Connect with us

Кредити

НЕДЕЛА НА СТАНБЕНИ КРЕДИТИ: Анализа на станбениот кредит на Комерцијална банка

Објавено

на

Денарскиот станбен кредит од Комерцијална банка е наменет за кредитоспособни физички лица во редовен работен однос во јавната администрација или во фирми прифатливи за Банката кои примаат плата на трансакциска сметка во Банката или пензионери кои ја примаат пензијата преку трансакциска сметка во Банката.

Кредитот е наменски за купување, изградба, доградба или реконструкција на стан, куќа или деловен простор, купување градежно земјиште, купување недвижен имот во странство или рефинансирање на друг станбен кредит во друга банка.

Станбениот кредит со фиксна каматна стапка за 3 години на Комерцијална банка се карактеризира со максимален рок на отплата до 30 години (360 месеци), додека максималниот износ на кредит зависи од кредитната способност и вредноста на хипотеката која се остава под залог.

Каматни стапки:

  • 3,6% фиксна годишна каматна стапка за првите 3 години
  • 3,9 фиксна годишна каматна стапка за следните 3 години
  • 4,9% годишна, променлива за остатокот на периодот на отплата (референтна каматна стапка од 1,73% зголемена за 3,17% , но не повеќе од законска казнена камата за денарски побарувања)*
  • Можност за грејс период од 12 месеци. За времетраењето на грејс периодот се пресметува интеркаларна камата во висина на каматната стапка на кредитот.

Услови за одобрување:

  • Mесечниот ануитет треба да се покрие со 1/2 од месечните нето-примања на кредитобарателот. Како месечни примања ќе се сметаат и други годишни или месечни примања што подлежат на оданочување согласно Законот за персонален данок на доход и кои можат да се документираат.
  • При доспевање на последниот ануитет, возраста на кредитобарателот не треба да надминува 70 години.
  • Во кредитот може да се вклучат уште двајца кредитобаратели кои не мора да се во роднинска врска, но мора да се кредитоспособни.

Трошоци за кредитот:

  • 4.000,00 денари надомест за одобрување и администрирање на кредитот (за рефинансирање на станбени кредити во други банки и во Банката не се наплаќа надомест)
  • 400,00 денари за аплицирање и обработка на кредитот
  • трошоци за интеркаларна камата (интеркаларна камата се пресметува од денот на користење на средствата до денот на ставање на кредитот во отплата по каматна стапка еднаква на каматната стапка на кредитот)
  • Надомест за проценка на вредноста на недвижниот имот (повеќе на линк)
  • Нотарски и адвокатски трошоци за Договорот за залог согласно соодветната тарифа
  • трошоци за упис на заложно право врз недвижениот имот во корист на Банката во соодветната јавна книга
  • трошоци за полиса за осигурување на заложениот недвижен имот од основни ризици

Учество: 

  • минимум 26% од купопродажна цена на стан доколку истиот е предмет на хипотека
  • минимум 15% од купопродажната цена на станот, доколку истиот е предмет на хипотека и се купува од градежни фирми со кои Банката склучила Договор за деловна соработка.

Обезбедување:

  • хипотека на недвижен имот во вредност до 135% од износот на кредитот (хипотеката може да се однесува на имотот кој се купува или на друг имот кој е во сопственост на кредитобарателот или на друго лице. За купување недвижен имот во странство, имотот под хипотека треба исклучиво да е на територија на РСМ ).
  • полиса за осигурување на заложениот недвижен имот винкулирана во полза на Банката и обновувана за цело времетраење на кредитот

Кредити

Како поседувањето сопствен дом ќе ви помогне за подобра финансиска стабилност?

Објавено

на

„Речиси 10 години со моето семејство живеевме под кирија. Како е да се биде закупец знаат само оние што тоа го имаат искусено – селење од еден во друг стан, уништување покуќнина, немање можност да го опремиш станот онака како што сакаш. Тоа се маките за нас возрасните, а за децата дополнителни трауми носеше секое ново селење бидејќи ги губеа другарчињата и средината во која се имаат навикнато. А колку тоа финансиски чинеше? Со просечна кирија од најмалку 150 евра месечно – речиси 20.000 евра“. Вака раскажува Кирил Марковски кој реши да го промени својот живот и да инвестира во својата и иднината на своето семејство со земање станбен кредит и купување сопствен дом. (more…)

Продолжи со читање

Кредити

Потрошувачки кредит од Халкбанк со посебни услови за членовите на СОНК

Објавено

на

Потрошувачки кредит со намалена каматна стапка од само 4,9% фиксна за првите три години и со пакет полиса за осигурување од Халк Осигурување е производ на Халкбанк со посебни услови наменет за членовите на СОНК.

(more…)

Продолжи со читање

Кредити

НЛБ Банка со промотивна кампања за кредитите за физички лица

Објавено

на

НЛБ Банка води промотивна кампања за сите кредити за физички лица до 31.08.2020 година. Во рамки на кампањата сите кредити се нудат без трошоци за одобрување и без трошоци за проценка. (more…)

Продолжи со читање

Популарно