолго време, но од ресорното Министерство, како што рече Јованов, им рекле дека нема законска основа.

Коалицијата со работниците што ја најави премиерот Зоран Заев, посочи,  препорачуваме да почне со формирање на предложеното координативо тело.

Според Атанас Трајковски, претавник на НСГРИТ, со формирањето на координативното  тело ќе се решат многу работи во однос на состојбата на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и генерално ќе се работи на подобрување на правата на работниците.

Со вакви услови за работниците младите нема да останат.  Ќе останеме земја на пензионери, но која ќе нема да им исплаќа пензија“, рече Трајковски.

Останато

Дали е ова најдоброто CV кое сте го виделе?

Објавено

на

Пејџ решила да аплицира за работата која ја сака, но бидејќи креирањето кратка биографија и мотивациско писмо знаат да бидат досадни, таа решила на креативен начин да ги прикаже своите квалитети. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Коста Митровски е нов претседател на новоформираната Македонската банкарска асоцијација

Објавено

на

На 20 април 2018 година во Скопје се одржа Основачко собрание на Здружение за остварување на заеднички интереси на банките и унапредување на нивното работење, Македонската банкарска асоцијација. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Владимир Косијер е нов генерален директор на Пивара Скопје

Објавено

на

Од 1 мај 2018-та функцијата генерален директор на Пивара Скопје ќе ја извршува Владимир Косијер. Тој на оваа позиција доаѓа на местото на Јован Радосављевиќ, кој со оваа редовна организациска промена е унапреден на позицијата генерален директор на операциите на Coca-Cola HBC во Романија. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange