Connect with us

Домашни банки

НБРСМ: Фондовите, осигурителните и финансиските друштва со годишен раст на средствата од 18,5%

Објавено

на

НБРСМ ги објави статистичките показатели за финансиските текови за четвртиот квартал од годината која измина со аспект на движењата кај останатите финансиски институции.  Според НБРСМ вкупните средства на ОФИ изнесувале 123 милиони денари со годишен раст од 18,5%. Кај банките и штедилниците пак, продолжува трендот на намалување на каматните стапки на вкупните кредити од 4,93%.

Позначајни движења кај останатите финансиски институции (ОФИ): четврт квартал на 2019 година

–      Вкупните средства на останатите финансиски институции (ОФИ), на крајот од четвртиот квартал од 2019 година изнесуваат 123.636 милиони денари и бележат квартален и годишен раст од 3,6% и 18,5%, соодветно. Пензиските фондови и натаму имаат најголемо учество во вкупните средства на ОФИ од 63,1%, а по нив следуваат средствата на осигурителните друштва со учество од 20,4%.

–      Од аспект на финансиските инструменти, во структурата на средствата на ОФИ најзначајни се инвестирањата во должнички и сопственички хартии од вредност, како и пласманите во валути и депозити со вкупно учество од 86,0%. Во структурата на обврските најзначајни се техничките резерви на осигурување и капиталните сметки со вкупно учество од 91,3%.

Во останатите финансиски институции се вклучени: инвестициските фондови, пензиските фондови, осигурителните друштва, друштвата за управување со инвестициските фондови и друштвата за управување со пензиските фондови, финансиските друштва и друштвата даватели на финансиски лизинг.

Позначајни движења во платниот биланс во четвртиот квартал од 2019 година

–      Во четвртиот квартал од 2019 година во тековните трансакции со нерезидентите е остварен дефицит од 286,9 милиони евра. Во рамки на финансиските трансакции со нерезиденти се остварени позначајни нето-приливи кај директните инвестиции, трговските кредити и кај заемите. Девизните резерви бележат зголемување за 156,4 милиони евра;

–      Во 2019 година дефицитот во тековната сметка изнесува 313,5 милиони евра и во најголем дел е резултат на дефицитот во стоковната размена. Во финансиската сметка се остварени нето-приливи од трговски кредити, заеми и директни инвестиции кои ги надминаа нето-одливите на средства врз основа на портфолио-инвестиции и валути и депозити. Со тоа, тие го финансираа дефицитот во тековната сметка и овозможија раст на девизните резерви од 374,6 милиони евра.

Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците: јануари 2020 година

Во јануари:

–        Продолжи трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити, којашто се сведе на нивото од 4,93%;

–        Просечната каматна стапка на вкупните депозити исто така се намали и изнесува 1,20%.

Домашни банки

Именувани тројца нови членови на Управниот одбор на НЛБ д.д. Љубљана, меѓу кои и Антонио Аргир

Објавено

на

На вчерашниот прв состанок на Надзорниот одбор на НЛБ д.д Љубљана годинава, членовите се фокусираа на имплементација на стратегијата на НЛБ Групацијата и статусот на вклучување на факторите за управување со еколошките и социјални аспекти во деловниот модел на НЛБ Групацијата. На седницата, Надзорниот одбор назначи и тројца нови членови на Управниот одбор, со што истиот се прошири на вкупно шест члена. За нови членови на Управниот одбор на НЛБ д.д именувани се: Хедвика Усеник, Антонио Аргир и Андреј Ласиќ. Сите доаѓаат од НЛБ д.д или НЛБ Групацијата, имаат долгогодишно искуство и се веќе докажани во својата работа. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје изврши измена и дополнување во тарифите за надоместоци за физички лица

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ги известува своите клиенти дека воведува нови и врши измена на некои од постојните надоместоци во тарифата за физички лица, при што ги утврдува следните надоместоци: (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ТТК Банка: Известување за работно време на филијали и експозитури на 19.1.2022 година (среда)

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје ги известува своите почитувани корисници дека по повод претстојниот празник – Богојавление (Водици), на 19.1.2022 година (среда) ќе работат следните филијали и експозитури на Банката: (more…)

Продолжи со читање

Популарно