Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Платежни картички

НЕДЕЛА НА ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ: Работи што секогаш треба да ги купувате со кредитна картичка

Објавено

на

Генерално кредитните картички не се препорачува да се користат секојдневно. Со нив не би требало да ги вршите најосновните трансакции, но од друга страна има работи кои се препопрачува да се купуваат исклучиво со кредитна картичка поради поголемата сигурност која се смета дека ја имаат.

Електронски уреди

Секогаш практикувајте кога купувате електроника истата да ја плаќате со кредитна картичка. Првично плус може да ви биде што многу често овој тип на производи се врзани со дополнителни поени кои ги добивате од компанијата при плаќањето со кредитна картичка, а има и одредени картички кои нудат одредени бенефиции како подолга гаранција на самиот произод.

Влезници за одредени настани

Во овој случај плаќањето со кредитна картичка не е толку врзано со сигурноста туку повеќе со тоа што најчесто при вакви настани се прават одредени промоции при кои вашата бенефиција би бил некој дополнителен попуст на влезницата која ја купувате.

Патувања

Луѓето при патувањата најчесто осигурувањето го купуваат посебно преку осигурителни компании, но добрата вест е дека има кредитни картички со кои таа опција следува при самото плаќање на аранжман за патување со картичката. Исто така понекогаш плаќањето со одредена кредитна картичка може да ве ослободи од трошоците кои би ги имале поради откажување на патувањето, а многу кредитни картички ви гарантираат и безбедност на вашиот багаж.

Рентање автомобил

Кога рентате автомобил секогаш постои ризикот дека ќе бидете изложени на некој дополнителен трошок доколку нешто му се случи на автомобилот. Доколку платите со одредени кредитни имате осигурување кое би ги покривало основните трошоци доколку нешто се случи , но не и трошоците при повреда или некоја поголема несреќа.

Сметки за телефон

Доколку стравувате дека вашиот телефон може да биде украден некои кредитни картички имаат решение и за вас. Ако плаќањето на вашите сметки константно го вршите исклучиво само преку една кредитна картичка постои можност оној кој ја издава кредитната картичка да ви понуди одредено покривање на трошокот кој би требало да биде подмирен при кражба или оштетување на телефонот. 

Онлајн купување

При онлајн купувањето најчестите совети е да се користи токму кредитната картичка. Има кредитни картички кои нудат повраток на средства при доколку се случи некоја измама. Се смета дека кредитните картички се најдобриот избор за онлајн плаќање и поради поголемата сигурност која ја нудат. Сепак, бидејќи ваквите онлајн измами за жал не се ретки, секогаш внимавајте сајтот од кој купувате да е безбеден за плаќање. Запамтете дека доколку видите мало катанче каде што стои името на веб сајтот во вашиот пребарувач или доколку адресата започнува со https наместо со http, тогаш сајтот безбеден и можете слободно да извршите купување. 

 

Повеќе

Платежни картички

Старо за ново! – промотивна понуда за сите корисници на ЦКБ Mastercard картичките

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје во соработка со iStyle на своите корисници на Mastercard платежни картички им нуди поволност за замена на старите уреди со нови.

(more…)

Продолжи со читање

Платежни картички

НЛБ Банка со промотивна кампања за НЛБ haPPy картичките

Објавено

на

НЛБ Банка во периодот од 22.04.2019 до 31.05.2019 година подготви промотивна кампања за НЛБ haPPy картичките. Двоен кешбек, за двојно повеќе среќа! (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Со Халкбанк и Mastercard заменете го вашиот стар уред за нов

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје во соработка со iStyle на своите корисници на Mastercard платежни картички им нуди поволност за замена на стариот уред со нов. (more…)

Продолжи со читање
Unibanka_banner_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange