Connect with us

НБРМ

Народна банка: Трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити продолжи и во октомври

Објавено

на

Трендот на месечно и годишно намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити продолжи и во октомври 2020 година. Имено, според податоците на Народната банка каматната стапка на вкупните кредити изнесува 4,68% и бележи месечен и годишен пад од 0,02 п.п. и 0,37 п.п., соодветно. Просечната каматна стапка на вкупните депозити се задржа на нивото од 0,98% од претходниот месец, додека на годишна основа забележа пад од 0,30 процентни поени.

Во октомври, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити бележи раст од 0,22 процентни поени на месечно ниво и изнесува 4,21%. На годишна основа, оваа каматна стапка е пониска за 0,05 процентни поени. Кај просечната каматна стапка на новопримените депозити езабележано минимално месечно зголемување од 0,01 процентни поени и изнесува 0,77%. Во однос на октомври минатата година, оваа каматна стапка е намалена за 0,42 процентни поени.

Просечната каматна стапка на вкупните кредити одобрени на корпоративниот сектор, во октомври има месечно намалување од 0,03 процентни поени и изнесува 3,77%. Во октомври, каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор бележи зголемување од 0,22 процентни поени на месечна основа и изнесува 4,04%.

Каматната стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор изнесува 1,23% и во октомври оствари месечен раст од 0,09 п.п. Зголемувањето е резултат на растот на каматните стапки на депозитите во странска валута и на денарските депозити со валутна клаузула (за 0,40 и 0,27 п.п., соодветно), при пад на каматните стапки на депозитите во денари без валутна клаузула (за 0,03 п.п.).

Каматната стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор е пониска за 0,28 процентни поени во однос на октомври 2019 година. Каматната стапка на новопримените депозити кај овој сектор е намалена за 0,07 процентни поени и изнесува 0,67%.

Во однос на претходниот месец каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата забележа пад од 0,02 п.п. и изнесува 5,51%. Надолната промена произлегува од намалувањето на каматните стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула (за 0,03 п.п. и 0,02 п.п., соодветно), во услови кога каматните стапки на кредитите во странска валута бележат раст (од 0,03 п.п.). Оваа каматна стапка оствари намалување од 0,27 п.п. споредено со октомври претходната година.

Во октомври, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата изнесува 4,49% и е пониска за 0,02 п.п. на месечно ниво. Каматната стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата забележа пад од 0,57 п.п. на годишна основа.

Каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата, во октомври забележа минимален месечен пад од 0,01 п.п. и изнесува 0,95%. Надолната промена се должи на падот на каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула и депозитите во странска валута (за 0,01 п.п., соодветно), во услови кога каматните стапки на денарските депозити со валутна клаузула не бележат промена. Во однос на октомври минатата година, оваа каматна стапка е пониска за 0,30 п.п.

Во октомври, просечната каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата изнесува 0,87%, што претставува месечен раст од 0,09 п.п. Остварениот раст произлегува од зголемените каматни стапки на депозитите примени во странска валута и денарските депозити без валутна клаузула (за 0,12 п.п. и 0,10 п.п., соодветно). Втор месец по ред, не се евидентирани новопримени денарски депозити со валутна клаузула. Споредено на годишна основа, каматната стапка е намалена за 0,38 процентни поени.

НБРМ

Вицегувернерката Митреска: Идните чекори на монетарната политика условени од инфлацијата и состојбите на девизниот пазар

Објавено

на

„Добар сигнал е што растот на инфлацијата забавува. Во февруари годишното зголемување на цените е за околу три процентни поени помало од најсилниот раст што беше измерен во октомври и ова темпо на прилагодување е слично на еврозоната. Динамиката со која се движи инфлацијата е слична и со очекуваната во последниот циклус проекции на Народната банка, согласно кои таа е проектирана на 8-9% на годишна основа. Сценариото за овие проекции се заснова на претпоставките за понатамошно намалување на светските цени на енергентите и храната, постепено стабилизирање на очекувањата за инфлацијата, коешто веќе и се случува, а затегнувањето на финансиските услови исто така треба да делува на оној дел на индексот на цените коишто е чуствителен на промените на побарувачката. Доколку нема некои непредвидени шокови во следниот период треба да видиме стабилизирање на инфлацијата“, вели во интервју за „Блумберг Адриа“, вицегувернерката, Ана Митреска. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Народна банка на 23 и 24 март домаќин на годишниот форум на Винеската Иницијатива

Објавено

на

Народната банка наредната недела, на 23 и 24 март ќе биде домаќин на годишниот форум на Виенската Иницијатива, еден од најголемите настани во регионот од областа на финансиите, што ќе се одржи во Скопје. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Банкарскиот сектор е стабилен, пропаѓањето на СВБ нема директни ефекти

Објавено

на

Пропаѓањето на американската Банка на Силиконската долина (СВБ) нема никакви директни последици за нашиот банкарски систем, имајќи ја предвид малата изложеност кон нерезидентите, но и традиционалниот деловен модел заснован врз кредитирање на фирмите и граѓаните при стабилни извори на финансирање. Билансите на нашите банки се исклучително солидни, високо капитализирани и ликвидни и со историски најдобар квалитет на кредитното портфолио. Сепак, заради претпазливост во работењето, Народната банка внимателно ги следи сите случувања. (more…)

Продолжи со читање

Популарно