Connect with us

НБРМ

НБ со повик до младите истражувачи: Пријавувањето на научните трудови за Годишната награда на Народната банка е до 1 февруари

Објавено

на

Уште половина месец до затворањето на Конкурсот за Годишната награда за 2022 година за најдобар труд од областа на макроекономијата и банкарството. Ги потсетуваме младите истражувачи дека краен рок за доставување на трудовите е 1 февруари 2022 година.

Право за учество на Конкурсот имаат државјани на Република Северна Македонија на возраст до 35 години, со исклучок на вработените во Народната банка и членовите на Советот на Народната банка.

Tрудот треба задолжително да содржи и осврт кон македонската економија на соодветната тема и препорачливо е да има стандардна структура на научно истражување. Еден автор има право да поднесе само еден труд и тој може да се достави на македонски, албански или на англиски јазик.

Авторите имаат право да конкурираат на Конкурсот за избор на најдобар труд и со трудови коишто веќе биле објавени (но не пред 1 јануари 2020 година).

Годишната награда на Народната банка за прворангираниот труд изнесува 100.000 денари, нето. Доколку второрангираниот труд е со квалитет близок до прворангираниот, Народната банка може да додели и втора награда, во износ од 50.000 денари, нето. Покрај тоа, наградениот труд се презентира пред стручната јавност на настан организиран од Народната банка и се објавува на веб-страницата на институцијата. Изминатите неколку години, наградените трудови беа презентирани на сесија на Клубот на истражувачите формиран од Народната банка.

Конкурсот, којшто Народната банка традиционално го објавува изминатите 15 години, има за цел да ја поттикне научната мисла и да афирмира млади истражувачи. Низ годините, на Конкурсот за Годишната награда на Народната банка пристигнуваа голем број квалитетни анализи и тој делуваше како истражувачки центар за младите истражувачи од областа на економијата и финансиите. Народната банка ги поттикнува сите млади истражувачи од сферата на макроекономијата и банкарството да го погледнат Конкурсот на следнава врска: https://bit.ly/Godisna nagrada.

НБРМ

Ангеловска-Бежоска на „Еуромани”: Главната цел на монетарната политика во криза е зачувување на стабилноста

Објавено

на

Главната цел на монетарната политика за време на пандемијата, како и сега со новите предизвици коишто ги донесоа енергетската криза и војната во Украина е зачувувањето на стабилноста. Иако двете кризи се од различна природа и бараат различна реакција и поставеност на монетарната политика, крајната цел е иста ‒ зачувување на макроекономската стабилност. Ова беше истакнато од страна на гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, на панел-дискусијата „Реобмислување на улогата на централните банки” во рамките на Форумот на Централна и Источна Европа, организиран од „Еуромани”. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Ангеловска-Бежоска: И во светот и кај нас сѐ уште се очекува економски раст за годинава

Објавено

на

Рецесија за годинава во моментот не се очекува. И покрај сите предизвици, сите релевантни меѓународни финансиски институции сепак предвидуваат економски раст, но забавен. Рецесија не се предвидува ниту со песимистичките сценарија на меѓународните институции, како ММФ, Европската Унија, Европската централна банка, туку дополнително забавување на растот, посочува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во интервју за „Радио Слободна Европа“. Но, потребно е внимателно следење со оглед на природата на шокот и високата неизвесност. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Ангеловска-Бежоска за РСЕ: Постепени и умерени промени во каматите за избегнување на негативните ефекти

Објавено

на

Покачувањето на основната камата од страна на централните банки е сигнал за период на повисоки камати и на штедните влогови и на кредитите, што ќе придонесе за зголемување на штедењето и намалување на потрошувачката заради намалување на притисокот за раст на цените од страна на побарувачката. Повеќе централни банки почнаа со нормализирање на монетарната политика, којашто беше олабавена за време на пандемијата. Ова е резултат на подолготрајните и пораспространетите ценовни притисоци, коишто дојдоа преку цените на примарните производи на светските берзи, односно од страната на понудата. Најважно е затегнувањето на монетарната политика да оди постепено, за да се избегнат негативни ефекти од нагло зголемување на каматите, посочува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во интервју за „Радио Слободна Европа“. (more…)

Продолжи со читање


Популарно