Connect with us

Форекс

НЕДЕЛА НА ХВ: Основни функции за Централниот депозитар за хартии од вредност

Објавено

на

Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје е компанија која речиси две децении претставува еден од институционалните столбови на пазарот на хартии од вредност во Република Северна Македонија и дава континуиран придонес за стабилноста и за развојот на оваа индустрија. 

Депозитарот функционира како акционерско друштво во 100% приватна сопственост. Согласно со Законот за хартии од вредност, акционери на Депозитарот може да бидат единствено банки, брокерски куќи, осигурителни друштва или друштва за управување со фондови.

 Функции на Депозитарот согласно со Законот за хартии од вредност се:

  • регистрирање на издавањето и преносот на хартиите од вредност во Република Северна Македонија во форма на електронски запис (водење регистар на хартии од вредност);
  • давање меѓународен број за идентификација на хартиите од вредност (ИСИН) за сите емисии на хартии од вредност;
  • запишување на сопствениците на хартии од вредност;
  • порамнување на трговските трансакции според принципот „испорака наспроти плаќање“;
  • вршење на нетрговските преноси (спроведување на договори за подарок, наследство, други судски одлуки и слично);
  • овозможување услови за позајмување на хартиите од вредност;
  • следење на финансиската состојба на неговите членки со цел управување со ризикот поврзан со можно непорамнување на трговските трансакции и
  • вршење дополнителни услуги за издавачите на хартии од вредност.

Воедно, Централниот депозитар дејствува како саморегулирачка организација согласно со закон и донесува правила што се задолжителни за неговите членки. Членки на Депозитарот може да бидат брокерски куќи, банка или подружница на странска брокерска куќа со дозвола за работа од КХВ. Депозитарот носи Правила за однесување и дисциплина со кои поблиску се уредува спроведувањето на актите на Депозитарот од неговите членки. Правилата за однесување и дисциплина им даваат овластување на органите на Депозитарот да преземаат мерки и/или привремено или постојано да го укинат правото на членката на Депозитарот да учествува во работењето ако членката не ја почитува регулативата или не ги исполнува обврските што произлегуваат од извршените трансакции со хартии од вредност.

Мисијата на Депозитарот е преку постојано унапредување на услугите што им ги нуди на своите целни групи корисници, да обезбеди:

  • стабилност: беспрекорни, сигурни и ефикасни услуги што ќе го поддржат и поттикнат пристапувањето на домашните и странските инвеститори на македонскиот пазар на хартии од вредност;
  • недискриминација: еднаков третман на сите групи учесници во работата на Депозитарот;
  • иновативност: применување нови методи, техники и начини во работењето имајќи цел зголемување на квалитетот во работењето и приближување на услугите на депозитарот кон потребите на потрошувачите;
  • високи стандарди во работењето: прифаќање и применување меѓународно прифатени стандарди и практики во делот на посттрговските активности со хартии од вредност;
  • развој на пазарот на хартии од вредност: преземање активности во насока на развој на пазарот на хартии од вредност, и тоа како индивидуални активности на Депозитарот, така и активности во соработка со други институции и тела;
  • сигурност: континуирано градење на системи за управување со ризици;
  • институционално етаблирање: развој на меѓународната соработка и зголемување на визибилноста на Депозитарот, како во национални рамки, така и на регионалното и меѓународното ниво.

Форекс

Руската рубља ќе стане официјална валута во дел од украинските градови

Објавено

на

Градот Херсон во јужниот дел на Украина, за кој Русија тврди дека е под нејзина контрола, ќе премине кон користење на рубљата од 1-ви мај, објавија руски државни медиуми. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Доларот опасно му се приближува на еврото!

Објавено

на

Еврото утринава падна на најниско ниво во последните пет години од 1,05890 долари, откако руски „Газпром” соопшти дека ќе го прекине снабдувањето со гас за Полска и Бугарија. Падот под 1,06 долари за прв пат по пет години во однос на генерално силниот американски долар доаѓа поради зголемената загриженост околу енергетската безбедност и забавувањето на растот во Кина и Европа. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Злато има, но нема кој да го купи!?

Објавено

на

Започнувањето на конфликтот помеѓу Русија и Украина предизвика висок пораст на цената на нафтата, но покрај нафтата, висок пораст бележи и најблагородниот метал – златото. (more…)

Продолжи со читање


Популарно