Connect with us

Кредити

НЕДЕЛА НА ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТИ: Анализа на потрошувачки кредит на Централна кооперативна банка

Објавено

на

Ви го претставуваме кредитниот пакет “Доверба” на Централна кооперативна банка кој е наменет за вработени во бонитетни фирми одобрени од страна на Банката, државни службеници согласно со Законот за државни службеници, вработените во образованието, полицијата (вклучително и финансиската полиција), армијата, судството и судиите, кои платата ја примаат или ќе се одлучат да ја префрлат во рок од 3 месеци, на сметка во Банката, вработени на определено во континуитет најмалку 12 месеци пред аплицирање.

Пакетот вклучува ненаменски потрошувачки  кредит, дозволено пречекорување на трансакциска сметка и кредитна картичка. Максималниот одобрен износ на средства на пакетот не може да биде повисок од 1 800 000 МКД, но не повеќе од 45 нето плати вкупно за пакетот „Доверба“, од кои најмногу до 10 нето плати како лимити за картични производи.

Кредитниот пакет „Доверба“ можете да го одберете доколку:

  • сте во редовен работен однос на неопределено време во фирмата најмалку 6 месеци пред поднесување на барањето за кредит;
  • сте вработен на определено во континуитет најмалку 12 месеци пред аплицирање;
  • во случај месечната рата за кредитот заедно со сите други задршки од плата да не надминува половина од месечните приходи на кредитобарателот,  последната рата од кредитот може да биде максимум до исполнување на  70 годишна возраст на кредитобарателот;
  • при барање за кредит, месечниот приход на барателот (нето-износ) намален за сите обврски по основ на кредити или други задолжувања, да не е понизок од износот на месечниот ануитет + 5 000 мкд по член од семејството
  • при барање за овердрафт или кредитна картичка месечниот приход (нето износ) намален за сите обврски по основ на кредити или други задолжувања, не е понизок од 5 000 мкд + 10% од одобрениот износ на овердрафтот односно кредитниот лимит на кредитната картичка.

Максимален износ на кредит: 1.800.000,00 денари

Рок на отплата: 120 месеци

Каматни стапки:

  • 4,50% фиксна каматна стапка за првите две години за сите кредитобаратели кои аплицираат за кредит кај кој најмалку 70% од износот е наменет за рефинансирање на изложености во други банки, финансиски институции или друштва и рокот на кредитот е до 95 месеци
  • 4,70% фиксна каматна стапка за првите две години за сите други кредитобаратели каде повеќе од 30% од кредитот е ненаменски или рокот на кредитот е од 96 до 120 месеци
  • 5,80% променлива каматна стапка за приматели на плата во ЦКБ, по истекот на првите две години (формирана како референтна каматна стапка од 1.73% + 4.07% фиксен дел, важечка по 01.01.2020)

Трошоци:

  • 650 МКД провизија – при подигнување на барањето за кредит
  • 1% провизија за обработка, еднократно врз одобрениот износ за кредити со рок до 60 месеци. Провизијата се задржува од одобрениот кредит при неговото искористување
  • 2% провизија за обработка, еднократно врз одобрениот износ за кредити со рок над 60 месеци. Провизијата се задржува од одобрениот кредит при неговото искористување

Обезбедување:

  • До 600 000 МКД – без жиранти (Со исполнет услов за кредитоспособност 1 рата <=1/2 од месечен приход за кредити со износ од 300 000 МКД до 600 000 МКД);
  • до 750 000 МКД – без жиранти за сите клиенти од специфичните групи, за секој износ на кредит, без разлика на начинот на пресметка на кредитоспособноста и до 900,000 МКД со слободна половина од месечни приходи. Овој износ важи и за членови на МПС и СОНК неприматели на плата во Банката, кои ќе се согласат веднаш да им се вршат задршки по административна забрана на плата, како и за сите постоечки редовни клиенти на ЦКБ АД Скопје кои веќе отплаќаат кредит во Банката најмалку 18 месеци. За износи на кредит над оние предвидени без жирант, потребен е најмалку еден жирант до максималниот износ на кредит;
  • до 1 200 000МКД – без жиранти во случаи кога вкупните месечни обврски по сите ануитети не надминуваат 50% од месечните приходи;
  • до 1 000 000 МКД – без жиранти со солемнизација на договорот за кредит,  за сите постоечки редовни клиенти на ЦКБ АД Скопје кои  веќе отплаќаат кредит во Банката најмалку 12 месеци;
  • до 1 000 000 МКД – без жиранти (рок над 95 месеци, со солемнизација на договорот за кредит);
  • до 1 100 000 МКД – без жиранти (рок до 95 месеци, со солемнизација на договорот за кредит);
  • еден или двајца жиранти за обезбедување на кредитни износи повисоки од погоре наведените;
  • меница со менична изјава, потпишана од кредитобарателот и авалирана од жирантот.

Кредити

НЕДЕЛА НА СТАНБЕНИ КРЕДИТИ: Анализа на станбениот кредит на Стопанска банка а.д. Битола

Објавено

на

Со станбениот кредит на Стопанска банка а.д. Битола имате можност лесно да ги остварите вашите желби и да ја искористите одличната понуда со услови кои најмногу ви одговараат. (more…)

Продолжи со читање

Кредити

НЕДЕЛА НА СТАНБЕНИ КРЕДИТИ: Анализа на станбениот кредит на УНИБанка

Објавено

на

 

Станбениот кредит со фиксна каматна стапка за 7 години на УНИБанка се карактеризира со максимален износ кој зависи од кредитоспособноста на клиентот во висина на купопродажната цена согласно преддоговор за купопродажба, односно од 50% до 75% од вредноста на пазарната проценка на имотот, а во зависност од локацијата на имотот понуден како обезбедување за кредитот и максимален рок на отплата до 30 години (360 месеци). (more…)

Продолжи со читање

Кредити

НЕДЕЛА НА СТАНБЕНИ КРЕДИТИ: Анализа на станбениот кредит на ПроКредит Банка

Објавено

на

ПроКредит Банка во својата понуда наменета за физички лица има одличен кредит наменет за инвестирање во станбен и деловен простор. (more…)

Продолжи со читање

Популарно