Connect with us

Депозити

НЕДЕЛА НА ШТЕДЕЊЕ: Со овие 5 совети ќе ги подобрите навиките на штедење

Објавено

на

За да имате посигурна финансиска иднина неопходно е да направите план за штедење и паметно управување со вашите финансии без оглед колку изнесуваат вашите редовни и вонредни приходи. Штедењето ќе ви овозможи на долг рок да располагате со повеќе средства кои може да ги искористите за инвестирање или пак за непредвидени ситуации. Финансиските експерти предложуваат неколку едноставни совети кои треба да ги применувате за подобрување на финансиската кондиција.

Автоматизирајте ги заштедите

Секогаш пред да донесете одлука да издвоите дел од средствата за заштеди помислувате на работите кои ви се потребни сега и од што се ќе треба да се откажете или жртвувате за да имате повеќе во иднина. Затоа направете конкретен план колкава сума може да издвојувате на месечно ниво или во редовни временски интервали. На тој начин штом еднаш веќе воспоставите шема на издвојување на средства нема повторно да поминувате низ истиот процес на пресметки и носење одлуки, туку само вашата штедна сметка ќе се надополнува на редовна основа.

Вложувајте во штедни влогови со повисоки камати

Пред да одберете финансиски производ за штедење направете добро истражување на понудата на банките и штедилниците за тоа кој нуди најповолни услови за штедење со највисоки каматни стапки. Износот на каматната стапка зависи од самиот вид на депозит или влог, од валутата и рочноста, па така може да одберете производ кој ќе ве увери дека заштедите ќе ви носат поголеми каматни приноси. Информираноста е најдоброто решение за носење на секоја одлука, а ви стојат на располагање бројни извори како специјализирани страни и алатки за пресметка на камати на штедење.

Не купувајте и трошете импулсивно

Директните реклами на социјалните мрежи со „ексклузивни“ понуди како и „терапевтските“ шопинг сесии се најлесниот начин да купувате и трошите импулсивно, најчесто за производи кои не ви се најпотребни во моментот, но привремено ќе ве надополнат со допамин. Затоа обидете се да бидете порационално во начинот на кој ги трошите парите, без оглед дали е тоа за нова облека, скапи чевли или пак најновиот технолошки гаџет кој мора да имате. Токму тие суми може да ги искористите за штедење и вложување со што подоцна ќе имате многу подобра состојба во семејниот или личниот буџет, а истовремено ќе станете подисциплинирани „трошачи“.

Исплатете го долгот со високи камати

Доколку сте „заглавени“ со висок долг од кредитни картички со скапи камати најдобро е да направите напори за еднократна исплата на средствата. Доколку издвојувате средства само за месечната рата, многу тешко ќе го елиминирате основниот долг. Тоа значи дека одреден период, месец или неколку ќе треба да издвоите висок процент од примањата за да го покриете долгот за минусот на кредитната картичка, но потоа ќе биде ослободени од редовните рати и камати, па парите кои ќе ви бидат на располагање ќе може да ги искористите за нов кредит со пониска камата или за други видови на вложување.

Користете купони и картички за лојалност

Можеби звучи наивно но, купоните со попусти и картичките за лојалност нудат добра шанса за заштеда на пари за купување на конкретни добра и постепено да допринесат во мали заштеди на вашата сметка. Картичките за лојалност на брендовите во услови на голема компетитивност на пазарот нудат се повеќе бенефиции за корисниците, особено тоа може да се види кај ланците на супер маркети, но и кај банките кои нудат бонус за користење на електронските платежни картички за намалување на плаќањето во кеш.

Депозити

Швајцарските клиенти почнаа да ги повлекуваат своите депозити од банките

Објавено

на

Една од главните активности на банките е да приберат што поголем број на депозити од нивните клиенти. Сепак, швајцарските приватни банкари се жалат дека некои нивни клиенти повлекле голем дел од своите пари од банките за да ги чуваат безбедни, и покрај фактот дека оваа земја има репутација како најбезбедно и најсигурно место во светот за складирање пари за богатите инвеститори., пренесува CNN. (more…)

Продолжи со читање

Депозити

Данскиот експеримент дава резултати – „Заштедувате, но истовремено и инвестирате“

Објавено

на

Најновата анкета меѓу банките во Данска покажува дека до 1 јануари 2020 година во оваа земја се отворени нешто повеќе од 50.000 инвестициски штедни книшки. (more…)

Продолжи со читање

Депозити

НЛБ Банка ги намали каматните стапки на депозитите за физички лица

Објавено

на

НЛБ Банка ги намали каматните стапки на депозитите за физички лица во МКД и ЕУР од 0,01 до 0,52 процентен поен. Новите каматни стапки се со важност од 15.1.2020 година. (more…)

Продолжи со читање

Популарно