Connect with us

Анализи

НЕДЕЛА НА ИНОВАЦИИ: Пакомак – прва македонска компанија која воведува светски тренд во рециклирањето

Објавено

на

Енормниот обем на отпад кој се креира со зголемена консумација во модерното општество, селективното одложување отпад, собирањето и неговото рециклирање е екстремно важен процес за одржување на чиста и незагадена околина.

За многумина овој процес е напорен и одзема премногу енергија, па затоа Пакомак ќе се обиде да ги мотивира граѓаните на Македонија да се приклучат на едноставен начин преку воведување на повратни вендинг машини т.н. наречени SmartBin, кои ќе функционираат во склоп на ecoMac – систем на стимулација кој ги наградува луѓето што селективно одложуваат отпад преку награди, попусти или некои останати придобивки. Ваков проект досега не сме имале на територијата на Македонија и претставува вистинска иновација на полето на собирање и рециклирање на комунален отпад. 

Што е идејата на поставувањето на повратни вендинг машини (ПВМ)?

Целта е да се мотивираат  граѓаните што поефикасно и побрзо да се вклучат во процесот на селективно одложување отпад, а со самото учество во процесот да бидат соодветно наградени со  т.н. зелени поени кои може да ги користат за плаќање производи и јавни услуги (на пр. Комунални такси, билети за јавен превоз, паркинг и сл.). На почетокот, Пакомак ќе постави машини во неколку општини низ земјата, а долгорочниот план опфаќа поставување на машини на целата територија на Македонија. Проектот е наменет за сите граѓани, без разлика на возраст и социјалниот статус, а и системот на награди е приспособен за сите групи во општеството. Првиот прототип се очекува во првата половина на оваа година. 

Кој е принципот на работа на повратните вендинг машини на Пакомак?

Иако работи на истиот принцип како стандардните вендинг машини (се ставаат пари, се добива производ) , поради обратниот процес (се става производ, се враќаат пари) таа се нарекува повратна вендинг машина. Она што започна како експеримент во 1970-тите во Норвешка, денес е многу успешен глобален проект кој на еден едноставен начин ја одржува нашата планета почиста, истовремено поттикнувајќи ги луѓето да рециклираат отпад.
Иако досега не беа застапени во Македонија, повратните вендинг машини не се нов концепт во светот. Вообичаено, постојните ПВМ  работат на многу едноставен концепт – корисникот/граѓанинот во машината става отпад за рециклирање во форма на производ (пластично шише, лименка, стаклено шише) а за возврат добиваат вредносен купон или пари.

ПВМ на Пакомак ќе примаат пластични шишиња и лименки. Преку посебна апликација на својот мобилен телефон граѓаните ќе собираат т.н. зелени поени. Бизнис моделот на Пакомак ќе вклучи мрежа од јавни институции, општини, производни компании, а во секој момент ќе има и податок колку парчиња амбалажен отпад се рециклирани, од кој бренд се тие и кој материјал. Исто така, системот на Пакомак ќе препознава кои граѓани се најеколошки совесни и рециклираат најмногу шишиња во текот на годината, со што се дава можност за добивање на дополнителни бенефити за тие совесни граѓани. 

ПРЕДНОСТИ:

1. Сето ова не мора да биде воведено на ниво на цела држава туку може да оди општина по општина. Со тоа се намалува почетната потреба од големи инвестиции одеднаш.

2. Граѓаните добиваат навистинаљ екстра заштеда или приход, а не сопствените пари кои ги дале како депозит со купување на тој производ. Со тоа неколку стотина илјади евра би се вратиле на оние граѓани кои имаат совесен пристап кон селекција на отпадот.

3. Третата предност е што машината на Пакомак ќе биде македонски производ со значително пониска цена од постојните светски модели и пониска цена на одржување. Тоа го прави овој модел пристапен за помасовна употреба и побрзо покривање на цела територија на земјава. Материјалот собран во овие машини е многу чист со можност за 100% рециклирање.

Анализи

Како инвеститорот Бил Акман заработи милијарди од корона кризата додека берзите тонеа?

Објавено

на

Слично како при падот на пазарот на недвижности во САД во 2006-2008 година, кога се создаде огромната хипотекарна криза и кога се случи тешката финансиска криза, одредени инвеститори ги броеја милијардите, додека пак останатите во паника чекаа владини мерки за спас на пазарот на капитал.

Така и сега, во екот на корона кризата која ги потона берзите во САД и глобалните пазари, инвеститорот Бил Акман од неколку вложени милиони, заработи 2,7 милијарди долари, а со тоа практично го спаси неговиот инвестициски фонд Pershing Square Capital Management како и портфолијата на бројни компании и организации.

Наједноставно кажано Акман се обложи со 27 милиони долари дека економијата на САД ќе доживее крах и тоа пред еден месец, кога се појавија првите сигнали дека корона вирусот ќе се прошири насекаде во светот и ќе предизвика глобална пандемија.

Акман исто така ги ликвидираше повеќето корпоративни хартии од вредност за кои беше сосема извесно дека ќе изгубат многу од пазарната капитализација, па така спаси инвестиции на голем број од неговите клиенти кои препуштаат на неговиот фонд во што и како ќе инвестира, односно ќе ги оплодува нивните средства.

Pershing Square ја искористи кредитната заштита на индексите на обврзници со високи приходи и високи приноси за да оствари огромна добивка. Средствата се зголемуваа по вредност како што се зголемуваа шансите за пад на вредноста на корпоративните обврзници.

Акман оттогаш го искористи профитот за да ги зајакне инвестициите на Pershing Square во Berkshire Hathaway, Hilton, Lowe’s, Restaurant Brands International, и Agilent. Фондот, исто така, воспостави удел во „Старбакс“, откако ја продаде својата позиција во јануари.

Дел од аналитичарите го обвинуваа Акман дека со постапката шири страв и со тоа негативно влијание на инвесторите, но испадна дека неговиот облог и тоа како бил навремено осмислен и оправдан, иако покажува недоверба во способноста на пазарот да ги надмине брзо шоковите предизвикани од застој на економијата.

Акман исто така потенцира дека американската економија треба да биде ставена на „пауза“ во рок од триесет дена, да се претрпат сите загуби, но потоа да се надминат мерките за карантин и изолација штом пандемијата се стиши по примерот на Кина каде веќе нема потреба од затвореност и економијата, но и секојдневниот општествен живот се враќа во нормала.

Продолжи со читање

Анализи

Finance Think: Паметен и навремен одговор од властите за да се намалат економските штети

Објавено

на

Паметен, амбициозен и навремен одговор на економските власти може да ги намали штетите врз економијата и домаќинствата. Но, ако одговорот е задоцнет, недоволен и преплавен со идеолошки опортунизам, економската штета може да биде значително поголема, порача денеска Институтот за економско истражување и политики „Finance Think“. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

НЕДЕЛА НА ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТИ: Анализа на потрошувачки кредит на Шпаркасе Банка Македонија

Објавено

на

Шпаркасе Банка Македонија неодамна промовираше ненаменски потрошувачки кредит “S Plus” со максимален износ од 1.500.000 денари, со максимален рок на отплата до 120 месеци и вклучена полиса за животно осигурување. (more…)

Продолжи со читање

Популарно