Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Осигурување

НЕДЕЛА НА ОСИГУРУВАЊЕ: Зошто е важно осигурувањето од авто-незгода?

Објавено

на

Осигурувањето од автомобилска одговорност е задолжителен вид осигурување, неопходно пред да се вклучите со вашето возило во сообраќај.

Во сообраќајна незгода може да дојде до повреда на возачот, како и на патниците. За неколку денари повеќе, пресметани во годишната премија, можете да обезбедите свое, како и осигурување на сопатниците.

Сопствениците, односно корисниците на моторни возила, со Законот за задолжително осигурување во сообраќајот се обврзани, пред да се вклучат во сообраќајот да купат полиса од автомобилска одговорност, со која се обезбедува сопственикот од одговорност спрема трети лица за причинети штети кои за последици можат да имаат: смрт, телесна повреда и нарушување на здравјето, уништување и оштетување предмети.

Полисата за автоодговорност е всушност полисата која мора да ја извадите за да го регистрирате Вашето возило за учество во сообраќајот. Со оваа полиса одите на технички преглед и врз основа на неа и на техничкиот преглед добивате печат на сообраќајната кој е потврда дека возилото е регистрирано.

Со полисата за осигурување од автомобилска одговорност може да се склучат следните дополнителни осигурувања:

  • Осигурување од автомобилска одговорност за штети предизвикани на трети лица во странство – Зелена карта
  • Осигурување на возачот и патниците од последици на несреќен случај – незгода
  • Дополнително каско осигурување стакла од кршење на патнички возила, товарни возила и автобуси

Осигуреникот ги губи правата од полисата и е должен да го плати износот што осигурителната компанија како надомест на штета го исплатила на третото лице во следниве случаи:

  • Не склучил полиса за осигурување од автомобилска одговорност
  • Возилото го управувало и користело неовластено лице
  • Управување со возило без валидна возачка дозвола
  • Возилото го управувал под дејство на алкохол, дрога и други наркотици

Износот на премијата со текот на годините се намалува, доколку за времетраењето на полисата не предизвикате материјални или нематеријални штети кон трети лица. Доколку сте предизвикале штети кон трети лица во времетраењето на полисата, при нејзино обновување износот ќе се зголеми без оглед во која компанија ќе продолжите да користите осигурување од автомобилска одговорност.

Осигурувањето на гуми ги покрива трошоците за:

  • Помош на пат, со цел оспособување на оштетената гума на возилото;
  • Набавка на нова гума; висината на учество се пресметува согласно табелата за амортизација и истрошеност на оштетената гума;
  • Демонтажа и монтажа на гума на тркала;
  • Нов тубелес вентил;
  • Обезбедување на шлеп служба за возилото и превоз за патниците, до најблискиот сервис;
  • Чување на возилото, во случај кога автомобилскиот сервис е вон работно време;

Осигурување за лекување на повреди здобиени во сообраќајна незгода

 Со ова осигурување по исклучително поволни услови си обезбедувате рехабилитација од повреди настанати при сообраќајна незгода.

Со ова осигурување добивате надомест на штета во случај на:

  • Смрт од несреќен случај – незгода
  • Траен инвалидитет

Што е каско осигурување?

Каско осигурување обезбедува целосна заштита на вашето моторно возило од речиси сите ризици на кои е изложено.

Со цел обезбедување најсоодветно покритие за вашите потреби, дизајниравме повеќе пакети за каско осигурување со различни опции за покриените ризици.

  Потполно каско осигурување ги покрива штетите настанати од:

  • Сообраќајна незгода (превртување, удар, лизгање, урнување)
  • Удар од моторно возило додека вашето возило е во мирување – паркирано или запрено
  • Пожар и удар на гром
  • Експлозија
  • Луња и град
  • Снежна лавина
  • Летала
  • Манифестации и демонстрации
  • Провална кражба, разбојништво и одземање моторно возило
  • Злонамерни постапки на трети лица
  • Оштетување на тапацирот во возилото при давање помош на повредени лица
  • Поплава, порој и високи води

Осигурувањето на вашиот автомобил важи и во странство, за што е потребно да си обезбедите зелена карта. Зелената карта е меѓународно признат документ за осигурување, којшто Ви е задолжително потребен доколку со возилото планирате да патувате надвор од границите на државата.

Валидноста на Зелена карта е поврзана со трајноста на полисата за авто-одговорност, имено, со истекот на полисата на авто-одговорност автоматски престанува важноста на Зелената карта.

Осигурување

Групацијата Триглав за првите девет месеци од 2019 година оствари добивка од 72 милиони евра

Објавено

на

Во првите девет месеци од оваа година, Групацијата Триглав реализираше 905,5 милиони евра консолидирани бруто премии, што е за десет проценти повеќе отколку во истиот период лани. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Менаџерски промени на раководните позиции во Кроациа осигурување Живот и Неживот

Објавено

на

Менаџерски промени на раководните позиции на брендот Кроациа осигурување Живот и Неживот, моментален лидер на пазарот на осигурување во земјава. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Триглав осигурување АД Скопје оствари добивка од 48,5 милиони денари за девет месеци во 2019 година

Објавено

на

Триглав Осигурување АД Скопје преку Македонска Берза објави неревидиран финансиски извештај за периодот 01.01.-30.09.2019 година. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange