Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Форекс

Недела на Funderbeam во Македонска берза

Објавено

на

Македонската берза во рамките на настанот „Недела на Funderbeam“ организира отворени денови за подетално запознавање со crowdfunding платформата Funderbeam.

Преку воспоставената соработка помеѓу Funderbeam SEE и Maкедонска берза оваа crowdfunding платформа, преку која се поврзуваат компаниите кои сакаат да приберат финансиски средства и инвеститорите кои бараат можности за вложување во компаниите во ран развој, стана полесно достапна и на македонскиот пазар. Потенцијални корисници на оваа платформа во делот на македонските компании се исклучиво правните лица кои не се основани како акционерски друштва. Со оглед на големата важност на прашањето на развојот на малите и средни претпријатија, активностите на Берзата во овој домен добија официјална поддршка и од УСАИД Македонија, во рамки на активностите на Проектот за развој на деловниот екосистем.

Во период од 01.07. (понеделник) до 05.07. (петок) со закажување на состанок во просториите на Берзата ќе имате можност:

  • Да дознаете што е Funderbeam,
  • Да се запознаете со начинот на функционирање на платформата Funderbeam,
  • Да ги дознаете можностите кои ги нуди платформата за инвеститорите и компаниите

Вашиот интерес за посета Ве молиме да го потврдите кај Каролина Каровска Божиноска на тел. 02 3122 055 или преку електронската пошта karolina@mse.org.mk

 

Форекс

Банкарските акции најтргувани на берза

Објавено

на

На последниот ден за тргување на македонската берза најтргувани беа акциите на ТТК Банка АД Скопје, кои забележаа раст од 2,95 проценти, пред акциите на Тетекс АД Тетово кои забележаа раст од 2,17%. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Акциите на Алкалоид и на РЖ Техничка Контрола најинтересни за инвеститорите

Објавено

на

На последниот ден за тргување на македонската берза најтргувани беа акциите на РЖ Техничка Контрола АД Скопје, кои забележаа раст од високи 9,60 проценти, пред акциите на Алкалоид АД Скопје кои забележаа раст од 0,27%. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Акциите на ТТК Банка најтргувани на берзата

Објавено

на

На последниот ден за тргување на македонската берза најтргувани беа акциите на ТТК Банка АД Скопје, кои забележаа раст од 3,34 проценти, пред акциите на Македонијатурист АД Скопје кои забележаа раст од 0,93%. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange