Connect with us

Кредити

НЕДЕЛА НА СТАНБЕНИ КРЕДИТИ: Анализа на станбениот кредит на УНИБанка

Објавено

на

 

Станбениот кредит со фиксна каматна стапка за 7 години на УНИБанка се карактеризира со максимален износ кој зависи од кредитоспособноста на клиентот во висина на купопродажната цена согласно преддоговор за купопродажба, односно од 50% до 75% од вредноста на пазарната проценка на имотот, а во зависност од локацијата на имотот понуден како обезбедување за кредитот и максимален рок на отплата до 30 години (360 месеци).

Банката за станбениот кредит нуди фиксна каматна стапка за 7 години, без административен трошок и надомест за одобеување. Во случај на предвремена отплата на кредитот, доколку тоа се врши од сопствени средства, не се наплаќа никаков надомест. При отплата со рефинансирање со кредит од друга банка се наплатува еднократен надомест во висина од 5% од од главницата што предвремено делумно или целосно се отплаќа преку одобрен кредит од друга банка.

Каматни стапки:

  • 3,15% фиксна годишна каматна стапка за првите 7 години и
  • 5,15 променлива за останат период
  • Грејс период – 12 месеци за изградба, во спротивно, 6 месеци.

 

Услови за одобрување:

  • Клиенти со возраст од минимум 18 години до максимално 70 години, вклучувајќи го периодот за отплата на кредитот;
  • Корисник на кредитна картичка од банката;
  • Дополнителни приходи кои можат да се документираат се земаат во предвид при оценка на кредитоспособноста на клиентите по оценка на Банката.

Трошоци за кредитот:

  • без трошоци за разгледување на кредитното барање;
  • без надомест за одобрување.

 

Обезбедување:

Хипотека на недвижен имот.

Клиентите имаат опција за побрза и поедноставна постапка за online аплицирање за кредит.

Кредити

НЛБ Банка со промотивна кампања за кредитите за физички лица

Објавено

на

НЛБ Банка води промотивна кампања за сите кредити за физички лица до 31.08.2020 година. Во рамки на кампањата сите кредити се нудат без трошоци за одобрување и без трошоци за проценка. (more…)

Продолжи со читање

Кредити

Вистинска понуда во вистинско време – потрошувачки кредит од Халкбанк со камата од 5% фиксна за првите три години

Објавено

на

Новиот потрошувачки кредит на Халкбанк со пакет полиса за осигурување од Халк Осигурување АД Скопје кој е со каматна стапка од само 5% фиксна за првите три години, е идеален за финансирање на најразлични потреби на граѓаните во овој посткризен период. Со новиот кредит, Халкбанк излегува во пресрет на сите оние кои, во време кога животот почнува постепено да се враќа во нормала, имаат потреба од средства за задоволување важни потреби. Овој производ е идеален и за рефинансирање на постојни кредити во други банки, со што се добива и значително намалување на месечните рати. (more…)

Продолжи со читање

Кредити

За сè што ви е важно – нов потрошувачки кредит од Халкбанк со 5% фиксна каматна стапка за првите три години

Објавено

на

Потрошувачки кредит со намалена каматна стапка од само 5% фиксна за првите три години и со пакет полиса за осигурување од Халк Осигурување е новиот производ на Халкбанк со кој Банката излегува во пресрет на граѓаните во новонастанатата состојба. (more…)

Продолжи со читање

Популарно