Connect with us

Останато

НЕДЕЛА НА ИНОВАЦИИ: Challenger – „зелени“ километри за почиста животна средина

Објавено

на

Challenger, првата македонска мобилна апликација која сака да направи регионално влијание преку наградување на луѓето кои што пешачат или се движат со нивниот велосипед по локалните улици.

Факт е дека живееме во најзагадениот град во Европа. Сите се повикуваат дека треба да се пронајде решение за аерозагадувањето, па така тимот на Challenger одлучува да биде дел од тоа решение – а не дел од проблемот. Со Challenger, секој поминат километар пешки или на велосипед – се брои, на принципот колку повеќе километри, толку повеќе Challenger поени кои ти носат попусти и награди. Тимот на Challenger смета дека преку меѓусебно натпреварување и мотивирање се создава и гради – од граѓаните за граѓаните подобро општество и животна средина. 

Преку апликацијата Challenger можеш да станеш вистински СУПЕР ХЕРОЈ благодарение на твоите зелени километри, кои намалуваат стотици отпадни гасови во воздухот што сите ги дишеме.

Дознај повеќе како фунцкционира оваа апликација во продолжение.

Апликацијата е моментално во првата тест фаза со своите први 100 корисници, и за многу кратко се отвара и втората фаза во која ќе учествуваат 2000 корисници. Вклучете се преку оставање на вашиот е-маил тука.

Младите ентузијасти Теодора, Олга, Стефан и Митко, со својата бизнис идеја се едни од победниците на регионалниот натпревар Philanthropy for Green Ideas на кој, во конкуренција со националните победници од Албанија, Босна и Херцеговина, Грција, Косово, Србија и Црна Гора се натпреваруваа и македонските национални победници на АРНО натпреварот за зелени бизнис идеи.

Останато

Ангеловска: Реотварањето на економијата – побрзо, приходите во јуни – подобри од очекуваното

Објавено

на

Наплатата на приходите во јуни значително подобра од проекциите, што укажува на тоа дека реотварањето на економијата ќе оди побрзо од очекуваното. За јуни наплатата на приходите во однос на лани е 9,6%, што е подобрување во однос на претходните два месеци. Дури има и натфрлање на одредени давачки за високи проценти во однос на лани како кај персоналниот данок на доход и придонесите. Ова го истакна министерката за финансии Нина Ангеловска на редовната прес-конференција за месечното извршување на буџетот, кои во насока на зголемена транспарентност е одржуваат од почетокот на COVID-19 кризата. (more…)

Продолжи со читање

Останато

УЈП: Се заокружи второто тримесечје на МојДДВ за 2020 година, исплата ќе се врши во август

Објавено

на

Управата за јавни приходи известува дека на 30.06.2020 година се заокружи второто тримесечје од 2020 година за поврат на ДДВ кај физичките лица. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Извршниот директор на „Airbnb“, Брајан Чески: „Ни требаа 12 години да го изградиме брендот, а изгубивме скоро сè за само 6 недели“

Објавено

на

Можете да поминете децении во градењето на вашиот сон, а светот може да го уништи со нешто што е случајно како пандемија на непознат вирус. Ова е точно она што и се случи на компанијата „Airbnb“ и на нејзиниот извршнен  директор Брајан Чески, со појавата на Ковид-19 годинава. (more…)

Продолжи со читање

Популарно