Connect with us

Останато

НЕДЕЛА НА ИНОВАЦИИ: Иновации на тинејџери кои сакаат да го променат светот

Објавено

на

Кога ќе се споменат тинејџерите многумина помислуваат на лица што спијат до доцна, прават селфи-фотографии или играат компјутерски игри.

Но, сепак, некои од оваа група слободното време го користат за иновации.

Ова се неколку тинејџери кои со својата продуктивност, иновација и креативност создале навистина интересни иновации што можат да ги променат нашите животи. 

МАШИНА ЗА ПЕРЕЊЕ СО ПЕДАЛИ 

Изум на 14-годишното девојче Ремја од Индија, кое морало да ја испере облеката кога мајка и се разболела. Ја направила со неколку рециклирани дела од велосипед, па создала уред кој штеди време, енергија и ве прави физички активни. 

УРЕД ЗА ЛОЦИРАЊЕ ПАЦИЕНТ СО ДЕМЕНЦИЈА

15-годишник од Њујорк добил награда од 50 илјади долари за неговиот изум – сензори кои испраќаат мобилни сигнали кога пациенти со деменцијаќе се оддалечат од своите кревети. Сензорите се врзани за нозете на пациентот. Тие детектираат притисок кога лицето станува , па со тоа се поттикнува сигнал кој преку апликација се испраќа на смртфон кај најблиските и медицинскиот персонал. 

САМООБЕЗБЕДУВАЧКА РАЧКА ЗА ВРАТА

Сун Минг Вонг има 17 години , а Кинг Понг Ли има 18 години. Тие развиле квака за врата која ги убива бактериите. Откриле дека титаниум оксид е состојката што ги уништува бактериите, па освен оваа материја, кваките имаат и ЛЕД-светло кое ја активира состојката. На тој начин се уништуваат 99% од сите бактерии и вируси. 

ПРОЧИСТУВАЧ ЗА ВОДА И ГЕНЕРАТОР ЗА ЕНЕРГИЈА 

17 годишно девојче по име Синтија од Австралија, до некаде го решила проблемот на снабдување со чиста вода и енергија во загрозените региони. Нејзиниот уред ја стерилизира водата, а се креира и реакција со која се ослободува водород, за кој таа верува дека може да се користи за производство на електрична енергија со понатамошни подобрувања. 

ПУ ЕНЕРГИЈА

Регионот покрај едно училиште во Кенија, често лошо мирисал поради неисправните канализациски системи, а токму затоа се загадувале и изворите со вода. Лирој со 4 негови пријатели креирал био-реактор кој може да го претвори ѓубрето во чисто гориво за готвење. 

 

Останато

Ангеловска: Реотварањето на економијата – побрзо, приходите во јуни – подобри од очекуваното

Објавено

на

Наплатата на приходите во јуни значително подобра од проекциите, што укажува на тоа дека реотварањето на економијата ќе оди побрзо од очекуваното. За јуни наплатата на приходите во однос на лани е 9,6%, што е подобрување во однос на претходните два месеци. Дури има и натфрлање на одредени давачки за високи проценти во однос на лани како кај персоналниот данок на доход и придонесите. Ова го истакна министерката за финансии Нина Ангеловска на редовната прес-конференција за месечното извршување на буџетот, кои во насока на зголемена транспарентност е одржуваат од почетокот на COVID-19 кризата. (more…)

Продолжи со читање

Останато

УЈП: Се заокружи второто тримесечје на МојДДВ за 2020 година, исплата ќе се врши во август

Објавено

на

Управата за јавни приходи известува дека на 30.06.2020 година се заокружи второто тримесечје од 2020 година за поврат на ДДВ кај физичките лица. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Извршниот директор на „Airbnb“, Брајан Чески: „Ни требаа 12 години да го изградиме брендот, а изгубивме скоро сè за само 6 недели“

Објавено

на

Можете да поминете децении во градењето на вашиот сон, а светот може да го уништи со нешто што е случајно како пандемија на непознат вирус. Ова е точно она што и се случи на компанијата „Airbnb“ и на нејзиниот извршнен  директор Брајан Чески, со појавата на Ковид-19 годинава. (more…)

Продолжи со читање

Популарно