Connect with us

Осигурување

НЕДЕЛА НА ОСИГУРУВАЊЕ: Како до најдобра полиса за осигурување?

Објавено

на

Важно е, колку ќе потрошите на премијата на осигурување, но тука постојат и други фактори кои треба да се разгледаат при изборот на осигурувањето.

Во продолжение ќе ви објасниме што треба да знаете со цел да ја одберете најдобрата полиса за осигурување за вас.

Финансиска стабилност на Осигуреникот

Без разлика на тоа колку се квалитетни и ценовно поволни полисите од одредена осигурителна компанија, ако друштвото за осигурување не е финансиско стабилно, се поставува прашањето дали ќе биде во можност во потполност да се исполнат преземените обврски.

Дали големината на компанијата за осигурување е важна? и Да и Не.  

Повеќето од најголемите осигурителни компании работат веќе со децении, а некои и подолго …Ако работи толку долго, можете да бидете прилично сигурни да ја разберете сложеноста на работата за осигурување, да знае како да управува со ризикот и со имотот, а да има и богата историја на предходно преземени обврски. Но и тоа не значи дека довербата не треба да се укаже и да се работи со помали компании. Постојат повеќе мали и средни друштва за осигурување, кои подеднакво ги исполнуваат финансиски обврски, како и големите компании.

Задоволство на Осигуреникот

Служба за поддшка на корисниците на осигурувањето

За многу луѓе, осигурувањето е комплицирана тема, така што е многу важно да имате преставници од осигурителни компании на кои можете да им верувате, кои ги разбираат Вашите потреби.

Побарајте помош од професионални советници за осигурување

Повеќето луѓе купуваат осигурување преку агенти, застапници или посредници, и тоа со добра причина… Утврдувањето кое и какво осигурување да земете, е една од најважните финансиски одлуки, но тоа е едно од најкомплексните прашања. Правите советници за осигурување ќе ви направат темелна анализа на потребата од осигуравање и ќе ви дадат препорака која се темели на стручно знаење, но и на личен однос и стекната доверба.

Широк спектар на производи за осигурување

Дали осигурителните друштва до кои сте се обратиле, ви даваат широк асортиман на производот за осигурување? Одредени осигурителни компании се сконцентрирани на еден сегмент од пазарот, на пример само за животно осигурување или неживотно осигурување. Други компании можат да се пофалат со нивната шаренолика понуда.

Дали треба да се определите за осигурителна компанија која развива производи од само одредени видови на осигурување значи дека нивните понуди се подобри и квалитетни….или предноста треба да ја дадете на компанијата која може да ви ги понуди сите видови на осигурување. Не постои универзален одговор и совет кој би можеле да ви го дадеме, но во секој случај важно е:

Да ги споредите понудите и да ја утврдите користа од осигурувањето

Секоја полиса за осигурување има различна покриеност и предност. Фактите кои би можеле да ги добиеме во предвид кога се споредуваат понуди за осигурување – обем на покритие, учество во штета, начинот на договор, максимална (потенцијална) сума која осигуреникот треба ( може) да ја исплати…. Неколку осигурителни компании комбинираат предности, така што ако сте во можност да ги одредите Вашите цели, ќе можете да го одберете правото осигурување кое ќе ви го даде покритието кое го очекувате.

Вистинска компанија за Осигурување

За Вас вистинска компанија е таа која ви дава покритие кое ви одговара со квалитетни производи и примерни цени за осигурување, а при тоа има „добра“ репутација на извршени услуги од страна на купувачите и поседува финансиска способност да ги исполни преземените обврски.

Осигурување

Беркан Имери именуван за нов претседател на Надзорниот одбор на Халк Осигурување АД Скопје

Објавено

на

Беркан Имери, досегашен неизвршен член на Надзорниот одбор на Халк осигурување АД Скопје е именуван за нов претседател на Надзорниот одбор на осигурителната компанија. Имери во Халк осигурување е од јануари 2019 година, а воедно над 10 години работи и во Халкбанк АД Скопје на различни позиции, меѓу кои и Директор на секторот за управување и планирање на финансии и Директор на секторот за финансиско управување, сметководство и кредитна анализа. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Триглав – групација со солиден капитал и стабилен, профитабилен бизнис

Објавено

на

Агенцијата за кредитен рејтинг „S&P Global Ratings” (во натамошниот текст: „S&P” или агенција) по редовниот годишен преглед на ден 11.09.2020 година, на Групацијата Триглав, а со тоа и на нејзиното матично друштво и друштвото ќеркa Позаваровалница Триглав Ре, повторно ја потврди долгорочната кредитна бонитетна оценка и кредитната оценка за финансиска моќ »A« со стабилна среднорочна прогноза. Високиот рејтинг е одраз на стабилното и профитабилно работење на Групацијата Триглав, нејзината солидна капитализираност, промислената реосигурителна заштита и водечката позиција на пазарот во Словенија и во регионот. Кредитниот рејтинг „А“ е исклучиво проценка на самостојниот профил на кредитни ризици на Групацијата и не содржи никакви зголемувања, што би биле последица на поврзаноста на Групацијата со државата. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Нови приливи од камати распределени на сметките на членовите во Сава пензиски фонд и Сава пензија плус

Објавено

на

Сите приливи кои се резултат на инвестираните пензиски заштеди акумулирани во пензиските фондови со кои управува Сава пензиско друштво а.д. Скопје им припаѓаат на членовите и на пензионираните членови на фондовите и пропорционално се распределуваат на нивните сметки. (more…)

Продолжи со читање

Популарно