Connect with us

Останато

НЕДЕЛА НА ИНОВАЦИИ: Kiimo – македонска апликација за достава на пратки

Објавено

на

Преку апликацијата Kiimo ќе имате можност за достава на пратки додека се движите, шетате или работите во урбана средина, која може да донесе дополнителна заработка и да го реши проблемот на изгубените и недоставени пратки.

 

Kiimo е апликација во сегментот на економија на споделување, која што го решава проблемот на достава на пратки во урбани средини. Со зголемување на обемот на купување на интернет, луѓето се почесто се соочуваат со проблемот на ненавремено доставени или недоставени пратки. Тоа се случува затоа што логистичките компании се специјализирале и го оптимизирале процесот на доставување само на долги дестинации, на пример од Германија до Македонија, но сè уште немаат ефикасен начин за доставување во урбани средини.

Апликацијата Kiimo цели кон тоа да го демократизира начинот на доставување преку вклучување на сите луѓе во процесот на достава. Тоа значи дека секој може да биде и испраќач и доставувач. Ние сме првата апликацијата која што ќе ги поттикне луѓето повеќе да пешачат, а со тоа и да заработат.

Фото: Inovativnost.mk

Апликацијата е базирана на ГПС технологија, што значи дека подигнувањето на пратките се врши од местото каде што се наоѓа испраќачот. Апликацијата на почетокот ќе биде промовирана во Скопје, Загреб и Љубљана.

Заработката на секој доставувач ќе изнесува 75% од износот платен за достава, што значи дека доколку доставата чини 100 денари, доставувачот ќе добие 75 денари.

 

Повеќе детали на ЛИНК.

Останато

Хрватски државјанин измамил илјадници српски претприемачи, но не може да биде казнет!?

Објавено

на

Писма и уплатници што деновиве пристигнуваат на адресите на многу компании во Србија, во кои се бара плаќање за одреден деловен регистар до 15.000 динари, испраќа компанијата зад кој стои Кристијан Грубишиќ. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Банките перат валкани пари и никому ништо

Објавено

на

Преку најголемите банки веројатно се испрани две милијарди сомнителни долари, пишува главната уредничка на „DW”, Мануела Каспер-Клериџ. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Бесими: Ребалансот во тек, средствата ќе се насочат таму каде ќе дадат подобри резултати

Објавено

на

Буџетираните средства не се за на хартија, тие треба да се реализираат, за да може да се поттикне економската активност. Ќе се предвидат механизми за оние институции кои се поуспешни во реализацијата да се обезбедат повеќе средства, додека оние кои имаат послаба реализација, тие средства да се усмерат кон вистинските позиции каде има поголем учинок. Ребалансот на буџетот е во тек, а средствата од позициите со помала реализација ќе се насочат кон новиот пакет мерки, вели во интервју за вестите на Сител министерот за финансии Фатмир Бесими. (more…)

Продолжи со читање

Популарно