Connect with us

НБРМ

НБРМ ќе пушти во оптек нови книжни пари во апоени од 10 и 50 денари

Објавено

на

Советот на Народната банка на Република Македонија денес одржа редовна седница, на која беше разгледана и донесена Одлуката за начинот на вршење супервизија и надзор. Со донесувањето на оваа одлука се овозможува натамошно унапредување на начинот на кој Народната банка врши супервизија на деловните банки во Република Македонија и надзор на работењето на лица поврзани со деловна банка, на други лица во банкарска група и на друштво за помошни банкарски услуги.

Истовремено, со Одлуката се врши приближување на супервизорската практика на Народната банка до практиката којашто се применува од страна на Европската централна банка и од страна на националните супервизорски органи од Европската Унија коишто се членки на единствениот супервизорски механизам.

Во согласност со стратегиската одлука на Народната банка за издавање книжни пари изработени од полимер, на седницата, Советот донесе Одлука согласно со која од 15 мај годинава ќе бидат пуштени во оптек книжни пари изработени од полимер, во апоени од 10 и 50 денари. Истовремено беше донесена и Одлуката за повлекување од оптек на книжните пари во апоени од 10 и 50 денари коишто се во оптек од 8 септември 1996 година, а се употребуваат и во моментов. Согласно со оваа одлука, на денот кога ќе бидат пуштени во оптек книжните пари во апоени од 10 и 50 денари, изработени од полимер, книжните пари со истата апоенска вредност, коишто се во оптек од септември 1996 година престануваат да бидат законско средство за плаќање. Нив, правните и физичките лица ќе можат бесплатно да ги заменат со други книжни и ковани пари со еквивалентен износ. Замената на книжните пари, од 15 мај годинава до 15 мај следната година, ќе ја вршат деловните банки основани во Република Македонија, а по овој период, замената ќе се врши во Народната банка.

Советот донесе и Одлука согласно со која почнувајќи од 15 април годинава ќе бидат пуштени во оптек ковани пари во апоен од 2 денари, со ознака на ковање „2018“. Со пуштање во оптек на овие ковани пари во готовинскиот платен промет на Република Македонија, во важност ќе бидат, паралелно, и кованите пари во апоен од 2 денари издадени претходно. На седницата беше донесена и Одлука согласно со која од 2 мај годинава ќе бидат пуштени во оптек и книжни пари во апоен од 100 денари, со ознака за печатење „МАЈ 2018“, по што во важност ќе бидат, паралелно, и книжните пари со истата апоенска вредност издадени досега.

НБРМ

Ангеловска-Бежоска: Монетарните мерки придонесуваат за солиден раст на кредитната поддршка

Објавено

на

Мошне важно е што преку досегашните мерки на Народната банка во текот на ковид-кризата се спречи намалување на кредитната поддршка, со цел и да се помогне на реалната економија, истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во интервју за емисијата „Актуелно“ на Македонското радио. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Вицегувернерката Митреска: Македонската економија ја минува ковид-кризата со посилни фундаменти во споредба со глобалната финансиска криза од 2008 година

Објавено

на

Вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска учествуваше на 86. издание на Ист жур фиксе“ – настан во организација на Централната банка на Австрија, којшто оваа година, заради околностите со пандемијата се одржа во виртуелен формат. На настанот, фокусот секогаш е ставен на актуелни теми и прашања за централнобанкарската заедница, а годинешното издание беше на тема „Се за ковид-19 – геополитички, економски и макрофинансиски перспективи на земјите од Западен Балкан. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Ангеловска-Бежоска за МРТ: Не се очекуваат позначајни инфлациски притисоци

Објавено

на

За оваа и за наредната година, па и среден рок не се очекуваат позначајни инфлациски притисоци, истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во интервју за Македонската телевизија. (more…)

Продолжи со читање

Популарно