Connect with us

Анализи

НЕДЕЛА НА ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТИ: Анализа на потрошувачки кредит на Шпаркасе Банка Македонија

Објавено

на

Шпаркасе Банка Македонија неодамна промовираше ненаменски потрошувачки кредит “S Plus” со максимален износ од 1.500.000 денари, со максимален рок на отплата до 120 месеци и вклучена полиса за животно осигурување.

Кредитот е наменет за вработени лица на неопределено работно време кои своите месечни приходи по основ на плата ќе ги префрлат на сметка во Шпаркасе Банка Македонија.

Каматните стапки се фиксни за првите 24 месеви, односно променливи по истекот на фиксниот период.

5,25% годишна, фиксна за првите 2 години;
7,55% годишна, променлива за остатокот на периодот на отплата на кредитот.

Трошоци за кредитот:

  • 1.000,00 денари еднократен трошок за аплицирање,
  • 1.000,00 денари еднократен трошок за одобрување,
  • 300,00 денари за проверка во Македонско Кредитно Биро,
  • трошоци за интеркаларна камата,
  • нотарски трошоци (за износи над 300.000,00 денари),
  • трошоци за меница (за износи над 610.000,00 денари).

Зависно од износот на кредит, постојат различни типови на обезбедување:

До 300 000 МКД – без жиранти, со административна забрана од платата на корисникот на кредитот.

Од 300 001 МКД до 610 000 МКД – 1 (еден) кредитоспособен жирант или солемнизација на Договорот за кредит на Нотар и административна забрана од платата на корисникот на кредит.

Над 610 000 МКД – безбедувањето е во форма на кредитоспособен жирант со административна забрана од платата на жирантот или Меница уредена во форма на Нотарски Акт и административна забрана од платата на корисникот на кредит.

Дополнително задолжително обезбедување независно од износот од кредитот е полиса за животно осигурување со месечна отплата на премијата на кредитокорисникот купена преку Банката и винкулирана во корист на Банката за време на отплата на потрошувачкиот кредит. Полисата која служи за обезбедување на кредитот се купува преку Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје која врши застапување во осигурување за ВИНЕР ЛАЈФ- Виена Иншуренс Груп АД Скопје.

*За солемнизација на договорот на нотар потребно е брачниот другар или близок роднина (брат, сестра, родител) да се јави како солидарен должник во договорот за кредит.

Постои можност за онлајн аплицирање за потрошувачкиот кредит.

Анализи

И не е се така розово во поволностите на банките – ќе пресметуваат камата за грејс периодот

Објавено

на

Деновиве е актуелна мерката за мораториум на кредитните изложености во банките, односно народски кажано банките им ги стопираат плаќањата на своите клиенти физички лица за период од 3 до 6 месеци. Првично, оваа мерка изгледа одлично поготово за дел од клиентите кои во моментов се најзасегнати од моменталната кризна состојба предизвикана од коронавирусот. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

АНАЛИЗА: Банките ќе пресметуваат камата додека трае грејс периодот за отплата на долговите

Објавено

на

По донесувањето на уредбата од страна на Владата на РСМ, изработена од Министерството за финансии и Народната банка со која се овозможува побрза и поедноставна промена на договорните услови за кредитите на засегнатите граѓани и фирми, банките започнаа со објавување на своите понуди до клиентите.

(more…)

Продолжи со читање

Анализи

НАЈПОВОЛЕН ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТ: Анализиран износ – 300.000 денари, Рок на отплата – 60 месеци

Објавено

на

 

Потрошувачкиот кредит во секоја банка содржи специфичности согласно деловната политика на банката. При изборот на најсоодветен потрошувачки кредит обрнете внимание на висината на каматна стапка (во фиксен и во променлив период), максималниот износ на кредит, рокот на отплата и трошоците кои произлегуваат од кредитната апликација изразени во износ или процент. (more…)

Продолжи со читање

Популарно