Connect with us

Форекс

НЕДЕЛА НА ХВ: Ви ја претставуваме Дирекцијата за услуги со хартии од вредност на Шпаркасе Банка Македонија

Објавено

на

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје на своите клиенти им овозможува користење на брокерски услуги, односно пристап до хартиите од вредност на 108 домашни котирани компании, со вкупна пазарна капитализација над 2 милијарди евра.

На официјалниот пазар на Македонската берза се котирани и обврзниците на Република Македонија за денационализација. Исто така, инвеститорите може да вршат трансакции и со акциите од уште 500 акционерски друштва што се тргуваат на Слободниот пазар на Македонската берза.

Со цел да им обезбеди на своите клиенти поголема поддршка во процесот на тргувањето, Банката нуди можност за користење бесплатни информации, вклучувајќи дневен извештај за тргување од МSE и фундаментални анализи за котираните компании.

На следниот линк може да ги најдете сите хартии од вредност со кои се тргува на Македонската берза.

Е-традер

За поедноставување на процесот на тргувањето, Банката на своите клиенти им овозможува користење на апликацијата е-trader, преку која се овозможени увид во тргувањето во реално време, можност за електронско задавање налози за купопродажба, како и вршење увид и преглед на сопствените трансакции и портфолио во секое време.

Основните карактеристики на оваа апликација се:

  • високо ниво на сигурност (користење на персонален дигитален сертификат)
  • едноставно користење (пополнување налози, внес, измена, повлекување)
  • преглед на портфолио и парична состојба со моментално ажурирање
  • преглед на пазарни податоци (цена, длабочина, трансакции)
  • следење на пазарот и извршување на налозите во реално време

На следниот линк како и преку интернет – страницата на Банката можете директно да пристапите до апликацијата е-trader.

БРОКЕРСКИ УСЛУГИ НА СТРАНСКИ ПАЗАРИ

„Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје” на своите клиенти им овозможува користење на брокерски услуги за тргување со хартии од вредност на над 30 странски берзи, вклучувајќи ги најголемите светски берзи како New York Stock Exchange, NASDAQ, London Stock Exchange, NYSE Euronext – Paris, Xetra Frankfurt, Borse Frankfurt, Tokyo Stock Exchange и други. На сите овие берзи, клиентите ќе може да тргуваат со акции, обврзници и ETF.

СТАРАТЕЛСКИ УСЛУГИ НА СТРАНСКИ ПАЗАРИ

Тргувањето на странски пазари, ја наматнува потребата за чување на странските хартии од вредност во странски банки и депозитари. За таа цел, „Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје”, на своите клиенти им нуди старателски услуги преку кои хартиите од вредност кои клиентите ќе ги купат во странство ќе се чуваат преку Шпаркасе Банка кај реномирани банки – членки на Erste&Steiermärkische групацијата, што овозможува високо ниво на сигурност и безбедност на инвестициите, како и брзо и ефикасно извршување на старателските услуги.

Дополнително, преку старателските услуги, Шпаркасе Банка нуди брз и едноставен начин на порамнување на трансакциите на странските пазари, известувања за корпоративни акции на издавачите на хартии од вредност, наплата на дивиденди, камати и главници и останати услуги.

КОНТАКТ

Тел: 3200-785; 3200-710

Email: BrokerSP@sparkasse.mk Custody@sparkasse.mk

ДОЗВОЛА ЗА РАБОТЕЊЕ НА БРОКЕРСКАТА КУЌА

​Решение за давање дозвола за работа на брокерска куќа број УП1 08-72 од 21.11.2016 година.

УСЛУГИ СО ХВ ЗА КОИ Е ДОБИЕНА ДОЗВОЛА СОГЛАСНО ЧЛ. 94 И ЧЛ. 99 ОД ЗХВ

  • купување и продавање на хартии од вредност по налог и за сметка на клиентот
  • купување и продавање на хартии од вредност во свое име и за своја сметка
  • управување со портфолио на хартии од вредност по налог и за сметка на индивидуален клиент
  • вршење на трансакциите и активностите за сметка на издавачот на хартиите од вредност потребни за успешна јавна понуда на хартии од вредност, без задолжителен откуп на непродадените хартии од вредност
  • вршење на трансакции и активности за сметка на издавачот на хартиите од вредност потребни за успешна јавна понуда на хартии од вредност, со задолжителен откуп на непродадените хартии од вредност
  • дејствување како покровител при котација
  • инвестиционо советување
  • извршување на трансакции и активности за сметка на трети лица потребни за преземање на едно акционерско друштво во согласност со Законот за преземање на акционерски друштва
  • чување на хартии од вредност што вклучува отворање и водење на сметки на хартии од вредност во свое име, а за сметка на клиенти во депозитар, отворање и водење на сметки на хартии од вредност и за своите клиенти кои не се сопственици на тие хартии од вредност, а за сметка на нивните клиенти и други услуги со хартии од вредност по налог на клиентот (исплата на достасани побарувања од издавачите врз основа на достасани хартии од вредност, камати и дивиденди за сметка на сопствениците на тие хартии од вредност, известување за собранија на акционерите и застапување на тие собранија, плаќање на даночни обврски на клиентот врз основа на хартии од вредност кои се во негова сопственост и слично)
  • прием и пренос на налози за купување и продавање на хартии од вредност на странски пазари на хартии од вредност
  • вршење дополнителни услуги за издавачите на хартии од вредност

ДИРЕКТОР:

Драган Илкоски

ОВЛАСТЕНИ БРОКЕРИ:

Драган Илкоски
Миленко Ѓошевски
(Софија Ажиевска е одговорно лице за вршење на услугата чување на хартии од вредност)

ОВЛАСТЕНИ ИНВЕСТИЦИОНИ СОВЕТНИЦИ:

Драган Илкоски

Форекс

Акциите на Комерцијална банка и Гранит се убедливо најтргуваните акции на Македонска берза

Објавено

на

Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.03.-31.03.2020 година вкупниот промет изнесува 2.785.792.356 денари и е енормно зголемен за 250,23% во однос на претходниот месец февруари. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Поддршка од НЕОКОМ АД за нормално функционирање на Македонската берза

Објавено

на

НЕОКОМ преку својата платформа neoCloud  заедно со Македонска берза им овозможи специјална услуга на брокерите, со која во периодот додека трае кризата со коронавирусот COVID-19, бесплатно ќе може да се приклучат од далечина и да продолжат со редовните активности на берзата, согласно препораките од надлежните институции за непречено тргување во услови на физичко дистанцирање. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Македонска берза овозможува бесплатно користење на продуктот eTrader за инвеститорите во хартии од вредност

Објавено

на

Македонска берза ја информира јавноста, а особено сите инвеститори во хартии од вредност дека продуктот за т.н. електронско тргување (eTrader), што е достапен на инвеститорите преку членките на Берзата (банките и брокерските куќи) и којшто овозможува далечински пристап за тргување со хартии од вредност на Берзата, ќе можe да се користи БЕСПЛАТНО. (more…)

Продолжи со читање

Популарно