Connect with us

Осигурување

НЕДЕЛА НА ОСИГУРУВАЊЕ: Каков вид на каско осигурување да одберете, од кои ризици се штити возилото?

Објавено

на

За безгрижно да располагате со вашето моторно возило и да се заштитите од сите можни ризици, добро е да размислувате за осигурителна каско полиса која може значително да ги покрие сите потенцијални штети.

Осигурителните компании нудат различен вид на каско полиси кои покриваат материјални штети на моторното возило, пример од удар на предмет, како пад на дрво, пожар, ненадејно надворешно термичко или хемиско дејство, удар на гром, експлозија, луња, град, снежна лавина и многу други штетни последици кои се дефинирани во самите услови на полисата.

На македонскиот пазар каско осигурувањето е незадолжително и со промена на сопственост на возилото, не се префрла и самата полиса. Исто така може да се обезбеди делумно каско осигурување со кое се опфатени дел од ризиците. Потполното каско осигурување ги опфаќа сите видови на ризици по моторното возило, вклучувајќи негова кражба, разбојништво и намерно оштетување.

Во Триглав осигурување со полиса за автомобилска одговорност и зелена карта, имате непријавени штети при обнова на полиса и плаќате еднократно, полисата за Каско осигурување која можете да ја добиете со попусти на премијата од 40-70%.  Со ова осигурување до одредено ограничување е покриен и багажот кај патничките моторни возила.

Уника нуди делумно каско осигурување со:

  • Осигурување само од пожар,
  • Осигурување само од кражба,
  • Осигурување само од пожар и кражба,
  • Осигурување од кршење на стакло само кај ПМВ.

Во целосното каско осигурување на Уника се вклучени:

  • Сообраќајна незгода, како превртување, судар, удар, урнување и слично,
  • Паѓање на предмет врз возилото или удар од некој предмет,
  • Пожар,
  • Удар од гром,
  • Оштетување на тапацир при давање на помош при сообраќајна незгода,
  • Ненадејно надворешно термичко или хемиско дејство,
  • Експлозија (освен експлозија од нуклеарна енергија),
  • Бура, град, снежна лавина; поплава, порој и високи води,
  • Паѓање на воздушни летала,
  • Манифестации и демонстрации,
  • Злонамерни постапки на трети лица,
  • Кражба, противправно одземање на возило и разбојништво,
  • Намерно предизвикување на осигуран предмет со цел да се спречи поголема штета.

Винер осигурување ги нуди истите категории на покритие на штета на каско осигурувањето, а цената на полисата зависи од новонабавната вредност на возилото, како и од фактот дали и колкава франшиза ќе изберете во полисата.

Потребни документи за пријава на штетата се:

  • Пријава за штета / барање за надомест на штета
  • Записник од МВР/службена белешка/доказ за извршено алкотестирање, европски записник доколку е направен
  • Фотокопија од возачка дозвола
  • Фотокопија од сообраќајна дозвола
  • Трансакциска сметка / жиро сметка за правни лица
  • Осигурително покритие на полисата
  • Комисиски записник за проценка на возилото
  • Слики од оштетеното возило
  • Документација за поправка на возилото-фактури
  • Изјава за начинот на случување на незгодата
  • Изјава дали лицето е носител на јавна функција

Каско осигурувањето ви овозможува да го осигурате своето моторно возило од оштетување или уништување. Сава осигурување во зависност од опфатените ризици, има дефинирано 5 пакета за осигурениците кои сакаат полиса за моторното возило со различна покриеност и различна цена. Тие се:

  • Мини каско
  • Потполно каско
  • Супер потполно каско
  • Каско на паркинг
  • Каско на прв ризик

АД Осигурителна полиса нуди каско осигурување на речиси секаков вид на возила, од патнички моторни возила, до шински возила, каско осигурување на воздухоплови, и на пловни објекти.

Согласно со индивидуалните потреби и ризици на кои се изложени сопствениците на моторни возила, Еуролинк дизајнираше каско производи со ограничено покритие и по пониски цени:

  • Потполно каско осигурување без ризик кражба
  • Потполно каско осигурување без ризик сообраќајна незгода (ДОБАР ВОЗАЧ)
  • Делумно каско осигурување од пожарни, природни и други ризици
  • Делумно каско осигурување од пожарни, природни и други ризици и ризик кражба
  • Делумно каско осигурување од ризик кражба
  • Делумно каско осигурување само за време на мирување

Во информациите на Лион инс е наведено дека за каско осигурување во нивната понуда при тотална штета на возилото, престанува важноста на каско полисата. Исто така дел од осигурителните компании препорачуваат штом настане штетата на возилото да се направи обид за нејзино понатамошно проширување со соодветни мерки.

Со купувањето полиса за осигурување, се заштитувате себеси и своето семејство, своето возило и другите учесници во сообраќајот од последици на можен несреќен случај. Движете се слободно и препуштете ѝ ја грижата за ризикот што произлегува од вашето движење, препорачуваат од Еуросиг кои за потребите на корисниците имаат разработено цела програма за заштита, во која се нуди потполно и делумно каско осигурување.

Во понудата на Кросиг е вклучено осигурување на дополнителна опрема. Освен возилото, со потполно каско осигурување може да се осигура дополнителната опрема како: алат, приклучни уреди, прибор и резервни делови, радиоапарат, касетофон, радиоапарат со ЦД, ДВД, телевизор и радиостаница на возилото кои не се вградени во возилото од страна на производителот рекламни натписи во возило и на возило

Кросиг ги нуди следните видови на каско осигурување:

  • Каско осигурување без учество во штета
  • Каско осигурување со одбитна франшиза (учество во штета) кое може да изнесува од 100 ЕУР, 200 ЕУР, 400 ЕУР и 500 ЕУР. Во зависност од висината на франшизата, висината на премијата се менува. Поголема франшиза-помала премија. Изберете го видот кој најповеќе ви одговара.

Поволности кои се вклучени во понудата на Кросиг се:

  • Попусти за добра деловна соработка
  • Попуст за петгодишен договор
  • Попуст за авто-осигурителна полиса
  • Попуст за немање на штета во последната година по авто-осигурителна полиса

Се надеваме дека ви помогнавме подобро да се информирате за потребата од вадење на каско осигурување, за видот на полиси кои се достапни на македонскиот пазар, како и за условите за покривање на евентуалните штети.

Осигурување

Стојанче Стоилов: Не пробувај лажен цепелин, одиграј на сигурно со животното осигурување на Винер Лајф!

Објавено

на

Стојанче Стоилов е македонски ракометар, долгогодишен член на македонската ракометна репрезентација и ракометар на РК Вардар. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Прва посета на осигурителни компании од Турција, можна соработка во здравственотo и осигурувањето штети од земјотреси

Објавено

на

Осигурителни компании од Турција, членки на Истанбулската трговска комора (ИТО), вчера на средба со Стопанската комора Македонија – Турција (МАТТО) во Скопје ги разгледале можностите за развивање заднички производи и оцениле дека е можна соработка во областа на здравственотo и осигурувањето штети од земјотреси. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Триглав Осигурување и Македонската кошаркарска федерација ја продолжуваат соработката

Објавено

на

Раководството на Кошаркарската федерација на Северна Македонија денеска на прес-конференција ја официјализираше соработката со Триглав Осигурување АД Скопје, компанијата што го продлабочи помагањето на македонскиот спорт со инвестиција во младинската кошарка. Поточно, Триглав Осигурување АД Скопје стана главен помагател на младинската кошарка, покривајќи ги котизациите на сите младински екипи во Македонија, во сите возрасни категории во машка и женска конкуренција. (more…)

Продолжи со читање

Популарно