Connect with us

НБРМ

НБРСМ ги менува “десетденарките”: Oбјавeн тендер за набавка на нови апоени од 10 денари со новото име!

Објавено

на

Народната банка на Република Северна Македонија распиша тендер за набавка на книжни пари изработени од полимер со апоенска вредност од 10 денари.

Во тендерската документција се вели дека дизајнот вклучува и промена на името Народна банка на Македонија во Народна банка на Република Северна Македонија, како и дека НБРМ се менува во НБРСМ секаде каде што се споменува на парите.

Критериум за доделување на договорот е најниската цена, а понудите ќе се отвараат на 15 мај.

Вредноста на тендерот без вклучен ДДВ изнесува 62 милиони денари.

НБРМ

АКЦИОНЕРИТЕ ДОБИВААТ ДИВИДЕНДА – Народната банка ја укина Одлуката за привремено ограничување на распределбата и исплатата на дивиденда на акционерите на банките

Објавено

на

Советот на Народната банка денес одржа седница на којашто ги разгледа најновите показатели и оцени за банкарскиот сектор, во контекст на донесената Одлука за привремено ограничување на распределбата и исплатата на дивиденда на акционерите на банките. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

ЕФСЕ ја посочи Народната банка како лидер во регионот во поддршката на развојот на финтек-секторот

Објавено

на

Народната банка е лидер во регионот на Западен Балкан во активностите за поддршка на развојот на финтек-секторот. Северна Македонија е единствената земја од регионот чијашто централна банка го има мапирано финтек-екосистемот. Другите земји од регионот се во фаза на почетни активности – на ниво на обуки и работилници, измени и поставување финтек-регулатива. Северна Македонија е единствената земја во којашто централната банка веќе иницира подготовка на конкретна национална Стратегија за поддршка на финтек-секторот. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Ангеловска-Бежоска вклучена во иницијатива на „Централ бенкинг” – промовирање на рамноправноста, различноста и инклузијата

Објавено

на

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска е вклучена во иницијативата на водечкиот глобален информативен сервис за централно банкарство и финансии, „Централ бенкинг”, за промовирање на рамноправноста, различноста и инклузијата. „Централ бенкинг” објави авторски текст на гувернерката, во кој се наведува дека родовите, етничките и културните разлики се голема придобивка за институционалната култура, како и во креирањето и спроведувањето на политиките. (more…)

Продолжи со читање

Популарно