Connect with us

Странски банки

Невообичаен потег – инфлацијата ја скротуваат со златници!?

Објавено

на

Централната банка на Зимбабве објави дека земјата воведува златни пари како законско средство за плаќање во обид да ја стави инфлацијата под контрола.

Довербата во валутата на Зимбабве е на ниско ниво, откако заштедите на населението ја загубија својата вредност поради хиперинфлацијата во 2008 година, кога, според Меѓународниот монетарен фонд, достигна пет милијарди проценти.

Причината за толку ниското ниво на доверба лежи во фактот што населението претпочита да купува американски долари на црниот пазар, кои или ги чува или ги користи за секојдневни трансакции. Многу продавници повеќе не го користат официјалниот долар на Зимбабве.

Првата транша од 2.000 златници е испратена до комерцијалните банки, пренесува Бета.

„Владата се обидува да ја ублажи многу високата побарувачка за американскиот долар бидејќи понудата не може да ја исполни. Очекувањата се дека ќе се ублажи загубата на вредноста на локалната валута, што треба да има некаков стабилизирачки ефект врз цените на стоките“, изјави економистот од Зимбабве, Проспер Читамбара.

Тој додаде дека поради хроничната хиперинфлација во земјата се очекува побарувачката за златници да биде голема, но смета дека мнозинството од населението кое секојдневно се бори за егзистенција нема да може да ги набави.

„За обичниот човек, нема многу директна корист од ова, особено ако нема вишок пари“, смета Читамбара.

Секое лице или компанија може да купи златници од лиценцирани дилери, како што се банките, во локална или странска валута, соопшти централната банка на Зимбабве.

Странците ќе можат да купуваат златници само со странски пари.

Странски банки

ЕБОР ја намали прогнозата за раст на македонската економија

Објавено

на

Европската банка за обнова и развој ја намали прогнозата за економски раст за Македонија за 0,3 проценти. Во последниот извештај за регионалните економски состојби, ЕБOР за Македонија ја намали прогнозата од 3% на 2,7% економски раст. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Светска банка: Со трговската диверзификација и отвореност до подобри работни места, поголем економски раст во Северна Македонија

Објавено

на

Недостигот на трговска диверзификација и концентрацијата на извозот ја ограничуваат улогата на трговијата во економијата на Северна Македонија, со стапки на раст континуирано под оние на ЕУ и другите земји од Западен Балкан. Доколку сака да создаде квалитетни работни места, да ја намали сиромаштијата и да го подобри животниот стандард на луѓето, економијата на земјата треба да стави поголем акцент на трговската диверзификација и отвореност, забележува меѓу другото новиот извештај на Светска банка, Стратегија за трговска политика 2.0 за Северна Македонија што беше презентиран денеска во Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Швајцарската централна банка ја зголеми референтната каматна стапка за 0,75 процентни поени

Објавено

на

Швајцарската централна банка ја зголеми референтната каматна стапка за 0,75 процентни поени, што е второ зголемување во претходните 15 години. (more…)

Продолжи со читање

Популарно