Connect with us

Останато

НЕДЕЛА НА ИНОВАЦИИ: Несовпаѓањата како извори на иновативни можности

Објавено

на

Несовпаѓањето е несогласување помеѓу она што е и она што би требало да биде. Несовпаѓањето е симптом на можност за иновација. Тоа навестува постоење на некоја грешка, а таква грешка е повик за иновација. Тоа предизвикува нестабилност, во која и мали напори можат да предизвикаат големи промени и да донесат преструктуирање на економската и социјалната структура.

Несовпаѓањето обично не се манифестира во облик на извештаи или податоци на кои раководителите на компаниите ќе обрнат внимание. Тие се повеќе од квалитативен отколку од квантитативен карактер. Како и неочекуваното случување, без разлика дали се работи за успех или промашување, несовпаѓањето е исто така симптом на промени кои веќе се случиле или на оние кои ќе направат нешто да се случи. Како и промените на кои укажуваат неочекуваните случувања, така и промените на кои укажува несовпаѓањето, по правило се промени во рамките на самата индустрија, пазарите, производствениот процес.

На тој начин, несовпаѓањето е јасно видливо за луѓето близу одредена гранка на индустрија, пазари или процеси. Тоа се наоѓа пред нивните очи. Сепак, тоа често се губи од вид кај оние “внатре”, бидејќи се тие оптеретени со секојдневието и од “дрвјата едноставно не ја гледаат шумата”.

НЕСОВПАЃАЊЕ НА ЕКОНОМСКАТА РЕАЛНОСТ

Доколку побарувачката за некој производ или услуга брзо расте, тогаш би требало да се подобрат и нивните економски перформанси. Полесно е да се биде профитабилен во стопанска гранка која бележи голем пораст на побарувачка. Меѓутоа, изоставувањето на профитабилност и резултати во таква стопанска гранка, укажува на постоење на несовпаѓање помеѓу економските реалности. Тие несовпаѓања се макрофеномени кои се случуваат во рамките на една цела индустриска гранка или во целиот сектор на услуги. Тука обично постојат големи можности за иновации, пред се за мали и нови претпријатија, за еден претприемач. Иноваторот, кој го искористува тоа несовпаѓање, може да смета на тоа дека подолго време ќе биде “оставен на мир”, пред постојните снабдувачи и другите фирми да се “разбудат”, до таа мерка што ќе станат нови и опасни конкуренти. Ова е од причина што тие, толку долго се окупирани од настојувањето да го надминат јазот помеѓу растечката побарувачка и изоставувањето на резултати, што едвај и забележуваат дека некој друг работи нешто друго и различно, нешто што носи резултати, што ја користи растечката побарувачка. Претприемачот не треба да се труди да разбере зошто работите се случуваат, туку наместо тоа треба да си ги постави прашањата:

  • Како може тоа несовпаѓање да се искористи?
  • Како би можело да се претвори тоа во можност и што може тука да се направи?
    Несовпаѓањето помеѓу економската реалност претставува повик за акција за претприемачите. Понекогаш акцијата која треба да се превземе е сосема јасна, иако проблемот сам по себе останува и понатаму нејасен. Понекогаш проблемот се разбира сосема добро, но уште не може да се замисли што треба да се направи.

НЕСОВПАЃАЊЕ ПОМЕЃУ РЕАЛНОСТА И ПРЕТПОСТАВКИТЕ ЗА НЕА

Секогаш кога луѓето од една производна или услужна дејност погрешно ќе ја забележат реалноста и ќе направат погрешни претпоставки за неа, нивните напори ќе бидат насочени во погрешна насока. Тие ќе се концентрираат во област каде резултатите не можат да постојат. Тогаш постои несовпаѓање помеѓу реалноста и однесувањето, кое одново дава можност за успешна иновација, на секој што ќе го забележи и искористи. Несовпаѓањето помеѓу забележаната и вистинската реалност многу ретко бара “херојски” иновации.

НЕСОВПАЃАЊЕ ПОМЕЃУ ЗАБЕЛЕЖАНИТЕ И В ИСТИНСКИТЕ ВРЕДНОСТИ И ОЧЕКУВАЊАТА НА КУПУВАЧИТЕ

Една од најекспанзивните американски финансиски установи, во осумдесеттите години на минатиот век била фирма за трговија со хартии од вредност, лоцирана не во предградие на Њујорк, туку во предградие на Северниот Запад. Својот пораст и успех му го должи на искористувањето на едно несовпаѓање. Големите финансиски институции претпоставуваат дека нивните клиенти имаат исти мерила како и тие. За нив е очигледно дека луѓето треба да вложуваат за да се збогатат. Меѓутоа, таа констатација важи само за дел од тие инвеститори, а не за сите. Тие знаат дека доколку некој сака да се збогати по пат на инвестиции, мора да работи полно работно време на работи за управување со пари и при тоа да е многу финансиски образован.  Локалните занаетчии, малите бизнисмени, фармерите…. немаат толку време, ни знаење. Тие се зафатени со заработка на пари и немаат време да управуваат со нив. Тоа е всушност несовпаѓањето кое го искористила фирмата за трговија со хартии од вредност.

НЕСОВПАЃАЊЕ ВО РАМКИТЕ НА РИТАМОТ И ЛОГИКАТА НА ПРОЦЕСОТ

За да се оствари иновацијата, најчесто недостасува некој кој ќе слуша и кој би бил подготвен сериозно да го разгледа проблемот што секој го истакнува. Целта на постоење на некој производ или услуга е да ги задоволи купувачите. Доколку тоа се прифати и по него се постапи, користењето на несовпаѓањето како можност за иновација станува лесно и ефикасно. Но, постои и едно ограничување. Несовпаѓањето, обично е “на располагање” на луѓето кои се наоѓаат во рамките на дадениот сектор на производство или услуга.  Некој однадвор, тешко би можел да го забележи и да го разбере и поради тоа да биде во состојба да го искористи. 

ПОТРЕБАТА НА ПРОЦЕСОТ

Потребата на процесот за разлика од останатитге извори на иновација, не почнува во околината, било интерна или екстерна. Таа почнува со работата која треба да се направи и повеќе е насочена кон работната задача, отколку кон ситуацијата. Таа го усовршува процесот кој веќе постои, ја заменува врската која е слаба, одново го проектира стариот процес врз основа на нови сознанија. Понекогаш дури овозможува одвивање на самиот процес, со тоа што му ја испорачува алката која недостасува. Во иновациите засновани на потребите на процесите, секој во организацијата знае дека таа потреба постои. Сепак за неа никој не знае. Меѓутоа, иновацијата ќе се појави, таа веднаш ќе биде прифатена како очигледна и забрзано станува стандард. 

Сите овие примери покажуваат дека успешните иновации, засновани на потребите на процесот бараат задоволување на следниве критериуми: тоа да биде самодоволен процес, да постои една слаба или недостасувачка врска, да постои јасно дефинирана цел, да постои јасно утврдена можност и спецификација на бараното решение, да постои раширено и општо прифатено разбирање, да може да постои подобар начин односно висок степен на заинтересираност за барање на задоволително решение. 

Останато

Инфлацијата ја уништува Турција

Објавено

на

Годишната стапка на инфлација во Турција во јануари се зголеми на 64,86 проценти, објави турскиот институт за статистика Туркстат. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Годишната инфлација во еврозоната во јануари падна на 2,8 проценти

Објавено

на

Според прелиминарните податоци на Евростат, во јануари годишната стапка на инфлација во Еврозоната се намалила на 2,8 отсто. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Берзите во пораст, расте и цената на нафтата!

Објавено

на

На азиските берзи цените на акциите пораснаа, најмногу на кинеските пазари, бидејќи тамошните власти најавија нови мерки за стимулирање на растот на втората по големина економија во светот. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

https://austinpublishinggroup.com/a/judi-bola-euro-2024/ https://austinpublishinggroup.com/a/parlay/ https://austinpublishinggroup.com/a/judi-bola/ https://austinpublishinggroup.com/a/sbobet/ https://compendiumapp.com/comp/dominoqq/ https://bankarstvo.mk/wp-includes/bandarqq/ https://bankarstvo.mk/wp-includes/dominoqq/ https://tickerapp.agilesolutions.pe/wp-includes/js/pkv-games/ https://tickerapp.agilesolutions.pe/wp-includes/js/bandarqq/ https://tickerapp.agilesolutions.pe/wp-includes/js/dominoqq/ https://tickerapp.agilesolutions.pe/wp-includes/js/slot-depo-5k/ https://austinpublishinggroup.com/group/pkv-games/ https://austinpublishinggroup.com/group/bandarqq/ https://compendiumapp.com/comp/pkv-games/ https://compendiumapp.com/comp/bandarqq/ https://bankarstvo.mk/PCB/pkv-games/ http://compendium.pairserver.com/ http://compendium.pairserver.com/bandarqq/ http://compendium.pairserver.com/dominoqq/ http://compendium.pairserver.com/slot-depo-5k/ https://compendiumapp.com/app/slot-depo-5k/ https://compendiumapp.com/app/slot-depo-10k/ https://bankarstvo.mk/PCB/slot-depo-5k/ https://austinpublishinggroup.com/group/dominoqq/ https://austinpublishinggroup.com/group/slot-depo-5k/ https://austinpublishinggroup.com/group/slot77/ https://compendiumapp.com/ckeditor/judi-bola-euro-2024/ https://compendiumapp.com/ckeditor/sbobet/ https://compendiumapp.com/ckeditor/parlay/ https://sabriaromas.com.ar/wp-includes/js/pkv-games/ https://www.europark.lv/uploads/Informativi/pkv-games.html/ https://www.europark.lv/uploads/Informativi/bandarqq.html/ https://www.europark.lv/uploads/Informativi/dominoqq.html/ https://www.europark.lv/uploads/Informativi/slot-thailand.html/ https://www.europark.lv/uploads/Informativi/slot-depo-10k.html/ https://www.europark.lv/uploads/Informativi/slot-kakek-zeus.html/ https://www.europark.lv/uploads/Informativi/rtp-slot.html/ https://www.europark.lv/uploads/Informativi/parlay.html/ https://www.europark.lv/uploads/Informativi/sbobet.html/ https://st-geniez-dolt.com/css/images/pkv-games/ https://st-geniez-dolt.com/css/images/bandarqq/ https://st-geniez-dolt.com/css/images/dominoqq/ https://www.knowafest.com/files/uploads/pkv-games.html/ https://www.knowafest.com/files/uploads/bandarqq.html/ https://www.knowafest.com/files/uploads/dominoqq.html https://www.knowafest.com/files/uploads/slot-depo-5k.html/ https://www.knowafest.com/files/uploads/slot-depo-10k.html/ https://www.knowafest.com/files/uploads/slot77.html/