Connect with us

Колумни

НЕДЕЛА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА: Дигитална трансформација – прашање на избор или фундаментална деловна стратегија

Објавено

на

Последната деценија докажа дека дигиталната трансформација е неопходност за едни, комерцијално привлечна за други – но во секој случај предизвикувачка за сите. Имајќи го ова во предвид, што мислите, што ја прави транзицијата полесна за некои компании од останатите?

Со сигурност би се согласиле дека денес речиси е невозможно да сретнеме компанија без апетит за дигитална трансформација. Но, реалноста отсликува состојба во која голем дел од компаниите секојдневно се борат да ги постигнат своите дигитални цели и да го задржат својот дигитален фокус, во атмосфера на компетентна динамична индустрија и иновативен ,,хаос”. Оттука, нè изненадува фактот што дел од нив, воопшто и не успеваат да започнат. Да, токму ова прашање ја буди интригантноста во барање на суштината зад успехот за тоа каква е улогата на компаниите и нивните способности во потрагата по дигитална извонредност?

Предизвикот се огледа во фактот, што промените честопати не корелираат со утврдените начини на работа, осудувајќи ја секоја дигитална мисла како закана за практиките кои традиционалните лидери ги формираат со децении. Така, отстапувањето од цврстиот деловен модел како резултат на потребата од приспособување во свет на бесконечни потрошувачки преференци, интереси и практики, не е опција за бихејвиористичкиот менаџмент кој сè уште го застапува вертикалното гледиште за моќта и авторитетот во компанијата.

Постигнувањето на еквилибриум помеѓу традиционалната одлука и желбата за дигитален скок, ги принудува компаниите да бидат изложени на притисокот да ги менуваат деловните модели и да се прилагодат на новата пазарна реалност. Но, она што е интересно е што голем дел од нив сè уште несвесно занемаруваат дека компанијата сама по себе не е единствениот предуслов за промена. Наместо тоа, оваа промена е во рацете на управувачката моќ која произлегува токму од потрошувачот. Денес, потрошувачите се оние кои очекуваат пристап во врска со она што го прават во било кое време, на било кое место, во формат и уред по нивен избор. 

Затоа, дигиталната трансформација како прашање на избор или фундаментална деловна стратегија ќе зависи и од подготвеноста на секоја компанија да се развива со темпо што ќе биде во чекор со однесувањето на потрошувачите. Ризик, подеднакво репликативен дури и за најмалите компании. 

Претенциозниот пристап кон технологијата, технолошките процеси и регулативи лесно резултира во губење на фокус кон потрошувачот. Затоа, процесот на дигитална трансформација по секоја цена треба да остане предводен од деловната активност која произлегува од релацијата со нашите потрошувачи. Конфузен почеток кон дигитална преродба, стимулиран од страв да се остане компетентен со пазарот, во услови на отсуство на информации за потребите и очекувањата на потрошувачите е замка во одлуката за ефикасност предводена од иновации.

Стимулот за дигитална трансформација може да биде намален пред сè како резултат на нејасна перцепција за промена базирана на податоци што води кон инстиктивна одлука за задржување на аналогниот начин на работа. Cè уште сме сведоци на компании кои се потпираат единствено на традицоналните канали на продажба. Оваа пракса на ниска дигитална амбиција, несомнено влијае на избегнување на правилна инвестиција во нови дигитални можности и таленти кои би можеле значително да го променат работниот циклус на одлучување управувано од податоци. Трајна и одржлива дигитална трансформација е единствено можна преку приоретизирање на одлуки произлезени од анализа на податоци од реално време, наспроти традиционалните извештаи во месечни или квартални циклуси.

Организациската култура пак, е од витално значење за овој процес. Не треба да заборавиме дека, креирањето на дигитална трансформација на крајот треба да резултира во поврзано множество на поврзани вработени, поврзани клиенти, партнери и поврзани податоци, апликации и системи.

Дигиталната трансформација е интеграција на дигиталната технологија во сите области на бизнисот, што резултира во фундаментални промени во работењето на деловната активност и крајната додадена вредноста до потрошувачите. Но, дали истата вклучува многу повеќе од само интерес кон имплементација на нови технологии и унапредување на технолошките процеси? 

Лесно е да се претпостави дека одлучувачката моќ при секоја инвестиција се потпира на највисоката организациска хиерархија, а поретко е тешко да се признае дека успехот доаѓа од вработените во компанијата и нивните начини на работа. Ваквиот став на компаниите значително влијае врз нивната способност и подготвеност за дигитален чекор кон нови иновативни цели. 

Организациската култура е најголемата позитивна сила од која зависи можноста за промени. Нема да нè изненади фактот што токму недостатоците во огранизациската култура се едни од главните бариери за успех во моментот на дигиталната трансформација на компанијата.

Дигиталното искуство на FedEx, чија култура го одразува долгогодишното верување на компанијата дека профитот следува откако ќе се обезбеди задоволство на вработените и клиентите, е светски пример во методологиите кога една компанија е подготовена да ја започне својата дигитална трансформација. 

„Создавајќи култура во центарот на вработените, базирана на учење, грижа и квалитет, видовме нелинеарна или експоненцијална способност на нашите тимови да прифатат промени“ – вели Ник Пури (Senior Vice President, International IT, FedEx Express).

Не треба да заборавиме дека организациската култура секогаш ќе се менува побавно од темпото на технологијата, што води кон инстиктивно приоретизирање на нејзината улога и функција. Внимателно и континуирано олеснување на организациската пристрасност кон промени и напуштање на стравот од губење контрола е примарен фактор зад компаниите кои секојдневно успешно ги трансформираат своите дигитални планови. Здрав систем на лидерство во комбинација со охрабрувачки и поддржувачки став е позитивен синоним на компанија спремна за дигитално патување. 

Vlado Cekikj

Founder &  СEO 

squareONE Marketing & Advertising

www.sqrone.mk

Колумни

“Кешот” останува крал за перење пари

Објавено

на

Речиси сите криминални активности даваат профит, честопати во готовина. Затоа криминалците бараат начини истите да се перат преку најразлични начини. Ова се спроведува од страна на транснационални групи на организиран криминал, без оглед на нивното етничко потекло или географската локација. Активностите за перење пари се толку раширени од релативно едноставна причина: Организираниот криминал е деловна активност која работи за финансиска корист. (more…)

Продолжи со читање

Колумни

Филип Симеонов: Ризикот од користење на ZOOM апликацијата во банкарскиот сектор

Објавено

на

Во моменти на изолација и рестриктивни мерки за движење и регуларно работење, дојдовме во ситуација во која сме приморани да работиме од дома и сите наши бизнис состаноци да ги одржуваме со употреба на некоја од новите технологии, односно преку теле-конференции и одржување на видео повици. На тој начин го продолжуваме текот на работењето и сме продуктивни колку што истото ни дозволува. (more…)

Продолжи со читање

Колумни

Сајбер криминалците имаат генијални методи за перење на пари

Објавено

на

Банките се повеќе стануваат свесни за важноста на сајбер безбедноста и борбата за спречување перење пари. Овие две работи многу често се комбинираат од страна на криминалците со цел да остварат незаконски придобивки по цена на финансиските институции. Сето ова станува огромен проблем не само поради украдените пари и нелегалните трансфери, туку и по цена на глобалните економии. (more…)

Продолжи со читање

Популарно