Connect with us

Осигурување

НЕДЕЛА НА ОСИГУРУВАЊЕ: Што покрива осигурувањето од земјотрес?

Објавено

на

Осигурување е еден облик на управување со ризик, првенствено насочен кон намалување на финасиските губитоци. Осигурувањето е пренос на ризикот од осигуреникот врз осигурително друштво, со плаќање на премија за осигурување.

Осигурувањето од земјотрес на осигурениците им нуди материјална сигурност за штета којашто може да ја предизвика земјотрес.

Земјотресот како ризик секогаш е дополнителна опција на веќе постоечките пакети за осигурување на домот,постојат:

  • осигурување од пожар и други опасности (основни ризици), и
  • комбинирано осигурување на домаќинства.

ШТО ПОКРИВА ОСИГУРУВАЊЕТО ОД ЗЕМЈОТРЕСИ?

Без оглед на избраниот пакет (пожарно осигурување, или комбинирано осигурување на домот), штетите настанати поради земјотрес се надоместуваат под исти услови. Осигурувањето од земјотрес покрива уништување или оштетување на осигурени предмети, кое што настанало непосредно поради земјотрес, или е во причинско-последична врска со земјотресот. Клиентот може да избере да склучи осигурување од овој ризик со франшиза, што подразбира процентуално учество на осигуреникот во штетата. Тоа значи дека доколку клиентот се одлучи за вакво покритие, премијата што ја плаќа има пониска вредност, но во секоја штета учествува со одреден процент.

ОД ШТО ЗАВИСИ ЦЕНАТА НА ОСИГУРУВАЊЕТО ОД ЗЕМЈОТРЕСИ?

Цената за дополнителниот ризик земјотрес зависи првенствено од трусната зона во која се наоѓа објектот, а осигурителната компанија ги покрива штетите без какви било ограничувања во поглед на јачината на земјотресот. Подрачјето на Македонија е поделено на 3 трусни зони:

  1. Прилеп
  2. Тетово, Гостивар, Кичево, Македонски Брод, Крушево, Демир Хисар, Битола, Велес
  3. Дебар, Струга, Охрид, Ресен, Куманово, Скопје, Крива Паланка, Кратово, Пробиштип, Кочани, Свети Николе, Делчево, Виница, Штип, Радовиш, Берово, Неготино, Кавадарци, Струмица, Валандово

Дополнително, цената зависи и од годината кога е објектот изграден, т.е. за објекти изградени до 1964 година цените се повисоки отколку за објектите изградени по 1964 година.

Како да се заштитиме пред земјотрес?

Искуствата покажуваат дека во развиениот свет, големите земјотреси предизвикуваат пред сè голема материјална и економска штета. Штетата од евентуални земјотреси може да се намали со употреба на соодветно пропишана градба и со склучување на осигурување од земјотрес.

Осигурување од земјотрес, како дополнително осигурување, може да се склучи со некое од следниве основни осигурувања:

  • осигурување од пожар;
  • осигурување на компјутери;
  • осигурување на објекти во градба/монтажа.

Осигурување

Стојанче Стоилов: Не пробувај лажен цепелин, одиграј на сигурно со животното осигурување на Винер Лајф!

Објавено

на

Стојанче Стоилов е македонски ракометар, долгогодишен член на македонската ракометна репрезентација и ракометар на РК Вардар. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Прва посета на осигурителни компании од Турција, можна соработка во здравственотo и осигурувањето штети од земјотреси

Објавено

на

Осигурителни компании од Турција, членки на Истанбулската трговска комора (ИТО), вчера на средба со Стопанската комора Македонија – Турција (МАТТО) во Скопје ги разгледале можностите за развивање заднички производи и оцениле дека е можна соработка во областа на здравственотo и осигурувањето штети од земјотреси. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Триглав Осигурување и Македонската кошаркарска федерација ја продолжуваат соработката

Објавено

на

Раководството на Кошаркарската федерација на Северна Македонија денеска на прес-конференција ја официјализираше соработката со Триглав Осигурување АД Скопје, компанијата што го продлабочи помагањето на македонскиот спорт со инвестиција во младинската кошарка. Поточно, Триглав Осигурување АД Скопје стана главен помагател на младинската кошарка, покривајќи ги котизациите на сите младински екипи во Македонија, во сите возрасни категории во машка и женска конкуренција. (more…)

Продолжи со читање

Популарно