Connect with us

Кредити

НЕДЕЛА НА СТАНБЕНИ КРЕДИТИ: Анализа на станбениот кредит на НЛБ Банка

Објавено

на

НЛБ Банка во периодот до 30.6.2020 година води промотивна кампања за сите кредити за физички лица. Во рамки на промотивната понуда, Банката нуди кредитни продукти со пониски каматни стапки и поповолни услови, при што како дел од своето портфолио нуди НЛБ Станбен Плус кредит со 35 години рок на отплата.

Овој тип на кредит е наменски и може да се користи за купување на стан, купување на куќа и купување на деловен простор како и рефинансирање на вашите изложености во други банки по основ на станбен кредит.

НЛБ Станбениот Плус кредит се карактеризира со максимален износ до 150.000 евра, максимален рок на отплата до 35 години и можност за грејс приод од 12 месеци. Дополнително, рокот на отплата до 35 години кај станбениот кредит, нуди можност клиентите да земат поголем износ на кредит при решавање на станбеното прашање.

НЛБ Станбениот Плус кредит е обезбеден со полиса за Ризико осигурување од Кроациа Осигурување – Живот. Осигурителната полиса овозможува заштита на животот на кредитокорисникот од последица на несреќен случај, како и сигурност во отплатата на кредитот и заштита на целото семејство.

Каматни стапки:

  • 3,3% фиксна годишна каматна стапка за првите 10 години или
  • 3% фиксна годишна каматна стапка за првите 5 години;
  • 5,5 процентни поени + шестмесечен ЕУРИБОР варијабилна годишна каматна стапка за остатокот од периодот.

Услови за одобрување:

  • Ризико осигурување од Кроациа Осигурување – Живот на кредитокорисникот;
  • Приматели на плата преку НЛБ Банка;
  • Редовно вработување, со исполнет услов за кредитоспособност;
  • Без жиранти;
  • Без ко-кредитобаратели за рок на отплата до 10 години (може да се вклучат по потреба);
  • Минимум 1 (еден) ко-кредитобарател за рок на отплата > 10 години;
  • Минимум 2 (двајца) ко-кредитобаратели за рок на отплата > 20 години.

Трошоци за кредитот:

  • 300 мкд – проверка во Македонско кредитно биро (надоместот се наплаќа пред исплата на кредитите и не се наплатува за одбиени и откажани барања);
  • 700 МКД – апликација за кредит;
  • Висината на трошокот на Ризико полисата за осигурување е во зависност од тарифата на Кроациа Осигурување – Живот и индивидуалните параметри на кредитокорисникот. Полисата се плаќа секоја година во времетрање на кредитот.
  • Трошоци за домаќинско осигурување од Сава осигурување согласно Тарифите на осигурителното друштво до конечно подмирување на обврските на кредитот;
  • Нотарски и адвокатски трошоци за Договорот за залог согласно соодветна Тарифа;
  • 500 МКД – трошоци за меница

ПРОМОТИВНО до 30.6.2020 година, НЛБ Станбените кредити се без трошоци за одобрување и без трошоци за проценка.

Учество: 

Минимумот на учество изнесува 15% од купопродажната вредност на недвижноста.

Обезбедување:

Хипотека на недвижен имот, меница и менична изјава.

НЛБ Банка има склучено и соработка со голем број градежни компании и доколку сакате да купите стан во зграда која е во тек на градба, Банката прифаќа хипотека на идна недвижност со лист за предбележување како обезбедување, до моментот на комплетирање на целокупната документација за впишување на хипотека на недвижноста во имотен лист.

Дополнителни придобивки:

  • Бесплатна Visa Classic или MasterCard Standard кредитна картичка;
  • Бескаматен кредит за опремување на домот во соработка со Нептун.

Кредити

Како поседувањето сопствен дом ќе ви помогне за подобра финансиска стабилност?

Објавено

на

„Речиси 10 години со моето семејство живеевме под кирија. Како е да се биде закупец знаат само оние што тоа го имаат искусено – селење од еден во друг стан, уништување покуќнина, немање можност да го опремиш станот онака како што сакаш. Тоа се маките за нас возрасните, а за децата дополнителни трауми носеше секое ново селење бидејќи ги губеа другарчињата и средината во која се имаат навикнато. А колку тоа финансиски чинеше? Со просечна кирија од најмалку 150 евра месечно – речиси 20.000 евра“. Вака раскажува Кирил Марковски кој реши да го промени својот живот и да инвестира во својата и иднината на своето семејство со земање станбен кредит и купување сопствен дом. (more…)

Продолжи со читање

Кредити

Потрошувачки кредит од Халкбанк со посебни услови за членовите на СОНК

Објавено

на

Потрошувачки кредит со намалена каматна стапка од само 4,9% фиксна за првите три години и со пакет полиса за осигурување од Халк Осигурување е производ на Халкбанк со посебни услови наменет за членовите на СОНК.

(more…)

Продолжи со читање

Кредити

НЛБ Банка со промотивна кампања за кредитите за физички лица

Објавено

на

НЛБ Банка води промотивна кампања за сите кредити за физички лица до 31.08.2020 година. Во рамки на кампањата сите кредити се нудат без трошоци за одобрување и без трошоци за проценка. (more…)

Продолжи со читање

Популарно