Connect with us

Кредити

НЕДЕЛА НА ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТИ: Анализа на потрошувачки кредит на Капитал Банка

Објавено

на

Ви го претставуваме Супер 5 потрошувачкиот кредит на Капитал Банка со максимален износ до 900.000 МКД кој може да се искористи ненаменски и за рефинансирање на обврски во други банки.

Кредитот е наменет за резиденти на РСМ, вработени во редовен работен однос во сегашното правно лице минимум 6 месеци на определено со минимум еден продолжен договор или миниум 3 месеци доколку е на неопределено.

Предности на производот:

  • 0 МКД административни трошоци за аплицирање;.
  • До 450 000 МКД без гарант
  • Можност за онлајн аплицирање или во експозитурите на банката.
  • Одговор до 30 минути;
  • Можноста за рефинансирање на вашите долгови;
  • Без задолжително префрлување на платата во Капитал Банка или осигурителна полиса за животно осигурување.

Општи услови за аплицирање:

  • Максимална возраст на клиентот од 67 години на денот на достасување на кредитот (за лица во редовен работен однос);
  • Максимална возраст на клиентот до 73 години на денот на достасување на кредитот (за пензионери)
  • Клиентот да биде класифициран во категорија на ризик А во Банката и категории на ризик А и Б на ниво на банкарскиот систем;
  • Историја на редовен кредитокорисник;
  • Ануитетот да не надминува ½ од платата.

Административни трошоци: 0 МКД

Номинална каматна стапка:

1. За приматели на плата во Капитал Банка
*5,96% фиксна за првата година, потоа променлива што во моментов изнесува 8,96% (6М СКИБОР + 7,22%);

2. За приматели на плата/пензија во КБ и други банки

*8,96% фиксна за првата година, потоа променлива што во моментов изнесува 8,96% (6М СКИБОР + 7,22%).

Висина на кредит во МКД: до 900.000;

Рок на враќање: до 95 месеци;

Провизија за одобрување: 2%, мин. 750 МКД;

Користење на средствата: одобрениот износ се префрла на сметката на кредитокорисникот во Капитал Банка АД Скопје;

Отплаќање: месечна отплата со еднакви ануитети;

Начин на отплата: уплата на благајна, административна забрана на плата, траен налог за приматели на плата во Капитал Банка или траен налог за пензионери од банката каде ја прима пензијата;

Надомест за предвремена делумна или целосна отплата на кредит: 1% од износот на предвреме отплатениот кредит, доколку периодот помеѓу предвремената отплата и  рокот на траење на договорот  за кредит е подолг од една година, односно 0.50% од износот на предвреме отплатениот кредит, доколку  периодот помеѓу предвремената отплата и  рокот на траење на договорот  за кредит не е подолг од една година, максимум 5.000 МКД и 0% доколку се отплаќа преку Капитал Банка.

Банката нуди можност за онлајн аплицирање за потрошувачкиот кредит.

Кредити

НЕДЕЛА НА СТАНБЕНИ КРЕДИТИ: Анализа на станбениот кредит на Стопанска банка а.д. Битола

Објавено

на

Со станбениот кредит на Стопанска банка а.д. Битола имате можност лесно да ги остварите вашите желби и да ја искористите одличната понуда со услови кои најмногу ви одговараат. (more…)

Продолжи со читање

Кредити

НЕДЕЛА НА СТАНБЕНИ КРЕДИТИ: Анализа на станбениот кредит на УНИБанка

Објавено

на

 

Станбениот кредит со фиксна каматна стапка за 7 години на УНИБанка се карактеризира со максимален износ кој зависи од кредитоспособноста на клиентот во висина на купопродажната цена согласно преддоговор за купопродажба, односно од 50% до 75% од вредноста на пазарната проценка на имотот, а во зависност од локацијата на имотот понуден како обезбедување за кредитот и максимален рок на отплата до 30 години (360 месеци). (more…)

Продолжи со читање

Кредити

НЕДЕЛА НА СТАНБЕНИ КРЕДИТИ: Анализа на станбениот кредит на ПроКредит Банка

Објавено

на

ПроКредит Банка во својата понуда наменета за физички лица има одличен кредит наменет за инвестирање во станбен и деловен простор. (more…)

Продолжи со читање

Популарно