Connect with us

Кредити

НЕДЕЛА НА СТАНБЕНИ КРЕДИТИ: Анализа на станбениот кредит на Халкбанк

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје како дел од своето портфолио нуди наменски станбени кредити обезбедени со пакет полиса за осигурување од Халк Осигурување за физички лица, кој сега е со уште подобри услови, креирани за посткризниот период по Ковид-19.

Овој тип на кредит можете да го користите за купување на стан, купување на куќа и купување на деловен простор како и рефинансирање на вашите изложености во други банки по основ на станбен кредит. Осигурителната полиса овозможува заштита на Вашиот имот од последица на несреќен случај, сигурност во отплатата и заштита на целото семејство.

Станбениот кредит обезбеден со пакет полиса за осигурување на Халкбанк е со најниски каматни стапки на пазарот – од 3,2% фиксна за првите 10 години, и 4 процентни поени + променлива стапка на 6 месечен Еурибор за останатиот период на отплата, кој може да биде до 30 години. Дополнително, овој производ е со ниска стапка на вкупни трошоци (СВТ) од 3,25% за кредит со рок од 10 години, и е БЕЗ трошоци за проценка и БЕЗ трошоци за одобрување. Односно, стапката на вкупни трошоци (СВТ) кај овој производ е најниска во земјава, без разлика дали се работи за рок на отплата на 10, 20 или 30 години.

Со кредитот, клиентот добива и пакет полиса за осигурување наменет за осигурување на станбени кредити од Халкбанк кој претставува една целина, а ги содржи следните покритија и опфатени ризици:

  • НЕМОЖНОСТ ЗА ВРАЌАЊЕ НА КРЕДИТИ – смрт од било која причина, смрт од незгода,
  • ОСИГУРУВАЊЕ ОД НЕЗГОДА – траен инвалидитет над 30%.

Банката за станбениот кредит нуди фиксна каматна стапка за 10 години со рок на отплата до 360 месеци, без трошоци за проценка и без трошоци одобрување. Во случај на предвремена отплата на кредитот, доколку тоа се врши од сопствени средства, не се наплаќа никаков надомест. При отплата со рефинансирање со кредит од друга банка се наплатува еднократен надомест во висина од 3% од вредноста на предвремено отплатениот износ.

Анализирајќи го максималниот износ на кредит, истиот изнесува до 140.000,00 евра, a постои можност за грејс приод од 12 месеци.

Максимален рок на отплата до 360 месеци (30 години).

Трошоци за кредитот:

  • 200 мкд – проверка во Кредитно биро (надоместот се наплаќа пред исплата на кредитите и не се наплатува за одбиени и откажани барања);
  • 150 мкд – апликација за кредит;
  • Висината на трошокот на пакетот полиса за осигурување е во зависност од тарифата на Халк Осигурување АД Скопје и индивидуалните параметри на кредитокорисникот. Полисата се плаќа секоја година во времетрање на кредитот.
  • Меничен бланкет

Учество: 

Минимумот на учество изнесува 10% од бараниот износ

Обезбедување:

Хипотека на недвижен имот, меница и менична изјава.

Халкбанк има склучено и соработка со голем број градежни компании и доколку сакате да купите стан во зграда која е во тек на градба, Банката прифаќа хипотека со лист за предбележување како обезбедување за становите од компании кои се наоѓаат на листата на Банката.

Клиентите имаат опција за побрза и поедноставна постапка за online аплицирање за кредит.

Огромни поволности за клиентите, затоа што за Халкбанк – Важни се луѓето!

Кредити

НЛБ Банка со промотивна кампања за кредитите за физички лица

Објавено

на

НЛБ Банка води промотивна кампања за сите кредити за физички лица до 31.08.2020 година. Во рамки на кампањата сите кредити се нудат без трошоци за одобрување и без трошоци за проценка. (more…)

Продолжи со читање

Кредити

Вистинска понуда во вистинско време – потрошувачки кредит од Халкбанк со камата од 5% фиксна за првите три години

Објавено

на

Новиот потрошувачки кредит на Халкбанк со пакет полиса за осигурување од Халк Осигурување АД Скопје кој е со каматна стапка од само 5% фиксна за првите три години, е идеален за финансирање на најразлични потреби на граѓаните во овој посткризен период. Со новиот кредит, Халкбанк излегува во пресрет на сите оние кои, во време кога животот почнува постепено да се враќа во нормала, имаат потреба од средства за задоволување важни потреби. Овој производ е идеален и за рефинансирање на постојни кредити во други банки, со што се добива и значително намалување на месечните рати. (more…)

Продолжи со читање

Кредити

За сè што ви е важно – нов потрошувачки кредит од Халкбанк со 5% фиксна каматна стапка за првите три години

Објавено

на

Потрошувачки кредит со намалена каматна стапка од само 5% фиксна за првите три години и со пакет полиса за осигурување од Халк Осигурување е новиот производ на Халкбанк со кој Банката излегува во пресрет на граѓаните во новонастанатата состојба. (more…)

Продолжи со читање

Популарно