Форекс
НЕДЕЛА НА ХВ: Основни информации за Централниот депозитар за хартии од вредност


Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје е компанија која речиси две децении претставува еден од институционалните столбови на пазарот на хартии од вредност во Република Северна Македонија и дава континуиран придонес за стабилноста и за развојот на оваа индустрија.
Како правен субјект, Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје е основан на 10.10.2001 година, од 10 брокерски друштва, 14 банки и една осигурителна компанија. Согласно Законот за хартии од вредност за вршење на своите функции Депозитарот доби Одобрение за основање и работа од страна на Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија бр.07-943/3 од 24.10.2001 година. До основањето на Депозитарот, хартиите од вредност издадени во Република Северна Македонија се водеа во хартиена форма, што за издавачите, берзата, брокерите и сопствениците значеше процес на комплицирано издавање, тргување и евиденција на сопственоста над хартиите од вредност.
По основањето на Депозитарот, при крајот на ноември 2001 година, почна процесот на дематеријализација, односно конвертирање на хартиите од вредност од материјална во електронска форма, со што Депозитарот ја доби улогата на централна база на податоци преку која на имателите на хартии од вредност, инвеститорите, надлежните институции и другите засегнати субјекти, на брз и едноставен начин им е обезбеден пристап до неопходните податоци. Со дематеријализацијата на хартиите од вредност, базата на податоци на ЦДХВ е единствената валидна база од која се добиваат податоци за сопственоста на хартиите од вредност и сите други ограничувања во врска со хартиите од вредност. Процесот на дематеријализацијата и централизираниот пристап за евиденција на сите хартии од вредност во Република Северна Македонија ја зголеми заштитата на правата на инвеститорите и ја подобри довербата во македонскиот пазар на капитал.
Депозитарот функционира како акционерско друштво во 100% приватна сопственост. Согласно со Законот за хартии од вредност, акционери на Депозитарот може да бидат единствено банки, брокерски куќи, осигурителни друштва или друштва за управување со фондови.
Форекс
Руската рубља ќе стане официјална валута во дел од украинските градови


Градот Херсон во јужниот дел на Украина, за кој Русија тврди дека е под нејзина контрола, ќе премине кон користење на рубљата од 1-ви мај, објавија руски државни медиуми. (more…)
Форекс
Доларот опасно му се приближува на еврото!


Еврото утринава падна на најниско ниво во последните пет години од 1,05890 долари, откако руски „Газпром” соопшти дека ќе го прекине снабдувањето со гас за Полска и Бугарија. Падот под 1,06 долари за прв пат по пет години во однос на генерално силниот американски долар доаѓа поради зголемената загриженост околу енергетската безбедност и забавувањето на растот во Кина и Европа. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 2 months
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Кредитипред 3 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 2 months
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје