Connect with us

Домашни банки

НЕДЕЛА НА ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТИ: Анализа на потрошувачки кредит на Стопанска Банка АД – Скопје

Објавено

на

Стопанска Банка АД – Скопје од неодамна изврши зголемување на максималниот износ на потрошувачки кредит, иако долг временски период максималниот износ на кредит кој можеше да се добие во оваа банка изнесуваше 920.000,00 денари.

По направените пазарни прилагодувања, во моментов банката одобрува потрошувачки кредити со максимален износ од 1.200.000 денари, кој воедно се нуди со максимален рок на отплата до 120 месеци. 

Кредитобаратели за овој тип на кредит можат да бидат сите физички лица, резиденти, кои имаат минимален месечен приход согласно следнава матрица: 8.100 МКД за кредит до 610.000 МКД; 22.000 МКД за кредит над 610.000 МКД.

Во анализата, банката задолжително вклучува ко-кредитобарател доколку висината на платата е помала од 35.000 МКД. 

Каматни стапки:

Фиксна каматна стапка со вклучено осигурување

  • 5,50% фиксна каматна стапка за првите две години со животно осигурување за кредити во износ од 300.001 до 1.200.000 МКД.
  • 6,00% фиксна каматна стапка за првите две години со полиса за осигурување од незгода.

Променлива годишна каматна стапка

  • 9,23% на клиент со плата/пензија во СБ (до 300.000 МКД)
  • 10,25% други клиенти (до 300.000 МКД)
  • 8,33% на клиент со плата/пензија во СБ (до 1.200.000 МКД)
  • 9,25% други клиенти и корисници на постоен кредитен производ во СБ (до 1.200.000 МКД)

 

Документација:

За клиенти приматели на плата/пензија во СБ

  • Потпишано барање за потрошувачки кредит и согласност за проверка во Македонско кредитно биро 
  • Копија од лична карта 

За клиенти кои не се приматели на плата/пензија во СБ

  • Извод од транскакциска сметка за последните 3 месеци
  • Потпишана и заверена потврда за редовно вработување која не е постара од 30 дена
  • Извод од матична книга на родени/венчани
  • Дополнителна документација на барање на банката

Трошоци поврзани со кредитното барање:

  • Апликативен трошок 600 МКД
  • 0% административен трошок, еднократно од одобрениот износ на кредит (во рамки на промоцијата од 01.03.2020 до 30.04.2020)ж
  • За кредити над 490.000 МКД трошок за нотарска солемнизација

Банката нуди можност за онлајн аплицирање за кредитни производи, на следниот линк.

Домашни банки

Халкбанк уште еднаш ја покажа на дело својата општествена одговорност – Банката откупи 300 билети од МНТ со цел поддршка за културата

Објавено

на

Изминатиов период, додека светот се соочува со пандемијата од вирусот КОВИД-19, а бизнисите ги трпат економските последици, сведоци бевме како Халкбанк, низ повеќе активности и иницијативи, дава поддршка на повеќе трговци кои беа погодени од корона кризата. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Глобал Фајнанс ја прогласи Халкбанк за „Најдобра банка за работа со население за 2020 година“

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје од страна на престижниот светски финансиски магазин Глобал Фајнанс (Global Finance) е прогласена за Најдобра банка за работа со население за 2020 година. Истовремено, банката е добитник и на наградата „Commerzbank’s STP Award 2019“ која ја доделува лидерот за меѓународни финансиски услуги Комерцбанк АГ како признание за брзината и квалитетот на меѓународните плаќања и трансфери. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Промена на работното време на експозитурите на Шпаркасе Банка

Објавено

на

Од 02.07.2020 година а заклучно со 18.07.2020 година, Шпаркасе Банка Македонија започна со издавање на домашната платежна картичка „Купувам домашно“, која е дел од третиот сет на мерки на Владата на Република Северна Македонија за поддршка на одредени групи на граѓани и ревитализација на домашната економија. (more…)

Продолжи со читање

Популарно