Останато
Нгози Окоњо-Ивеала e првата жена на чело на Светската трговска организација


Светската трговска организација (СТО) денеска ја назначи Нигеријката Нгози Окоњо-Ивеала за нов генерален директор на таа институција. Тоа е првпат жена, но и Африканка, која е на таа функција.
По неколкумесечно блокирање на процесот од страна на претходната американска администрација, претседателот на САД Џо Бајден ја отстрани главната пречка за назначување на Нгози Окоњо-Ивеала на чело на СТО на 5 февруари.
Таа е економистка и експерт за меѓународни финансии и развој и се смета за квалификуван преговарач и градител на консензус, со искуство собрано во Африка, Азија, Европа, Латинска Америка и Северна Америка.
Окоњо-Ивеала помина 25 години како економист за развој во Светска банка, при што таа брзо се искачи по скалилата и стана извршен директор за операции, потесетува германската агенција ДПА.
Таа беше предводник на неколку иницијативи на Светска банка за помош на земјите со ниски примања, како за време на кризата со храна, така и при финансиската криза), генерирајќи повеќе од 40 милијарди долари за Меѓународната асоцијација за развој (ИДА).
Окоњо-Ивеала двапати беше министер за финансии на Нигерија (2003-2006 и 2011-2015) и кратко работеше како министер за надворешни работи во 2006 година. Таа беше првата жена во Нигерија која била на двете позиции.
Како министер за финансии, Оконњо-Ивеала спроведе сеопфатна програма за економски реформи што ја стабилизира макро-економијата на најнаселената африканска земја, тројно ја зголеми стапката на економски раст и поттикна поголема фискална транспарентност за борба против корупцијата.
Нигеријците ја сметаат Окоњо-Ивеала за жената што ја спаси осакатената економија на нивната земја.
Таа се стекна со диплома за економија на Универзитетот Харвард (1976), дипломирајќи со високи почести (Magna Cum Laude) , докторат одбрани на Институтот за технологија во Масачусетс (МИТ) и има 15 почесни дипломи од универзитети низ целиот свет.
Окоњо-Ивеала е автор на бројни книги и статии за финансии и економија.
Транспаренси Интернешнл ја прогласи за една од осумте инспиративни борци против корупција во 2019 година, додека списанието „Fortune” ја нарече една од 50-те најголеми светски лидери во 2015 година.
Окоњо-Ивеала (66) е омажена, со четири деца и има три внуци.
Останато
ММФ: Украина може да ја избегне хиперинфлацијата, најважен е тајмингот на помошта


Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, денеска изјави дека „станува пооптимистична” дека договорот меѓу седумте најголеми светски економии од Г7 за обезбедување нови буџетски средства за Украина ќе и помогне на земјата да избегне хиперинфлација. (more…)
Останато
Преку мерката „Мој ДДВ” за првото тримесечје кај граѓаните вратени 491,5 милиони денари
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 2 months
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Кредитипред 2 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 1 month
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје