Connect with us

Анализи

НЕДЕЛА НА ШТЕДЕЊЕ: „Удриле“ ли Македонците на штедење, за колку пораснале депозитите?

Објавено

на

Штедењето на средства во домашните банки и натаму е еден од претпочитаните методи на македонските граѓани, како и на компаниите, без оглед што каматите на штедните влогови се доста ниски со цел да се мотивираат различни методи на инвестирање на паричната маса. Според податоците на НБРМ вкупните депозити за годинава се зголемени за дури 10,1%. Раст има и кај депозитите на населението, но и кај корпоративното штедење, со тоа што повеќе депозити имало кај физичките лица кои очигледно не ги „чуваат“ парите под перница, туку на штедна книшка.

Гледано според податоците за септември вложени се 394,472 милиони денари, од кои како што споменавме „грото“ се депонирани од домаќинствата, односно вкупно 262,458 милиони денари. Компаниите во вкупните депозити до септември годинава учествуваат со 104,178 милиони денари. Тоа значи дека и потенцијалната кредитна маса на комерцијалните банки претежно доаѓа од депозитите на самите граѓани. На месечна основа состојбата со депозитите во септември споредено со истиот месец лани изнесува 0,2% и бележи мал пад како резултат на намалување на депозитите од корпоративниот сектор за 1%.

Вкупната парична маса во која влегуваат парите во оптег, депозитните пари, краткорочните и долгорочните депозити, во септември годинава изнесува 438,662 милиони денари и има годишен раст од 9,9%, додека пак месечниот раст е минимален со 0,1%.

Вкупните кредити, на годишна основа се зголемени за 6,4%, во поголем дел поради зголеменото кредитирање на секторот „домаќинства“. Доколку се исклучи ефектот на извршените отписи на сомнителни и спорни побарувања под влијание на регулаторните промени, годишниот кредитен раст изнесува 7,1%.

Во септември 2019 година, вкупните депозити на корпоративниот сектор се намалија на месечно ниво за 1,0% пред сѐ поради намалените депозити во странска валута (краткорочни и долгорочни). Овој ефект делумно е неутрализиран преку растот на депозитните пари и во помала мерка и преку долгорочните депозити во денари. Годишниот раст на депозитите од 11,1% е резултат на зголемувањето на сите категории, со најголем придонес на депозитните пари и краткорочните депозити во странска валута.

Според податоците на НБРСМ банките и штедилниците, во септември им одобриле кредити на домаќинствата коишто се повисоки за 0,8% и 9,5%, на месечно и годишно ниво, соодветно. На месечно ниво, кредитирањето на домаќинствата во странска валута е поголемо од кредитирањето во домашна валута, додека на годишно ниво придонесот е во обратна насока, односно кредитирањето во денари е поголемо, во однос на кредитирањето во странска валута. Со исклучување на ефектот од извршените отписи на сомнителните и спорните побарувања, согласно со одлуката на Народната банка, годишниот кредитен раст кај домаќинствата во септември изнесува 10,3%.

Во септември, од аспект на намената на кредитите одобрени на физичките лица, кај потрошувачките и станбените кредити, како најзастапени категории, е забележан месечен раст од 1,0% и 0,6%, соодветно, како и годишен раст од 12,8% и 11,9%, соодветно. Автомобилските кредити, овој месец, оствариле месечен пад од 1,4%, додека на годишно ниво се повисоки за 4,8%. Кредитите одобрени на кредитни картички бележат надолна месечна и годишна промена од 0,5% и 2,3%, соодветно, додека, негативните салда на тековните сметки оствариле месечно и годишно зголемување од 2,1% и 2,3%, соодветно. Кај кредитите одобрени врз други основи е евидентиран месечен раст од 1,0%, како и годишен пад од 8,2%, информира НБРСМ.

Основната каматна стапка на Народна банка за денарски депозити беа валутна клаузула за 2019 година се движеше од 1,89 до 1,95%.

Анализи

Генерали Инвестментс: Диверзификација на портфолиото е чекор кон вистинската насока

Објавено

на

Портфолио менаџерите во Генерали Инвестментс составија резиме за тековните случувања кои влијаат врз пазарот на капитал и актуелни совети за инвеститорите. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Јавен повик за учество на Собрание на акционери на Капитал Банка АД Скопје

Објавено

на

Врз основа на член 56 од Стаутот на КАПИТАЛ БАНКА АД Скопје, Надзорниот одбор на Банката го објавува следниот

ЈАВЕН ПОВИК
ДО АКЦИОНЕРИТЕ НА КАПИТАЛ БАНКА АД Скопје (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Кои се петте компании со најголеми добивки во првите три месеци од 2020 година – Од топ 5, три се банки

Објавено

на

Македонскиот приватен сектор имаше нешто послаб прв квартал од тековната година со помала добивка споредено со истиот период минатата година. Според податоците на котираните друштва на Македонска берза во топ 5 компании со најголеми добивки заклучно со 31 март 2020 година три се банки, од кои две се наоѓаат во топ три. (more…)

Продолжи со читање

Популарно