Connect with us

Кредити

НЕДЕЛА НА СТАНБЕНИ КРЕДИТИ: Анализа на станбениот кредит на Стопанска банка а.д. Битола

Објавено

на

Со станбениот кредит на Стопанска банка а.д. Битола имате можност лесно да ги остварите вашите желби и да ја искористите одличната понуда со услови кои најмногу ви одговараат.

Кредитот е наменски кредит за купување на недвижен имот-стан/куќа според доставен преддоговор за купопродажба, изградба (доградба) на индивидуални објекти со одобрение за градба и соодветен проект и за рефинансирање на станбени кредити ви други банки.

Станбениот кредит со фиксна каматна стапка за 5 години на Стопанска банка а.д. Битола се карактеризира со максимален износ кој зависи од вредноста на недвижноста согласно преддоговор/договор за купопродажба, намален за износот на сопственото учество и максимален рок на отплата до 30 години (360 месеци).

Каматни стапки:

  • 2,90% фиксна каматна стапка во првата година,
  • 3,90% фиксна каматна стапка во втората и третата година,
  • 4,50% фиксна каматна стапка во четвртата и петтата година,
  • 6,00% променлива каматна стапка по петтата година, составена од 1М Еурибор + маргина.

Услови за одобрување:

  • можност за вклучување најмногу еден кокредитобарател (член на потесно семејство);
  • старосна граница – максимум 75 години на денот на достасување на кредитот. За кокредитобаратели кои воедно се јавуваат како заложни должници нема лимит на старосна граница.

Трошоци за кредитот:

  • 1.000 МКД – за апликација;
  • 1% на одобрениот износ – провизија за одобрување;
  • 0% доколку станува збор за рефинансирање.

Учество: 

Основниот производ се карактеризира со 25% сопствено учество, но постои можност без учество со вредност на хипотека (задолжително предметот на купопродажба) од 1,8/1 или 1,5/1 во зависност од кредитната способност.

Обезбедување:

  • меница и менична изјава, административна забрана на плата/траен налог за пензионери, полиса за осигурување на недвижен имот винкулирана во корист на Банката и едно од понудените две опции:
  •  хипотека на недвижен имот во сооднос во зависност од учество од кои задолжително предметот на купопродажба
  • при рефинансирање на станбени кредити од други банки, како обезбедување се зема имотот кој бил предмет на купопродажба, или хипотека на друг недвижен имот со можност за продолжување на рокот на отплата, максимум до 360 месеци.

Кредити

НЛБ Банка со промотивна кампања за кредитите за физички лица

Објавено

на

НЛБ Банка води промотивна кампања за сите кредити за физички лица до 31.08.2020 година. Во рамки на кампањата сите кредити се нудат без трошоци за одобрување и без трошоци за проценка. (more…)

Продолжи со читање

Кредити

Вистинска понуда во вистинско време – потрошувачки кредит од Халкбанк со камата од 5% фиксна за првите три години

Објавено

на

Новиот потрошувачки кредит на Халкбанк со пакет полиса за осигурување од Халк Осигурување АД Скопје кој е со каматна стапка од само 5% фиксна за првите три години, е идеален за финансирање на најразлични потреби на граѓаните во овој посткризен период. Со новиот кредит, Халкбанк излегува во пресрет на сите оние кои, во време кога животот почнува постепено да се враќа во нормала, имаат потреба од средства за задоволување важни потреби. Овој производ е идеален и за рефинансирање на постојни кредити во други банки, со што се добива и значително намалување на месечните рати. (more…)

Продолжи со читање

Кредити

За сè што ви е важно – нов потрошувачки кредит од Халкбанк со 5% фиксна каматна стапка за првите три години

Објавено

на

Потрошувачки кредит со намалена каматна стапка од само 5% фиксна за првите три години и со пакет полиса за осигурување од Халк Осигурување е новиот производ на Халкбанк со кој Банката излегува во пресрет на граѓаните во новонастанатата состојба. (more…)

Продолжи со читање

Популарно