Connect with us

Кредити

НЕДЕЛА НА ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТИ: Анализа на потрошувачки кредит на Комерцијална банка

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје беше првата од банкарскиот сектор која го воведе потрошувачкиот кредит со ЕУР клаузула со максимален износ од 30.000 евра, кој воедно се нуди со максимален рок на отплата до 95 месеци.

Кредитот е наменет за:

  • Вработени во редовен работен однос на неопределено или определено време во јавната администрација, во правни лица прифатливи за Банката и во дипломатски странски претставништва, за кои не е задолжително својата плата да ја примаат на сметка на Банката. Вработените на определено време е неопходно да имаат непрекинат стаж во конкретната фирма од најмалку 12 месеци.
  • Пензионери кои примаат пензија на трансакциска сметка во Банката, а кои оствариле право на пензија по други основи, а не по основ на исполнување законска старосна граница и кои на крајниот рок на отплата на кредитот не надминуваат 62 години старост за жени, односно 64 години старост за мажи.

Анализирајќи го максималниот износ на кредит, истиот варира зависно од тоа дали договорот за вработување е на определено или неопределено работно време.

За вработени на непределено време: до 30.000 ЕУР во денарска противредност.

За вработени на определено време: до 15.000 ЕУР во денарска противредност.

Од аспект на каматните стапки, истите се разликуваат зависно од тоа дали кредитобарателот ја прима својата плата на сметка во Комерцијална банка.

За приматели на плата во КБ:
4,9% годишна, фиксна за првите 2 години
5,9% годишна, променлива за остатокот на периодот на отплата на кредитот

За неприматели на плата во КБ:
5,9% годишна, фиксна за првата година
6,9% годишна, променлива за остатокот на периодот на отплата на кредитот

Трошоци за кредитот:

  • 2.000,00 денари надомест за одобрување на кредитот,
  • 300,00 денари за аплицирање и обработка на кредитот,
  • трошоци за интеркаларна камата,
  • трошоци за меница.

Без провизија за предвремена делумна или целосна отплата на кредитот.

За корисниците на услугата електронска банка, кои имаат опција за плаќање, овозможена е побрза и поедноставна постапка за online аплицирање за кредит.

Домашни банки

Понуда од УНИБанка за промена на договорни услови на кредитни изложености на физички лица

Објавено

на

Врз основа на одредбите од Законот за облигационите односи, Уредбата со законска сила за начинот на промена на договорни услови на кредитни изложености кај банките и штедилниците (Службен весник бр.80 од 27.03.2020 година) и Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за методологија за управување со кредитниот ризик на НБРСМ (Службен весник бр.76/20 од 24.03.2020 година), а заради ублажување на потешкотиите кај дел од клиентите во враќањето на кредитната изложеност кон Универзална Инвестициона Банка АД Скопје предизвикани со КОВИД-19 кризата, УНИБанка ја објавува следната понуда.

(more…)

Продолжи со читање

Кредити

НЕДЕЛА НА ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТИ: Анализа на потрошувачки кредит на Централна кооперативна банка

Објавено

на

Ви го претставуваме кредитниот пакет “Доверба” на Централна кооперативна банка кој е наменет за вработени во бонитетни фирми одобрени од страна на Банката, државни службеници согласно со Законот за државни службеници, вработените во образованието, полицијата (вклучително и финансиската полиција), армијата, судството и судиите, кои платата ја примаат или ќе се одлучат да ја префрлат во рок од 3 месеци, на сметка во Банката, вработени на определено во континуитет најмалку 12 месеци пред аплицирање. (more…)

Продолжи со читање

Кредити

НЕДЕЛА НА ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТИ: Анализа на потрошувачки кредит на ПроКредит Банка

Објавено

на

ПроКредит Банка во својата понуда има одличен кредит наменет за инвестиции со одлични услови. (more…)

Продолжи со читање

Популарно