Connect with us

Останато

НЕДЕЛА НА ИНОВАЦИИ: Knigoteka – прва домашна дигитална книжарница

Објавено

на

Македонската компанија Knigoteka е првата домашна дигитална книжарница за продажба на електронски книги каде на едно место може да се најдат изданијата на голем број македонски издавачки куќи.

Брзиот развој на дигиталната технологија е основен предуслов за појавата на електронските книги. Препознавајќи го овој иновативен тренд во светот, во соработка со издавачки куќи од Македонија, развиена е првата македонска дигитална книжарница за електронски книги во која може да се најдат најпопуларните наслови од домашни и светски автори на македонски јазик.

Основната мисија е да се доближи книгата до читателот на брз и едноставен начин воведувајќи го во новиот свет на модерното читање. Читателите можат да ги купуваат и читаат книгите преку своите мобилни уреди во било кое време, каде и да се наоѓаат во светот.

Нашата идеја започна пред неколку години со лансирањето на проектот Македоника. Станува збор за една благородна идеја за зачувување на целокупното македонско литературно наследство за што ја создадовме и фондацијата Македоника – Бесплатни е-книги, како и бесплатната дигитална библиотека која овозможува читање на електронски книги. Додека го развивавме проектот, постојано го следевме пазарот на електронски книги и сфативме дека издавачите од целиот свет имаат голема потреба да креираат сопствена дигитална книжарница, како и да го прилагодат своето работење на денешните технолошки промени и брзиот развој на дигиталното општество.” – вели Марија Ичокаева.

Платформата е развиена со поддршка на Фондот за иновации и технолошки развој.

Останато

Ангеловска: Реотварањето на економијата – побрзо, приходите во јуни – подобри од очекуваното

Објавено

на

Наплатата на приходите во јуни значително подобра од проекциите, што укажува на тоа дека реотварањето на економијата ќе оди побрзо од очекуваното. За јуни наплатата на приходите во однос на лани е 9,6%, што е подобрување во однос на претходните два месеци. Дури има и натфрлање на одредени давачки за високи проценти во однос на лани како кај персоналниот данок на доход и придонесите. Ова го истакна министерката за финансии Нина Ангеловска на редовната прес-конференција за месечното извршување на буџетот, кои во насока на зголемена транспарентност е одржуваат од почетокот на COVID-19 кризата. (more…)

Продолжи со читање

Останато

УЈП: Се заокружи второто тримесечје на МојДДВ за 2020 година, исплата ќе се врши во август

Објавено

на

Управата за јавни приходи известува дека на 30.06.2020 година се заокружи второто тримесечје од 2020 година за поврат на ДДВ кај физичките лица. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Извршниот директор на „Airbnb“, Брајан Чески: „Ни требаа 12 години да го изградиме брендот, а изгубивме скоро сè за само 6 недели“

Објавено

на

Можете да поминете децении во градењето на вашиот сон, а светот може да го уништи со нешто што е случајно како пандемија на непознат вирус. Ова е точно она што и се случи на компанијата „Airbnb“ и на нејзиниот извршнен  директор Брајан Чески, со појавата на Ковид-19 годинава. (more…)

Продолжи со читање

Популарно