Connect with us

Форекс

НЕДЕЛА НА ХВ: Според Ворен Бафет сега е вистинско време евтино да се купат акции

Објавено

на

Извршниот директор на „Berkshire Hathaway“, Ворен Бафет денес изјави дека ова може да биде вистинско време да се купат акции по пониска цена.

Бафет во интервју за „CNBC” истакна дека долгорочните перспективи за бизнисот не се променети и им предложил на инвеститорите кога купуваат акции да размислуваат долгорочно.

Покрај тоа, Бафет посочил дека инвеститорите не би требало да ги следат дневните вести кога донесуваат одлука во врска со тргувувањето на берзи.

Иако денес акциите на светските берзи нагло паднаа, на пример, „Dow Jones” изгуби повеќе од 800 поени на отворањето, Бафет изјави: „Тоа е добро за нас. Ние сме нето купувач на акции, догорочно гледано“.

„Повеќето луѓе чуваат акции, а би требало да сакаат пазарот да ослабне. Би требало да сакаат да купат по пониска цена“, додаде тој.

Да ве потсетиме, пазарите ширум светот минатата недела завршија во состојба на растечка паника. Не е тешко да се најде причината: коронавирусот продолжува да се шири, а има индиции дека некои од најголемите светски економии би можеле да паднат во рецесија, кога ефектите од појавата на вирусот се мешаат со некои нивни слабости од порано.

Цената на златото продолжи да расте денес, достигнувајќи нова историска највисока вредност во евра, фунти, швајцарски франци и јени.

Распространетоста на коронавирусот надвор од Кина предизвика неизвесност кај инвеститорите на глобалните пазари, во исто време туркајќи ја најниската вредност на акциите и цената на нафтата.

Форекс

Доларот во слободен пад, ослабе и во однос на еврото

Објавено

на

На девизните пазари, вредноста на доларот во однос на кошницата со валути падна на најниско ниво од април 2018 година, бидејќи се очекуваат нови стимулативни мерки во американската економија и затоа што инвеститорите се склони кон поризични инвестиции. Така, индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на Американецот во однос на другите шест најважни светски валути, утрово се движи околу 91,30 поени, додека вчера во ова време тој беше 91,80 поени. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Македонска берза се приклучи во одбележувањето на Деновите на финансиска писменост

Објавено

на

Од 24 до 26 ноември годинава ќе се одржи четвртото издание на Деновите на финансиската писменост кое оваа година заради пандемијата ќе биде одбележано со бројни е-активности. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Вредноста на биткоинот ја премина границата од 18.000 американски долари

Објавено

на

Според порталот „CoinMarketCap“, кој ја пресметува просечната вредност на повеќе од 20 берзи, во 6:14 часот по средноевропско време, битконот пораснал за 9,78 проценти на 18.223 американски долари, додека најголемата берза за криптовалути „Binans“ ја зголеми вредноста за 9,95 проценти, на 18.328 американски долари. (more…)

Продолжи со читање

Популарно