Connect with us

Кредити

НЕДЕЛА НА ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТИ: Онлајн аплицирање за потрошувачки кредити

Објавено

на

Олеснителна околност во целиот процес кога се во прашање потрошувачките кредити е можноста клиентите онлајн да аплицираат за користење на производот.

Дел од банките, за потрошувачките кредити имаат имплементирано опција да може да се аплицира и електронски (онлајн). Одредени банки имаат веб апликација за онлине аплицирање, додека неколку банки за своите клиенти ја имаат овозможено оваа опција преку апликацијата за електронско/мобилно банкарство (Комерцијална, ТТК), додека во НЛБ можете да аплицирате и преку НЕЛА chat bot-от.

Како дел од онлајн апликацијата, најпрво треба да одберете за кој тип на производ аплицирате, да внесете лични податоци, како и информација за работодавач, работен стаж, износ на нето плата и останати податоци кои се неопходни за банката да добие вистинска слика за вас и да може да го пред-одобри или целосно да го одобри барањето кое го имате поднесено онлајн.

Секако, банката овде го задржува правото да ви побара дополнителни документи со цел да се комплетира барањето за кредит.

Во продолжение, ви презентираме линкови преку кои наместо да одите во банка, можете да поднесете онлајн апликација за користење на кредитен производ:

ОХРИДСКА БАНКА

ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА

ХАЛКБАНК

ПРОКРЕДИТ

КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА

СТОПАНСКА БАНКА СКОПЈЕ

НЛБ БАНКА

ТТК БАНКА

КАПИТАЛ БАНКА

Оваа можност е особено значајна во период кога банките апелираат да се намали посетата на експозитурите и филијалите, а сите активности за кои постои таква можност да се реализираат онлајн.

 

Домашни банки

Понуда од УНИБанка за промена на договорни услови на кредитни изложености на физички лица

Објавено

на

Врз основа на одредбите од Законот за облигационите односи, Уредбата со законска сила за начинот на промена на договорни услови на кредитни изложености кај банките и штедилниците (Службен весник бр.80 од 27.03.2020 година) и Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за методологија за управување со кредитниот ризик на НБРСМ (Службен весник бр.76/20 од 24.03.2020 година), а заради ублажување на потешкотиите кај дел од клиентите во враќањето на кредитната изложеност кон Универзална Инвестициона Банка АД Скопје предизвикани со КОВИД-19 кризата, УНИБанка ја објавува следната понуда.

(more…)

Продолжи со читање

Кредити

НЕДЕЛА НА ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТИ: Анализа на потрошувачки кредит на Централна кооперативна банка

Објавено

на

Ви го претставуваме кредитниот пакет “Доверба” на Централна кооперативна банка кој е наменет за вработени во бонитетни фирми одобрени од страна на Банката, државни службеници согласно со Законот за државни службеници, вработените во образованието, полицијата (вклучително и финансиската полиција), армијата, судството и судиите, кои платата ја примаат или ќе се одлучат да ја префрлат во рок од 3 месеци, на сметка во Банката, вработени на определено во континуитет најмалку 12 месеци пред аплицирање. (more…)

Продолжи со читање

Кредити

НЕДЕЛА НА ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТИ: Анализа на потрошувачки кредит на ПроКредит Банка

Објавено

на

ПроКредит Банка во својата понуда има одличен кредит наменет за инвестиции со одлични услови. (more…)

Продолжи со читање

Популарно