Connect with us

Кредити

НЕДЕЛА НА СТАНБЕНИ КРЕДИТИ: Анализа на станбениот кредит на ТТК Банка

Објавено

на

Станбениот кредит на ТТК Банка е наменет за вработени во редовен работен однос на неопределено или определено време (само ако договорот се обновува непрекинато во последните 2 години или ако времетраењето на договорот го покрива периодот на кредитот), државни институции, акционерски друштва, институции прифатливи за Банката, приматели на плата преку ТТК Банка со минимален износ на месечни примања не пониски од 12.000 денари, кои на крајниот датум на отплата на кредитот нема да бидат постари  од 75 години.

Станбениот кредит може да биде наменет за:

  • За купување нов/стар стан, куќа од физичко или правно лице;
  • За изградба, доградба или надградба на станбен простор (стан или куќа);
  • За реновирање, адаптација, реконструкција на станбен простор;
  • За купување земјиште за градба со приложена маркица за градба;
  • За купување, како и градба/доградба/надградба на деловен простор;
  • За купување превземени средства на Банката;
  • За рефинансирање на станбен кредит од друга банка.

Станбениот кредит со фиксна каматна стапка за 10 години на ТТК банка се карактеризира со максимален износ до 300.000 евра и максимален рок на отплата до 25 години (300 месеци).

Банката за станбениот кредит нуди фиксна каматна стапка за 10 години, без трошоци за проценка и без административен трошок и провизија за одобрување промотивно до 30.06.2020 година. Во случај на предвремена отплата на кредитот, доколку тоа се врши од сопствени средства, не се наплаќа никаков надомест. При отплата со рефинансирање со кредит од друга банка се наплатува еднократен надомест во висина од 5% од од главницата што предвремено делумно или целосно се отплаќа преку одобрен кредит од друга банка.

Каматни стапки:

  • 3,45% фиксна годишна каматна стапка за првите 10 години или
  • 5,50 процентни поени + шестмесечен ЕУРИБОР, не пониска од 5,50% годишна променлива каматна стапка по истекот на првите десет години

 

Услови за одобрување:

  • Месечниот ануитет треба да се покрие со 1/2 од месечните нето-примања на кредитобарателот
  • Во кредитот МОЖЕ да се вклучат кредитоспособни ко-кредитобаратели
  • За жирантите важат истите услови како за кредитобарателот

Трошоци за кредитот:

  • Tрошоци за интеркаларна камата
  • Нотарски трошоци за воспоставување и упис на заложно право врз недвижниот имот во корист на Банката во согласност со нотарската тарифа
  • Tрошоци за полиса за осигурување на заложениот недвижен имот од основни ризици во согласност со тарифата на осигурителната компанија
  • Трошок за полиса за ризико животно осигурување

Учество: 

Минимум 10% сопствено учество (% од вредноста на станот/куќата што се купува, гради, доградува, надградува). Не е задолжително сопствено учество доколку соодносот помеѓу вредноста на изложеноста и обезбедувањето (залог на недвижен имот стан, куќа, деловен простор) е минимум 1:1,5.

Обезбедување:

Залог на недвижен имот (стан, куќа, деловен простор) со сооднос помеѓу вредноста на изложеноста и обезбедувањето (1:1,2 до 1:3 во зависност од атрактивноста на објектот)Меница со менична изјава

  • Административна забрана на плата
  • Траен налог
  • Полиса за ризико животно осигурување

Клиентите имаат опција за побрза и поедноставна постапка за онлајн аплицирање за кредит, преку сервисите за електронско и мобилно банкарство на банката.

Кредити

Земете ги работите во свои раце и реализирајте ги сите мали и големи желби

Објавено

на

Секоја летна сезона со себе ја носи потребата од промени. Без разлика дали станува збор за семеен одмор, купување на долгопосакуваниот автомобил или пак естетски промени во домот, за нивна реализација потребни се повеќе финансиски средства. Но, што доколку во моментот ги немаме!? (more…)

Продолжи со читање

Кредити

Почнува аплицирањето за новата бескаматна кредитна линија „Ковид 4“

Објавено

на

Од денеска, 15 јули ќе може да се аплицира за бескаматен кредит од кредитната линија ,,Ковид 4”. Јавниот повик за оваа кредитна линија беше објавен на 7 јули 2021 година, а ќе трае 20 дена. (more…)

Продолжи со читање

Кредити

Од утре започнува аплицирањето за бескаматната кредитна линија „Ковид 4” на Развојната банка

Објавено

на

Од утре започнува аплицирањето за бескаматен кредит од кредитната линија „Ковид 4“. Јавниот повик за оваа кредитна линија беше објавен на 7 јули 2021 година, а ќе трае 20 дена, соопштија од Развојната банка. (more…)

Продолжи со читање

Популарно