Connect with us

Останато

НЕДЕЛА НА ИНОВАЦИИ: Како светските централни банки се справуваат со технологијата?

Објавено

на

Централните банки кои се борат со брзото менување на финансиската технологија и компаниите како Фејсбук кои се префрлаат во финансии ќе имаат за цел да работат поблиску преку иновативен центар, одобрен од страна на Банката за меѓународни порамнувања.

БИС (Bank for International Settlements) изјави дека намерата на центарот, базиран во Брисел, Хонг – Конг и Сингапур, е да го подобри функционирањето на глобалниот финансиски систем и да идентификува и развие увид во трендовите и во технологијата што влијае на централното банкарство.

ИТ револуцијата не знае за граници и затоа има реперкусии на повеќе локации истовремено” – рече претседателот на БИС, Јенс Вајдман, во изјавата по одлуката за создавање на центарот на состанокот на бордот на БИС.

Центарот ќе се фокусира на помагање на централните банки да ги идентификуваат релевантните трендови во технологијата, поддржувајќи ги овие случувања, каде што тоа е во согласност со нивниот мандат и следење на регулаторните барања со цел да се зачува финансиската стабилност.

Останато

ЕК предвидува намалување од 8,7 проценти на годинешниот БДП на Еврозоната

Објавено

на

Економијата на ЕУ ќе го доживее најтешкиот пад од Втората светска војна во вториот квартал на 2020 година, се вели во мрачната прогноза на Европската комисија. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Русија ги зголемува државните резерви за време на корона кризата

Објавено

на

Централната банка на Русија ги зголеми своите меѓународни резерви за 1,5 милијарди долари или за 0,3 проценти. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Потпишан договор за соработка меѓу Комората на сметководители и на проценувачи

Објавено

на

Креирање на платформа за заедничко делување со особен акцент за подобрување на квалитетот на работа, на националната легислатива, како и унапредување на демократските процеси од сферата на  взаемен интерес се дел од целите на договорот официјално склучен меѓу Комората на сметководители на Македонија при ССК и Комората на проценувачи. Договорот го потпишаа  претседателот на Комората на сметководители, Драган Митковски и претседателот на Комората на проценувачи, Антонио Георгиев. (more…)

Продолжи со читање

Популарно