Connect with us

Кредити

НЕДЕЛА НА СТАНБЕНИ КРЕДИТИ: Анализа на станбениот кредит на Шпаркасе банка

Објавено

на

Шпаркасе банка Македонија како дел од својата палета на производи нуди наменски станбени кредити обезбедени со полиса за осигурување на имот од Винер Осигурување за физички лица.

Овој тип на кредит можете да го користите за купување на стан, купување на куќа и купување на деловен простор, доградба/надградба на станбен простор согласно доставен проект и дозвола за градба, како и рефинансирање на вашите изложености во други банки по основ на станбен кредит. Осигурителната полиса овозможува заштита на Вашиот имот од последица на несреќен случај.

Станбениот кредит „Барај ме на нова адреса” на Шпаркасе банка Македонија се карактеризира со максимален износ до 400.000 евра и максимален рок на отплата до 30 години.

Банката за станбениот кредит нуди фиксна каматна стапка за 10 години со рок на отплата до 360 месеци, без трошоци за проценка промотивно до 30.6.2020 година. Во случај на предвремена отплата на кредитот, доколку тоа се врши од сопствени средства, не се наплаќа никаков надомест. При отплата со рефинансирање со кредит од друга банка се наплатува еднократен надомест во висина од 4% од од главницата што предвремено делумно или целосно се отплаќа преку одобрен кредит од друга банка.

Каматни стапки:

  • 3,3% фиксна годишна каматна стапка за првите 10 години или
  • 5,2 процентни поени + шестмесечен ЕУРИБОР варијабилна годишна каматна стапка за остатокот од периодот (во зависност од интерниот кредитен рејтинг на клиентот).

Услови за одобрување:

  • Полиса за осигурување на имот од Винер Осигурување;
  • Приматели на плата преку Шпаркасе Банка Македонија;
  • Редовно вработување, со исполнет услов за кредитоспособност;
  • Без жиранти;
  • Без ко-кредитобаратели (може да се вклучат по потреба);

Трошоци за кредитот:

  • 300 МКД – проверка во Македонско кредитно биро (надоместот се наплаќа пред исплата на кредитите и не се наплатува за одбиени и откажани барања);
  • 1.100 МКД – Административен трошок за аплицирање за кредит;
  • Трошоци за осигурување на имот од Винер Осигурување согласно Тарифите на осигурителното друштво до конечно подмирување на обврските на кредитот;
  • Нотарски и адвокатски трошоци за Договорот за залог согласно соодветна Тарифа;
  • 2.000 МКД – еднократен трошок за провизија за одобрување

ПРОМОТИВНО до 30.6.2020 година, Станбените кредити се без трошоци за проценка во ПРВАТА година.

Учество: 

Минимумот на учество изнесува 15% од бараниот износ

Обезбедување:

Хипотека на недвижен имот и винкулирана полиса за осигурување на имотот во корист на Банката.

Шпаркасе Банка Македонија има склучено и соработка со голем број градежни компании и доколку сакате да купите стан во зграда која е во тек на градба, Банката прифаќа хипотека на идна недвижност со лист за предбележување како обезбедување, до моментот на комплетирање на целокупната документација за впишување на хипотека на недвижноста во имотен лист.

Клиентите имаат опција за побрза и поедноставна постапка за online аплицирање за кредит.

Кредити

Кредитна линија на Комерцијална банка за развој и зелена транзиција на вашиот бизнис

Објавено

на

Дали размислувате за раст и развој на вашиот бизнис преку нови инвестиции и зелена транзиција? Сега е вистинско време да го унапредите бизнисот затоа што пазарот го бара тоа, а решението го нуди Комерцијална банка со новата кредитна линија за мали, средни и средно капитализирани компании. (more…)

Продолжи со читање

Кредити

Продолжуваат промотивните поволности на НЛБ Банка за кредитите за физички лица

Објавено

на

Продолжува кампањата на НЛБ Банка за кредитите за физички лица, овозможувајќи ги промотивните поволности уште цели два месеци. Сите оние кои размислуваат за нови почетоци и сакаат да ги остварат плановите за кои долго мечтаеле, имаат единствена можност да го направат тоа до крајот на годината со кредитите на НЛБ Банка, за кои во промотивниот период се овозможени и дополнителни придобивки. (more…)

Продолжи со читање

Кредити

Како до светла иднина и финансиска независност?

Објавено

на

Достигнувањето на финансиска независност и светла иднина е пат со многу насоки кој бара крерирање на добар план, дисциплина и посветеност. (more…)

Продолжи со читање

Популарно