Connect with us

Осигурување

НЕДЕЛА НА ОСИГУРУВАЊЕ: Бидете безбедни кога патувате

Објавено

на

Патничко осигурување е една од најважните работи кои треба да ги имате со себе кога патувате надвор од државата. Ова осигурување ве штити од трошоци во случај на нужна потреба од медицинска помош во странство, а овие трошоци можат да бидат енормни во зависност од земјата во која патувате и услугите кои ќе ги користите. Патничкото осигурување ви дава потполна заштита додека сте на привремено патување и на посета во странство во случај на ненадејна болест или несреќен случај.

Патот носи убави моменти, но и ризици да се доживее незгода или да се претрпи штета. Зошто да ризикувате да ви пропадне бизнис зделката, да ви пропадне одморот или да не се видите со пријател? Остварете ја целта без оглед на ризиците.

Бидете безбедни кога патувате.

Кои трошоци ги покрива патничкото осигурување?

  • Трошоци за медицински третман ( амбулантен третман, лекови, болничко лечење, транспорт…)
  • Патна асистенција ( различни советодавни услуги во врска со итното патување…)
  • Правна асистенција ( организирање на праавна помош, обезбедување услуга за преведувач…)
  • трошоци за лекување од ненадејна болест и незгода
  • трошоци за итна стоматолошка интервенција
  • трошоци за транспорт на осигуреникот во матичната земја
  • трошоци за купување на неопходни работи, поради авионско доцнење на багаж

Багаж и замена на патни документи:

  • багаж – кражба, оштетување или уништување
  • багаж – кражба во моторно возило
  • багаж – задоцнето пристигнување во странство во случај на доцнење меѓу 12 – 24 часа
  • багаж – задоцнето пристигнување во странство во случај на доцнење повеќе од 24 часа
  • трошоци за повторно издавање пасош
  • возачка дозвола и сообраќаен сертификат

Што е потребно да направите во случај на болест или незгода?

  • Јавете се на контакт центарот на осигурителната компанија за да добиете неопходни информации и помош
  • Во случај ако не сте во можност да се јавите во контакт центарот, пред прегледот покажете ја полисата во болницата за да ве пријават дека се осигурани
  • Сочувајте ја оригиналната медицинска документација и оригинални сметки поради надокнада ( рефундација) на трошоците кога ќе се вратите во земјата.

Што е здравствено патничко осигурување?

Патничко осигурување е важен дел од вашиот план за патување. Патничко осигурување покрива трошоци кои неочекувано настанале за време на вашето патување или пред патувањето (во случај на откажување на патувањето). Во зависност од покритието кое самите сте го одбрале може да бидат надоместени трошоци за лекување од незгода и болест, надомест за смрт од последици на незгода, трошоци поради доцнење или кражба на багаж, надомест во случај на губење на патни документи, како и друга здравствена помош, кои би можеле да настанат за време на Вашето патување.

Што е траење, а што важност на патничкото осигурување?

Полисата за патничко осигурување се склучува за одреден број на осигурени денови во определен временски период (траење на осигурување). За да бидете осигурени патувањето треба да се одвива во периодот наведен во полисата, а бројот на денови на престој во странство не треба да го надминува бројот на осигурени денови. Внимавајте на бројот на осигурени денови кој што е наведен во полисата. Доколку во периодот веќе сте патувале и сте ги искористиле осигурените денови, без разлика што периодот на осигурување се уште трае, Вашата полиса не е повеќе важечка. Во тој случај, обезбедете ново патничко осигурување. Во спротивно нема да поседувате осигурително покритие во случај на штетен настан.

Што е тоа “франшиза” ?

Франшизата го означува вашето учество во настанатата штета. Ова значи доколку штетата е помала од износот на франшиза, настанатите трошоци од штетата ги покривате Вие самите. Доколку е штетата поголема од франшизата вашето учество е во износ на франшизата, а останатиот дел од штетата ќе го покрие друштвото за осигурување.

Причини да купите патничко осигурување

Кога сте во вашата земја на живеење, трошоците за лекување се скоро незабележителни. Но, кога патувате во странство, овие трошоци може да бидат екстремно високи за Вашиот буџет. Доколку сте во странство и Ви се случи незгода, а при тоа со себе немате доволно парични средства, во претходна консултација со Друштвото за осигурување или асистентската куќа, ќе Ви биде овозможен медицински третман само со приложување на полисата. При влез во одредени земји, поседувањето на полиса за здравственото патничко осигурување е задолжително. 

Осигурување

Беркан Имери именуван за нов претседател на Надзорниот одбор на Халк Осигурување АД Скопје

Објавено

на

Беркан Имери, досегашен неизвршен член на Надзорниот одбор на Халк осигурување АД Скопје е именуван за нов претседател на Надзорниот одбор на осигурителната компанија. Имери во Халк осигурување е од јануари 2019 година, а воедно над 10 години работи и во Халкбанк АД Скопје на различни позиции, меѓу кои и Директор на секторот за управување и планирање на финансии и Директор на секторот за финансиско управување, сметководство и кредитна анализа. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Триглав – групација со солиден капитал и стабилен, профитабилен бизнис

Објавено

на

Агенцијата за кредитен рејтинг „S&P Global Ratings” (во натамошниот текст: „S&P” или агенција) по редовниот годишен преглед на ден 11.09.2020 година, на Групацијата Триглав, а со тоа и на нејзиното матично друштво и друштвото ќеркa Позаваровалница Триглав Ре, повторно ја потврди долгорочната кредитна бонитетна оценка и кредитната оценка за финансиска моќ »A« со стабилна среднорочна прогноза. Високиот рејтинг е одраз на стабилното и профитабилно работење на Групацијата Триглав, нејзината солидна капитализираност, промислената реосигурителна заштита и водечката позиција на пазарот во Словенија и во регионот. Кредитниот рејтинг „А“ е исклучиво проценка на самостојниот профил на кредитни ризици на Групацијата и не содржи никакви зголемувања, што би биле последица на поврзаноста на Групацијата со државата. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Нови приливи од камати распределени на сметките на членовите во Сава пензиски фонд и Сава пензија плус

Објавено

на

Сите приливи кои се резултат на инвестираните пензиски заштеди акумулирани во пензиските фондови со кои управува Сава пензиско друштво а.д. Скопје им припаѓаат на членовите и на пензионираните членови на фондовите и пропорционално се распределуваат на нивните сметки. (more…)

Продолжи со читање

Популарно