Connect with us

Кредити

НЕДЕЛА НА ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТИ: Анализа на потрошувачки кредит на УНИБанка

Објавено

на

Уни Банка го нуди својот FLASH потрошувачки кредит со износ до 1.200.000 МКД. При одобрувањето, висината на каматната стапка е определена од висина на плата, соодносот на вкупни месечни задршки и вкупни месечни приходи на клиентот, како и од редовните месечни приливи (плати, закупнини) по сметката за плаќање на клиентот во Банката.

Процентот на задолженост варира до 60% во зависност од висината на месечните примања и клиентската група.

Каматни стапки без полиса за ризико осигурување живот:

  • Од 4,75% фиксна за првите две години
  • Од 6,75% фиксна за останат период

Каматни стапки со полиса за ризико осигурување живот:

  • Од 4,25% фиксна за првите две години 
  • Од 6,25% фиксна за останат период

Корисници на овој тип на потрошувачки кредит можат да бидат клиенти со возраст од минимум 18 години до максимално 70 години, вклучувајќи го и периодот за отплата на кредитот. Рокот на враќање е до 95 месеци. 

Документи:

  • Апликација за потрошувачки кредит
  • Потврда за вработување и лични примања, Согласност за А3 и А3
  • Документи за лична идентификација
  • Имотен лист од сопственик на имотот (за кредит со солемнизација на договор)
  • За кредитобарател без плата во Банката, извод од трансакциска сметка со евидентирани приливи од плата за последните 6 месеци 
  • Останата документација по барање од Банката

Трошоци:

  • Од 1% на одобрен износ + 600 МКД
  • БЕЗ надомест за предвремена отплата

Обезбедување:

  • До 1.200.000 МКД – без жиранти
  • Согласно кредитна анализа, Банката може да побара дополнително обезбедување односно кредитоспособен жирант

При одобрување на потрошувачкиот кредит, на кредитокорисникот му се овозможува користење и на следните продукти, по доставено барање:

  • Лимит на кредитна картичка и дозволено пречекорување до 2 (две) месечни плати
  • Бесплатна дебитна картичка и мобилно банкарство

Кредити

Ковид 3 – нова бескаматна кредитна линија со грант компонента за микро и мали претпријатија

Објавено

на

Владата на Република Северна Македонија на вчерашната седница ја разгледа и усвои Информацијата за воспоставување на бескаматна кредитна линија со грант компонента наменета за микро и мали претпријатија погодени од КОВИД-19 (Ковид 3), и го задолжи Министерството за финансии, во име на Владата да потпише договор за администрирање на средствата со Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Кредити

ПроКредит Банка и компанијата Горењско со поволни услови за финансирање и изведба на сите видови комори и системи за прочистување на воздух

Објавено

на

ПроКредит Банка и компанијата Горењско започнуваат нова соработка преку која изведбата на сите видови комори – различни разладни ситеми, чилери и тунели за брзо ладење, како и системи за прочистување на воздухот кои спречуваат ширење на бактерии и вируси, станува подостапна за сите бизниси во државата. (more…)

Продолжи со читање

Кредити

ИутеКредит Македонија имплементираше ново решение за онлајн купување на кредит до 24 рати

Објавено

на

Опцијата за директна апликација за кредит при онлајн купување е отсега достапна и на веб продавницата на Анхоч. При посета на страницата www.anhoch.com, купувачите ќе можат од изберат производи и истите да ги купат на 24 рати преку наменски кредит од IuteCredit Македонија. Процедурата за онлајн купување на рати е пред сé безбедна, брза и едноставна. (more…)

Продолжи со читање

Популарно