Connect with us

Останато

НЕДЕЛА НА ИНОВАЦИИ: Иновации што сосема ќе ја променат иднината на светската економија

Објавено

на

Иновациите се двигателот на светската економија и не можеме да бидеме попродуктивни без новите технологии, стратегии и пазари. Големите иновации креираат економии сами за себе, според Елизабет Курми, аналитичар во Citi Global Perspectives and Solutions. Иновациите како “интернет на нештата” (Internet of things – IoT) и електричните автомобили почнуваат да создаваат свои пазари, но што ќе дојде следно?

Аналитичкиот оддел на Citibank подготви листа од иновации што го имаат потенцијалот да го сменат начинот на кој што размислуваме за економијата. Од биотехнологија до енергија, погледнете ги сите области кои што имаат најголеми шанси за да бидат “следното големо нешто”. 

ЕПИГЕНЕТИКА 

Генетски предодредените болести многу е тешко да се третираат, а фенотипски променетите гени се причина за многу видови канцери. Епигенетските лекови се класа на медикаменти што може да влијаат врз овие промени во гените (да ги исклучат или вклучат таргетираните гени) и на тој начин да го сопрат канцерот во неговиот прогрес, со што ќе им дозволат на останатите лекови, како имунотерапевтските третмани да ги елиминираат канцерогените клетки.

ИДНИОТ ИЗГЛЕД НА УРЕДИТЕ

Екрани што се виткаат, нови материјали и аугментираната реалност може да придонесат кон следниот  бран на промени во дизајнот на уредите. Телефоните би можеле да изгледаат како новчаници со екрани на виткање, а ТВ уредите да бидат тенки како хартија и да може да си ги носите со себе свиткани во ролна. 

ТЕРМОПЛАСТИЧНИ ПОДВОДНИ ЦЕВКИ

Вадењето нафта на големи длабочини е голем потенцијал за нафтената индустрија, но трошоците се огромни. Напредни пластични цевки може да траат подолго, поевтини се и полесно се инсталираат наместо традиционалните челични, што би можело значително да ги намали трошоците.

 

Останато

Ангеловска: Реотварањето на економијата – побрзо, приходите во јуни – подобри од очекуваното

Објавено

на

Наплатата на приходите во јуни значително подобра од проекциите, што укажува на тоа дека реотварањето на економијата ќе оди побрзо од очекуваното. За јуни наплатата на приходите во однос на лани е 9,6%, што е подобрување во однос на претходните два месеци. Дури има и натфрлање на одредени давачки за високи проценти во однос на лани како кај персоналниот данок на доход и придонесите. Ова го истакна министерката за финансии Нина Ангеловска на редовната прес-конференција за месечното извршување на буџетот, кои во насока на зголемена транспарентност е одржуваат од почетокот на COVID-19 кризата. (more…)

Продолжи со читање

Останато

УЈП: Се заокружи второто тримесечје на МојДДВ за 2020 година, исплата ќе се врши во август

Објавено

на

Управата за јавни приходи известува дека на 30.06.2020 година се заокружи второто тримесечје од 2020 година за поврат на ДДВ кај физичките лица. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Извршниот директор на „Airbnb“, Брајан Чески: „Ни требаа 12 години да го изградиме брендот, а изгубивме скоро сè за само 6 недели“

Објавено

на

Можете да поминете децении во градењето на вашиот сон, а светот може да го уништи со нешто што е случајно како пандемија на непознат вирус. Ова е точно она што и се случи на компанијата „Airbnb“ и на нејзиниот извршнен  директор Брајан Чески, со појавата на Ковид-19 годинава. (more…)

Продолжи со читање

Популарно