Connect with us

Лични финансии

НЕДЕЛА НА ШТЕДЕЊЕ: „Kakeibo“ – јапонски метод за штедење пари

Објавено

на

Kakeibo техниката не е нова – осмислена е уште во 1904 година, а се што ви е потребно е пенкало, лист и многу дисциплина.

Совет – чувајте за црни денови, тоа е она што секогаш го слушаме, но ретко кој може да ни каже како од зборови да преминеме на дела.

Азија е единствен континент на кој повеќе од половина луѓе имаат желба да остават пари на страна – во Јужна Америка такви луѓе има само 30%, покажала студијата на Институтот Нилсен. Азискиот модел на штедење кој станал хит меѓу луѓето на Западот се вика kakeibo. Оваа јапонска техника е стара 115 години и побарува дисциплина, тетратка и пенкало. Корисниците кажуваат дека на овој начин можете да сочувате и до 35% приход.

Од каде потекнува идејата

Јапонскиот збор kakeibo – значи „книга за сметки од домаќинството“. Авторката на книгата Кakeibo: Јапонската уметност на правење буџет и чување на парите, Фумико Чиба, кажува дека техниката датира уште од 1904 година. Таа вели дека тој метод го направил Хани Мотоко – првата јапонска новинарка. Таа сакала да смисли начин на кој ќе им овозможи на жените подобро да управуваат со фамилијарниот буџет.

Во тоа време, на жените  не им било дозволено да работат надвор од домот, така што тоа што ќе остане од платата на мажот биле единствени пари со кои располагале, откога ќе ги исплатат сите сметки. „Јапонија е традиционално друштво во различни сегменти, но, kakeibo е пример за либерален однос према жените”, пишува Чиба. „Им се дава можност да одлучат за финансиите„  додава тој. Дури и во ова време кога постојат различни методи и апликации кои им помагаат на луѓето да штедат, во Јапонија оваа книга и понатаму многу се продава.

Метод

Kakeibo може да биде малку напорен на почетокот, но во тоа е клучот за успех, наведува Чиба.

Прво, потребно е да запишете дневни иили неделни приходи и расходи по различни категории – плата, клучни трошоци (кирија, гориво, храна и лекови), трошоци за годишен одмор и некои дополнителни издатоци кои ги имаме. Потоа направете категорија која ја посакувате – некои луѓе и трошоците за храна ги делат на неколку категории – и обојте ги различно за да би добиле визуелизација.

На крајот на месецот едноставно одземете ги расходите од приходите. Но, ни тука не е крајот, kakeibo не само што ви помага да ги контролирате трошоците, дури и ве учи како да ги подобрите финансиите.

Лични финансии

Неколку совети за заштеда на пари

Објавено

на

Со штедењето на пари може да се изгради мало богатство кое ќе биде од голема помош во иднина. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Портфолио менаџерите во Генерали Инвестментс со коментар за тековните случувања кои влијаат врз пазарот на капитал

Објавено

на

Портфолио менаџерите во Генерали Инвестментс составија резиме за тековните случувања кои влијаат врз пазарот на капитал и актуелни совети за инвеститорите. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Бизнис бар: Во умот на успешните бизнисмени

Објавено

на

Секој од нас се стреми кон успех, но некои цели потешко се постигнуваат од други. Доколку сте сопственик на бизнис, тогаш знаете дека ова е комплексно поле, полно со неочекувани пресврти и безброј предизвици. Природно е првиот инстинкт да ни биде да пробаме сами да ги решиме проблемите, но нашето его понекогаш може повеќе да ни наштети отколку што ќе ни помогне. (more…)

Продолжи со читање

Популарно