Connect with us

Форекс

НЕДЕЛА НА ХВ: Ви ја претставуваме Дирекцијата за услуги со хартии од вредност на Еуростандард банка

Објавено

на

Еуростандард банка е една од банките во нашата земја која посредува при купување и продавање на хартии од вредност на македонската берза. Тргувањето со хартии од вредност се одвива секој работен ден од 09:00 до 13:00 часот.

На веб страната на банката, можат да се најдат одговори на основните прашања поврзани со тргувањето со хартии од вредност:

Зошто да инвестирате во хартии од вредност?

– Можност за заработка, можност за диверзификација на ризик од инвестирање, ниски каматни стапки на банкарски депозити

Како да инвестирате во хартии од вредност?

– Со еднократно склучување на Договор, веќе можете да доставувате налози за продавање и купување на хартии од вредност.

Зошто треба да им верувате на нашите брокери?

– Искуство еднакво на постоењето на Македонската берза, ефикасно и брзо реализирање на Вашите налози, редовно Ве информираме за движењето на пазарот.

Едноставно

Едноставна процедура за купување или продавање на хартии од вредност директно во просториите на брокерската куќа или по факс.

Редовно информирање

За движења на цените на хартиите од вредност на пазарот, за сите објавени информации за компаниите кои котираат на Македонската берза, за сите трансакции за Ваша сметка, за тековната состојба на Вашето портфолио.

Советување

Ве советуваме за изборот на инвестициите, статусот на Вашето портфолио, информации за тековните цени на хартиите од вредност.

Купување

При купување на хартии од вредност, однапред се врши уплата на потребните средства за купување на хартиите од вредност вклучително со провизиите на клиентската сметка на Еуростандард Банка АД Скопје во НБРСМ со број 100000070037052, со цел на дознака: „за купување на х.в за клиент број“.

Продавање

При продажба на хартии од вредност, од вредноста на продадените хартии од вредност се одбива сумата потребна за провизиите и се врши исплата на нето вредноста на Вашата трансакциска сметка на третиот работен ден од денот на склучувањето на трансакцијата (Т+3).

ДОЗВОЛА ЗА РАБОТЕЊЕ НА БРОКЕРСКАТА КУЌА

​Решение за давање дозволата за работа на брокерска куќа бр.УП1 08-132 од 25.01.2016 година.

УСЛУГИ СО ХВ ЗА КОИ Е ДОБИЕНА ДОЗВОЛА СОГЛАСНО ЧЛ. 94 И ЧЛ. 99 ОД ЗХВ

  • купување и продавање на хартии од вредност по налог и за сметка на клиентот
  • купување и продавање на хартии од вредност во свое име и за своја сметка
  • управување со портфолио на хартии од вредност по налог и за сметка на индивидуален клиент
  • вршење на трансакциите и активностите за сметка на издавачот на хартиите од вредност потребни за успешна јавна понуда на хартии од вредност, без задолжителен откуп на непродадените хартии од вредност
  • вршење на трансакции и активности за сметка на издавачот на хартиите од вредност потребни за успешна јавна понуда на хартии од вредност, со задолжителен откуп на непродадените хартии од вредност
  • дејствување како покровител при котација
  • инвестиционо советување
  • извршување на трансакции и активности за сметка на трети лица потребни за преземање на едно акционерско друштво во согласност со Законот за преземање на акционерски друштва
  • чување на хартии од вредност што вклучува отворање и водење на сметки на хартии од вредност во свое име, а за сметка на клиенти во депозитар, отворање и водење на сметки на хартии од вредност и за своите клиенти кои не се сопственици на тие хартии од вредност, а за сметка на нивните клиенти и други услуги со хартии од вредност по налог на клиентот (исплата на достасани побарувања од издавачите врз основа на достасани хартии од вредност, камати и дивиденди за сметка на сопствениците на тие хартии од вредност, известување за собранија на акционерите и застапување на тие собранија, плаќање на даночни обврски на клиентот врз основа на хартии од вредност кои се во негова сопственост и слично)
  • прием и пренос на налози за купување и продавање на хартии од вредност на странски пазари на хартии од вредност
  • вршење дополнителни услуги за издавачите на хартии од вредност

ДИРЕКТОР:

Ѓорѓи Палевски

ОВЛАСТЕНИ БРОКЕРИ:

Ѓорѓи Палевски
Ѓоко Алексовски
Лазо Смилевски
(Даниела Баулоска е одговорно лице за вршење на услугата чување на хартии од вредност)

ОВЛАСТЕНИ ИНВЕСТИЦИОНИ СОВЕТНИЦИ:

Ѓорѓи Палевски

Форекс

Акциите на Комерцијална банка и Гранит се убедливо најтргуваните акции на Македонска берза

Објавено

на

Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.03.-31.03.2020 година вкупниот промет изнесува 2.785.792.356 денари и е енормно зголемен за 250,23% во однос на претходниот месец февруари. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Поддршка од НЕОКОМ АД за нормално функционирање на Македонската берза

Објавено

на

НЕОКОМ преку својата платформа neoCloud  заедно со Македонска берза им овозможи специјална услуга на брокерите, со која во периодот додека трае кризата со коронавирусот COVID-19, бесплатно ќе може да се приклучат од далечина и да продолжат со редовните активности на берзата, согласно препораките од надлежните институции за непречено тргување во услови на физичко дистанцирање. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Македонска берза овозможува бесплатно користење на продуктот eTrader за инвеститорите во хартии од вредност

Објавено

на

Македонска берза ја информира јавноста, а особено сите инвеститори во хартии од вредност дека продуктот за т.н. електронско тргување (eTrader), што е достапен на инвеститорите преку членките на Берзата (банките и брокерските куќи) и којшто овозможува далечински пристап за тргување со хартии од вредност на Берзата, ќе можe да се користи БЕСПЛАТНО. (more…)

Продолжи со читање

Популарно