Connect with us

Форекс

НЕДЕЛА НА ХВ: Ви ја претставуваме Дирекцијата за услуги со хартии од вредност на Комерцијална банка

Објавено

на

Комерцијална банка посветува посебно внимание во посредувањето при купопродажба на хартии од вредност на Македонската берза.

За да се спроведе тргување со хартии од вредност потребни се Лична карта и Трансакциска сметка во една од банките во Република Северна Македонија.

Врз основа на наведената документација се изработува Општ договор за соработка.

Комерцијална банка АД Скопје, како директен учесник на примарниот пазар на државни записи, им овозможува на физичките лица индиректно да учествуваат на аукциите за продажба на:

  • државни записи,
  • државни обврзници.

Од 25.4.2005 година започна да функционира секундарен Пазар на државни хартии од вредност.

За учество на аукцијата на државни хартии од вредност, еден ден пред одржување на аукцијата се доставува барање на пропишан образец до Службата за тргување во земјата на факс (02) 3218-018.

Минималниот износ за учество на аукција изнесува:

  • за државни хартии од вредност 10.000,00 денари (секое зголемување на номиналниот износ се врши во заокружени износи од 10.000,00 денари).

Заинтересираните за купување на наведените хартии од вредност, заради регулирање на правата и обврските при посредување во купување на истите, со Банката склучуваат Договор за посредување кој е составен дел на поединечните барања за купување на државни хартии од вредност.

На денот на одржување на аукцијата на државни записи, најдоцна до 10 часот, се врши уплата на дисконтираниот износ за купување на записите (номинална вредност намалена за износот на каматата), пресметан врз основа на цената утврдена од каматната стапка по која се купуваат државните записи. На денот на порамнување на аукцијата за државни обврзници, се врши уплата на пресметаниот износ за купување на обврзниците, пресметан врз основа на цената утврдена од стапката на принос по која се купуваат државните обврзници.

Банката пресметува и наплатува надоместок за извршена услуга:

  • во висина од 0.12% од номиналниот износ на секоја поединечна успешна понуда за купување на државни хартии од вредност, минимум 300,00 денари на денот на порамнување на аукцијата.

Министерство за финансии од 10.4.2007 г. воведе неконкурентни понуди како нов начин на аукцирање (само за физичките лица), што подразбира купување на ДХВ со аукцирање само со износ, а цената е еднаква на пондерирана (просечна) каматна стапка постигната на соодветната аукција.

Износот за неконкурентни понуди по аукција, Министерството за финансии го дефинира во секој Проспект за ДХВ како процент од износот на ДХВ кој е понуден за продажба на аукцијата.

Под поимот „Репо трансакции“ (склучување генерален репо Договор) се подразбира промптна продажба/купување на ДХВ со обврска за нивно повторно купување/продавање.

Напомена: се работи за „релативно нов“ пазар кој, иако е целосно покриен со регулативата, сè уште е недоволно активен. За дополнителни и стручни консултации обратете се на наведените лица за контакт, како и на деловите за државни хартии од вредност на веб страниците на Министерството за финансии и на Народната банка.

ДОЗВОЛА ЗА РАБОТЕЊЕ НА БРОКЕРСКАТА КУЌА

Решение за давање дозволата за работа на брокерска куќа бр.08-2034/5 од 16.11.2006 година, изменето со Решение бр.УП1 08-29 од 01.04.2010 година и Решение бр.УП1 08-26 од 28.03.2016 година.

УСЛУГИ СО ХВ ЗА КОИ Е ДОБИЕНА ДОЗВОЛА СОГЛАСНО ЧЛ. 94 И ЧЛ. 99 ОД ЗХВ

  • купување и продавање на хартии од вредност по налог и за сметка на клиентот
  • купување и продавање на хартии од вредност во свое име и за своја сметка
  • управување со портфолио на хартии од вредност по налог и за сметка на индивидуален клиент
  • вршење на трансакциите и активностите за сметка на издавачот на хартиите од вредност потребни за успешна јавна понуда на хартии од вредност, без задолжителен откуп на непродадените хартии од вредност
  • вршење на трансакции и активности за сметка на издавачот на хартиите од вредност потребни за успешна јавна понуда на хартии од вредност, со задолжителен откуп на непродадените хартии од вредност
  • дејствување како покровител при котација
  • инвестиционо советување
  • извршување на трансакции и активности за сметка на трети лица потребни за преземање на едно акционерско друштво во согласност со Законот за преземање на акционерски друштва
  • чување на хартии од вредност што вклучува отворање и водење на сметки на хартии од вредност во свое име, а за сметка на клиенти во депозитар, отворање и водење на сметки на хартии од вредност и за своите клиенти кои не се сопственици на тие хартии од вредност, а за сметка на нивните клиенти и други услуги со хартии од вредност по налог на клиентот (исплата на достасани побарувања од издавачите врз основа на достасани хартии од вредност, камати и дивиденди за сметка на сопствениците на тие хартии од вредност, известување за собранија на акционерите и застапување на тие собранија, плаќање на даночни обврски на клиентот врз основа на хартии од вредност кои се во негова сопственост и слично)
  • прием и пренос на налози за купување и продавање на хартии од вредност на странски пазари на хартии од вредност

ДИРЕКТОР

Михајло Брова Зиков

ОВЛАСТЕНИ БРОКЕРИ

Михајло Брова Зиков
Жарко Атанасовски
Тони Павловски
Ирена Каневче
Александар Домазетовски
Миомир Алексовски
Владимир Спасовски
(Маја Трајановска е одговорно лице за вршење на услугата чување на хартии од вредност)

ОВЛАСТЕНИ ИНВЕСТИЦИОНИ СОВЕТНИЦИ

Михајло Брова Зиков
Жарко Атанасовски
Владимир Спасовски

Форекс

Акциите на Комерцијална банка и Гранит се убедливо најтргуваните акции на Македонска берза

Објавено

на

Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.03.-31.03.2020 година вкупниот промет изнесува 2.785.792.356 денари и е енормно зголемен за 250,23% во однос на претходниот месец февруари. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Поддршка од НЕОКОМ АД за нормално функционирање на Македонската берза

Објавено

на

НЕОКОМ преку својата платформа neoCloud  заедно со Македонска берза им овозможи специјална услуга на брокерите, со која во периодот додека трае кризата со коронавирусот COVID-19, бесплатно ќе може да се приклучат од далечина и да продолжат со редовните активности на берзата, согласно препораките од надлежните институции за непречено тргување во услови на физичко дистанцирање. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Македонска берза овозможува бесплатно користење на продуктот eTrader за инвеститорите во хартии од вредност

Објавено

на

Македонска берза ја информира јавноста, а особено сите инвеститори во хартии од вредност дека продуктот за т.н. електронско тргување (eTrader), што е достапен на инвеститорите преку членките на Берзата (банките и брокерските куќи) и којшто овозможува далечински пристап за тргување со хартии од вредност на Берзата, ќе можe да се користи БЕСПЛАТНО. (more…)

Продолжи со читање

Популарно