Connect with us

Осигурување

НЕДЕЛА НА ОСИГУРУВАЊЕ: Кога е вистинско време да купите полиса за животно осигурување?

Објавено

на

Веројатно доколку прашате неколкумина кога е вистинското време за купување на животно осигурување би добиле различни одговори. Луѓето често зборуваат од сопствените искуства, а нивните животи се различни. Ние ќе се обидеме да ви посочиме неколку работи кои ќе ве доведат до заклучокот кога е најдоброто време за купување на животно осигурување.

Иако бројот на фактори кои ги одредуваат премиите за осигурување на живот е навистина голем возраста е една од најсуштинските компоненти. Доколку се советувате со стручно лици или доколку едноставно добро ги разгледате понудите на пазарот ќе заклучите дека купувањето на животното осигурување е најдобро да го направите кога сте помлад, односно во 20-ите или 30-ите години од вашиот живот. Веројатно првото прашање што се поставува кога ќе се констатира ова е зошто еден ваков вид на осигурување би му било потребно на еден млад човек. Точен е фактот дека темата поврзана со животнотно осигурување не е лесна за зборување, а уште помалку за одлука бидејќи е поврзана со одредени немили настани кои некогаш во животот би не пресретнале, но најдобро е за ова да се дискутира додека сте помлади. Едноставната причина која се крие за ова е дека животнотно осигурување во најголемиот дел од случаевите е поевтино кога станува збор за помлади клиенти.

Веројатно за дел од младите да размислуваат на овој вид на инвестирање во својот живот е сосема неприфатливо, но за оние кои се навистина решени на ваков чекор еве уште една причина зошто треба да го уплатат своето животно осигурување порано.

Освен возраста кој е еден од поважните фактори, голема улога во износот кој ќе го плаќате за вашето осигурување има факторот здравје. Водени според статистиката, помлад човек веројатно се соочува со помал број на здравствени проблеми, а подоброто здравје повторно води до поевтина полиса за осигурување. Осигурителните компании кои издаваат полиси за животно осигурување посветуваат големо внимание на вашата здравствена историја.

Овие детерминанти ги потврдуваат тврдењата дека најдоброто време да извадите животно осигурување е во вашите 20ти години пред да се појават било какви хронични болести или услови за истите кои би придонеле да плаќате поголеми премии. Факт е дека многу мал дел од луѓето кои се одлучуваат на ваков чекор се наоѓаат во тие години. Исто така не значи дека доколку сте постари и се одлучите да извадите животно осигурување ќе се соочите со ригоризни услови во истите. Не заборавајте дека сепак последниот избор останува на вас и дека секогаш можете да имате влијание на условите кои ќе сакате да ги имате во вашиот договор за животно осигурување.

И без разлика во која доба од животот се наоѓате, доколку немате животно осигурување, а размислувате за истото, најдоброто време да го направите тоа е токму СЕГА.

Business Woman

Вилма Учета-Дузлевска нов генерален директор на Триглав осигурување живот АД Скопје

Објавено

на

Компанијата Триглав осигурување живот АД Скопје доби нов генерален директор и извршен член на одбор на директори. Вилма Учета-Дузлевска ја презема водечката позиција во компанијата по поминати неколку мандати на извршни позиции во областа на осигурувањето во Кроација осигурување. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Поддршка во борбата со рак на дојка: Сигурност во најпотребните животни моменти со Халк Осигурување

Објавено

на

Секојдневно три од четири случаи се дијагностицираат со рак на дојка, повеќе од 250 жени заболуваат месечно, додека 90 од нив ја губат битката. Со овие статистики ракот на дојка претставува најчест облик на тумор кај жените. Периодот на КОВИД-пандемијата го отежна пристапот до медицинска услуга и до третман, а уште повеќе и до одложување на дијагностицирањето на заболувањата. Затоа, повеќе од кога и да било, потребни се, пред сè,  самопрегледите, превенцијата и раното детектирање на состојбите.   (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Потврден одличниот кредитен рејтинг на Сава Ре од страна на AM Best

Објавено

на

По редовниот годишен преглед, агенцијата за рејтинг AM Best го потврди „A“ рејтингот на финансиската моќ и „А“ долгорочен кредитен рејтинг на Сава Ре,  при што перспективата ја оцени како „стабилна“. (more…)

Продолжи со читање

Популарно