Connect with us

Кредити

НЕДЕЛА НА ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТИ: Анализа на потрошувачки кредит на Халкбанк

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје за прв пат како дел од своето портфолио нуди потрошувачки ненаменски кредит со животно осигурување за сите клиенти. Осигурителната полиса издадена од Кроациа Осигурување – Живот АД Скопје овозможува заштита на Вашиот имот од последица на несреќен случај, сигурност во отплатата и заштита на целото семејство.

Банката за потрошувачкиот кредит нуди фиксна каматна стапка за првите 2 години со рок на отплата до 120 месеци, без трошоци за одобрување и без трошоци за предвремена ликвидација на кредитот. Овој тип на кредит може да се користи за вашите тековни потреби, а исто така и за рефинансирање на постоечки кредити од други банки.

Анализирајќи го максималниот износ на кредит, истиот изнесува 1.500.000,00 денари.

Од аспект на каматните стапки, истите се изразени како 5,00% фиксна каматна стапка за првите две години, додека за остатокот на периодот 7,75% варијабилна каматна стапка.

Максимален рок на отплата до 120 месеци.

Трошоци за кредитот:

  • 350 мкд  – проверка во Кредитно биро,
  • 150 мкд – апликација за кредит,
  • Трошок за полиса за животно осигурување издадена од Кроација Осигурување – Живот АД Скопје (висината на трошокот на полисата е во зависност од тарифата на Кроација Осигурување живот АД Скопје и индивидуалните параметри на кредитокорисникот)

Без провизија за предвремена делумна или целосна отплата на кредитот.

Клиентите имаат опција за побрза и поедноставна постапка за online аплицирање за кредит.

Кредити

НЛБ Банка со промотивна кампања за кредитите за физички лица

Објавено

на

НЛБ Банка води промотивна кампања за сите кредити за физички лица до 31.08.2020 година. Во рамки на кампањата сите кредити се нудат без трошоци за одобрување и без трошоци за проценка. (more…)

Продолжи со читање

Кредити

Вистинска понуда во вистинско време – потрошувачки кредит од Халкбанк со камата од 5% фиксна за првите три години

Објавено

на

Новиот потрошувачки кредит на Халкбанк со пакет полиса за осигурување од Халк Осигурување АД Скопје кој е со каматна стапка од само 5% фиксна за првите три години, е идеален за финансирање на најразлични потреби на граѓаните во овој посткризен период. Со новиот кредит, Халкбанк излегува во пресрет на сите оние кои, во време кога животот почнува постепено да се враќа во нормала, имаат потреба од средства за задоволување важни потреби. Овој производ е идеален и за рефинансирање на постојни кредити во други банки, со што се добива и значително намалување на месечните рати. (more…)

Продолжи со читање

Кредити

За сè што ви е важно – нов потрошувачки кредит од Халкбанк со 5% фиксна каматна стапка за првите три години

Објавено

на

Потрошувачки кредит со намалена каматна стапка од само 5% фиксна за првите три години и со пакет полиса за осигурување од Халк Осигурување е новиот производ на Халкбанк со кој Банката излегува во пресрет на граѓаните во новонастанатата состојба. (more…)

Продолжи со читање

Популарно